Y
Yunan
Guest
Oh man, kommt mal runter. Jetzt wird es kindisch.
es war ein witz von meiner seite zuerst und du hast jetzt dein wahres dummes gesicht gezeigt....und jetzt geh den mund spülen nächste runde schwänze kommt gleich.....
Kleiner Schwanzlutscher was soll daran witzig sein? ich hab dich nicht mal beleidigt.
КОЈ И ЗОШТО ГИ ПОДГРЕВА МЕЃУЕТНИЧКИТЕ ТЕНЗИИ?!
Автобусите на ЈСП како бојно поле
TIME.mk - ???????? ?? ?????
Десетина претепани Македонци и Албанци е билансот на физичките пресметки во последните 24 часа, а бранот насилство кој почна минатата недела никако да запре. МВР смета дека ситуацијата во Скопје е тензична и напната, но не планира да преземе какви било вонредни мерки или активности и апелира на смирување на тензиите и вклучување на сите институции во решавањето на овој проблем којшто очигледно многу лесно може да излезе од контрола
Единаесет повредени и претепани е билансот на серијата инциденти предизвикани од празноглави насилници кои го потресоа главниот град во последните 24 часа. Сите напади се случија во автобусите на ЈСП, а беа на етничка основа. Скопската полиција и МВР засега немаат приведени лица во врска со кукавичките напади, а за евентуални осомничени нема никаква официјална информација.
Завчера вечер, околу 20 часот, десетина насилници маскирани и вооружени со безбол-палки влегоа во автобус кој сообраќа на линијата 58 кон селата Чифлик и Света Петка населени со албанско население. Тие почнале безмилосно да ги удираат патниците без разлика на возраста и полот. Во нападот настрадале Ш.С. (18), А. С. (18), Џ. А. (18), С.М. (18) од село Чифлик и К.С. (56) од селото Сопиште. За жестината на нападот покажува фактот што сите побарале лекарска помош, а еден од нападнатите бил хоспитализиран.
Овој напад веднаш предизвика реакција, а одмаздата беше извршена во скопски Чаир, каде што по втор пат во последните десетина дена настрадаа патници од група насилници од албанска националност. Инцидентот се случил на постојка кај трговскиот центар Чаирчанка", каде што група од дваесетина насилници влегле во автобусот и се обиделе да извлечат едно момче надвор за да го претепаат. Дел од нив со камења ги кршеле прозорците на автобусот, а од стаклото и камењата повредени биле двајца патници. Возачот на автобусот успеал да ги затвори вратите и да тргне, но тоа само ги разбеснило напаѓачите кои тргнале по него, насила отвориле една од вратите и го претепале возачот, кој завршил во Ургентниот центар.
Вчера околу 10.45 часот настрадаа две момчиња кои, исто така, беа нападнати од група Албанци, најверојатно средношколци. Дваесетината напаѓачи се качиле во автобусот број 65 на постојката кај АСУЦ "Боро Петрушевски", а ги нападнале на станицата кај Бит пазар и потоа избегале.
Министерката Јанкулоска смета дека ситуацијата во Скопје е тензична, но не најави евентуални вонредни мерки, засилено присуство на полицијата на критичните места и населби, ниту на автобуските линии на коишто се случија голем дел од инцидентите. Таа повика на смиреност и ги повика сите надлежни институции да се вклучат во решавањето на оваа ситуација.
- Има одредена тензија во однос на која сите треба да бидеме внимателни и да придонесеме за нејзино смирување. Сите ние треба да работиме на смирување на тензиите за да не дојдеме во ситуација кога МВР или обвинителството или кој било друг ќе бидат доведени во ситуација да спроведуваат репресивни мерки. Се покажа дека насилството може да заврши трагично и за ниту едно насилство не може да се најде оправдување. Ирелевантно е на која етничка заедница и припаѓаат насилниците, истакна Јанкулоска.
Според првиот човек на полицијата нивните информации покажуваат дека инцидентите не биле координирани и дека имале различен мотив.
Бранот насилство во Скопје почна веднаш по двојното убиство во Гостивар кога полицаецот Јаким Трифуновски застрела две момчиња од албанска националност. Малолетници од македонска националност беа нападнати во Бутел и Чаир во два автобуси на ЈСП, во центарот на градот, а едно момче беше избодено во непосредна близина на влезот на Старата скопска чаршија. (О.Ч.)
И во Тетово нападнати момчиња
Три момчиња од Тетово вчера околу пладне биле претепани до група Албанци, а на нападот им претходеле серија тешки навреди на национална основа. Според изјавите на натепаните момчиња причина за нападот бил инцидентот во Кисела Вода, бидејќи напаѓачите јасно им предочиле зошто ќе ги тепаат.
Засега нема информација дека напаѓачите се идентификувани или евентуално приведени.
Селективен пристап на невладината "Разбуди се"
Веднаш по нападот на средношколците Албанци во населбата Кисела Вода се огласи невладината "Разбуди се", која побара од МВР итно да го расветли инцидентот и да ги казни насилниците, бидејќи во спротивно тоа ќе значи дека полицијата стои зад според нив "црни сценарија" кои ги потресуваат меѓуетничките односи во државата, бидејќи нивното расветлување се одолговлекува бескрајно.
