Во Македонија има 300.000 невработени
сабота, 16 јуни 2012, 12:28
Во првото тримесечје од 2012 година активното население во Република Македонија брои 941.019 лица од кои вработени се 643.668 лица или 68,4 отсто, а 297.351 лица или 31.6 отсто се невработени, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 56,4, стапката на вработеност 38,6, додека стапката на невработеност изнесува 31,6
Во меѓувреме, ДЗС објави дека Бруто домашниот производ во првиот квартал од оваа година бележи негативен раст од 1,4 проценти.
Во првото тримесечје од 2012 е забележан пад во секторите - Градежништво од 9,8 отсто, Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас и вода од 9,6 отсто и секторот Сообраќај, складирање и врски пад од 0,1 отсто.
Во Македонија има 300.000 невработени | Bukvar.MK