Во соопштението на "Разбуди се" се алудира на самоорганизирање за заштита од кукавичките напади на хулигани и криминалци кои се кријат зад маски" поради неажурност на надлежните органи.
Останува нејасно зошто оваа невладина организација остана нема на серијата минатонеделни напади во кои беа претепани малолетници од македонска националност во скопските населби каде што доминантно население се токму Албанците.
Лидер на "Разбуди се" е Артан Груби, шеф на Кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и еден од главните виновници за минатогодишниот инцидент на скопското Кале.
Партиите од македонскиот блок ги осудуваат инцидентите, ДУИ свика итна седница
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вчера се огласија со соопштенија во кои изразија жалење и осудување на немилите настани и побараа тие да се злоупотребуваат во политички цели и што побрзо да бидат расветлени.
Истовремено тие апелираа и до граѓаните да не потпаѓаат на какви било провокации.
За вчера попладне ДУИ свика итна седница на претседателството во Мала Речица, а, како што дознаваме, на дневен ред ќе бидат серијата инциденти, но и барање за оставка на министерот Јанкулоска и директорот на ЈСП. Според нашите информации нема најави за евентуално напуштање на владата. Само ден претходно лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побара да не се политизира инцидентот во Гостивар, којшто е иницијалната каписла на нападите.
Му кажаа „Си је“ и почнаа да го удираат
Му кажаа „Си је“ и почнаа да го удираат
Децата ни рекоа дека препознале еден од напаѓачите и дека живее во населбата Припор, ни рече Фејзо Јакуповски од селото Чифлик, каде што живеат најголемиот број од нападнатите деца во автобусот „58“
Син ми уште не е освестен. Повреден е во главата. Го удирале со боксирач и било страшно. Ова го вели таткото на 18-годишно момче од селото Чифлик кое крвнички било претепано од група хулигани кои завчеравечерта влегле во автобус на ЈСП и безмилосно тепале патници. Момчето и други 20-ина патници во автобусот број „58“, што сообраќа од Транспортниот центар до селото Света Петка, биле нападнати од групата насилници кои се качиле во автобусот на претпоследната постојка на автобуската линија “24“ во Kисела Вода. Хулиганите облечени во дуксери и со капи на главите, од средната и од задната врата влегле во автобусот и веднаш и без никаква причина почнале безмилосно да ги тепаат патниците, од кои повеќето биле средношколци. Најмногу настрадале три 18-годишни момчиња и една девојка од селото Чифлик, како и 56-годишна жена од Сопиште. Двајца од повредените се брат и сестра.
- Внукот што го тепале седел на едно од седиштата кога му дошол еден од напаѓачите. Напаѓачите не биле деца, возрасни луѓе биле и носеле маски на главите, а имале бејзбол-палки и боксирачи - ни изјави вчера дедо на две од повредените деца.
Фејзо Јакуповски од селото Чифлик, каде што живеат најголемиот број од нападнатите, наведува дека децата му кажале оти еден од двајцата напаѓачи му се обратил на Шеваљ Сулејмановски со зборовите “Си је“ (на албански значи “Kако си“?, н.з.), а другиот веднаш почна да го удира по глава со метален боксирач.
- Настанала турканица и с` траело околу две-три минути, додека автобусот да дојде до последната станица. Тогаш излегле, ја бутнале постарата жена што им се најде на патот, таа паднала долу, а тие се разбегале на разни страни. Децата ми рекоа дека ги познаваат напаѓачите бидејќи за едниот знаат дека живее во населбата Припор - вели Јакуповски.
Во селото Чифлик роднините на нападнатите наведуваат дека не можат да претпостават зошто се случил ваков брутален напад.
- Никогаш досега не се случило вакво нешто. Претходно немало никакви кавги или тепачки меѓу децата, па ова да претставува некаква одмазда. Децата што се повредени се мирни, повеќето одат во гимназијата “Зеф Љуш Марку“ и навечер се враќаат со автобусот дома. Напаѓачите смислено го испланирале нападот. Сега се плашиме да ги праќаме деца на училиште - наведуваа тие.
Еден од младите од селото кој бил во автобусот наведува дека имало две групи напаѓачи.
- Едните влегоа претходно и не беа маскирани. На следна станица им се придружија маскираните. По ова, треба да има полиција по автобусите оти ништо не е веќе сигурно - рече тој.
Градоначалникот на Општина Сопиште, Јован Ѓоргиовски, ни рече дека институциите треба што побрзо да ги расчистат инцидентите.
- Во општината имаме прекрасен соживот меѓу сите националности и вакви инциденти никогаш не ни се случиле. Не треба да се шират тензиите бидејќи тие одат на штета на граѓаните - рече тој. (Б.Ѓ.)
3 mal dürft ihre raten, wen es am meisten freut und nützt, wenn Makedonien und Albanien zerstritten sind.
Wen bloß?
3 mal dürft ihr nachlesen, welche Leute hier in diesem Thread beide Seiten gegeneinander aufhetzen.
Ihr dürft diesen Leuten nicht auf den Leim gehen.

Die saubere Recherche der westbulgarischen Medien und Institutionen kennen wir ja schon seit 20 Jahren.![]()
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen