Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Bauprojekte in Mazedonien

Makedonien bekommt seine Gasleitung, Memorandum mit der russischen Stroytransgaz unterschrieben.

Mакедонија ќе се гасифицира

пред 21 минута

Сподели



Теми: гасификација, Македонија, популарно,Русија
Коментари:




Почнува реализација на проектот за гасификација на Македонија вреден 300 милиони евра. Руската компанија „Стројтранс гас“ и Македонски енергетски ресурски денеска во рамки на Меѓувладината македонско-руска комисија потпишаа Меморандум за соработка кој е првиот сериозен чекор кон изградба на националната гасоводна мрежа во земјава. Договорот треба да се потпише најдоцна за неколку месеци, по што ќе почнат и работите на терен.

- Ова претставува круна на напорите што досега ги вложивме во рамките на Меѓувладината комисија и Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија со кој ќе се реализира овој проект и последната посета на премиерот Никола Груевски и средбата што тој ја имаше со претседателот Владимир Путин во Санкт Петербург минатата недела, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и копретседател на Мешовитата комисија по потпишувањето на меморандумот.
Според него, со ова се операционализираат договорите постигнати во рамките на средбите на Мешовитата комисија. – Очекувам со оваа спогодба да се утврди временската рамка во која што ќе се усогласат сите технички и други детали за да може за неколку месеци од денеска да почне реализацијата на проектот за гасификација, однодно да се потпише и договорот со кој целосно ќе се реализира овој проект. Двете страни имаат најмногу месец-два да ги финализираат работите на своја страна и најмногу за три-четири месеци да се почне реализацијата на проектот, рече Ставрески.
Почнувањето на израдбата на објектите за неколу месеци го потврди и Максим Александрович – Травников, заменик-министер за регионален развој и копретседател на Мешовитата комисија. Тој посочи дека за неколку месеци ќе почне со изградба на објектите и конкретна достава на гас на целата територија на Македонија.
- Вредноста на проектот е 75 милиони долари, од кои 60 милиони се од договорениот клириншки долг на Русија кон Макдонија и 15 милиони долари се обезбедени од буџетот на Република Македонија со цел, како што истакна Ставрески, да се заокружи финансиската конструкција на овој дел. Понтаму, појасни, проектот за целосната гасификација на Македонија е 300 милиони долари и таа ќе се одвива по фази согласно разговорите што се водат со Европската банка од каде министерот очекува дополнителни средства.
Владата, како што истакна министерот за траспорт и врски Миле Јанакиески, е целосно подготвена за изготвување на проекти, а денешниот меморандум овозможува уште во текот на овој месец да се почне со постапка за експропријација и добивање одобрение за градба.
Изградбата на гасоводната мрежа во Македонија е значајна и за граѓаните и за стопанството. Засега грасоводна мрежа има од бугарската граница преку Куманово до Скопје.
Потпишувањето на меморандумот со „Стројтранс гас“ беше договорено на средба на премиерот Никола Груевски за време на посетата на Русија минатата недела, кога беше договорено и приклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“.
Потпишувањето на меморандумот е во рамки на 6. седница на Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и научно техничка соаботка која денеска и утре се одржува во Нижни Новогород во рамки на која се разгледуваат перспективите за развој на трговско-економската соработка меѓу Македонија и Русија.




Macedonian 'Gasification project' set to begin
Monday, 02 July 2012


The project for gasification of Macedonia worth €300 million begins. The Russian company Stroytransgaz and Macedonian energy resources Monday in the frames of Macedonian-Russian Intergovernmental Commission signed Memorandum of Cooperation, which is the first serious step towards construction of national gas pipeline network in the country. The agreement is to be signed at late by several months after which works on ground will begin, MIA reports.

This represents a crown of efforts made in the frames of Intergovernmental Commission and agreement for regulation of Russia’s clearing debt to Macedonia, with which this project will be realised and latest visit of PM Nikola Gruevski to Russia and meeting with Russian President Vladimir Putin in St. Petersburg last week, Zoran Stavreski, Deputy PM and Finance Minister and co-chair the sixth session of the Macedonian-Russian Intergovernmental Commission for Trade, Economic, Scientific, and Technical Cooperation, said after memorandum signing.

Stavreski said that agreement will define time framework where all technical and other details will be agreed in order gasification project to begin for several months. Both sides have at least one to two months to finalise matters and three to four months to begin the realisation of the project, Stavreski added.
Maxim Travnikov, Deputy Minister for Regional Development and Russian Commission's co-chair, also confirmed the start of construction of facilities in several months and providing concrete gas supply on entire territory of Macedonia.

The project’s value is US$75 million of which US$60 million are agreed with Russia’s clearing debt towards Macedonia and US$15 million are provided from budget of the Republic of Macedonia aimed at wrapping up financial construction in this part, Stavreski said adding that the entire gasification project is valued at US$300 million and will be carried out in phases in accordance with the talks led with European bank from where additional funds are expected.
The government is fully committed to prepare projects and today’s memorandum enables start of expropriation process and approval for building to begin this month, Minister of Transport and Communications Mile Janakieski said.
 
Neuer multifunktionaler Sportplatz in Vardarishte eröffnet.


[h=1]Фото: Пуштено во употреба мултифункциононално игралиште во н.Вадариште[/h]Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски го пуштија во употреба мултифункционалното спортско игралиште за мал фудбал и кошарка, со игралиште за деца (лулашки, клацкалки, лизгалка) во УЗ „Кирил Петрушевски“ во н. Вардариште.
igraliste7.jpg
Игралиштето е финансирано од општина Гази Баба и осветливањето на игралиштето, финансирано од градот Скопје.
Вкупна инвестиција за реализација на игралиштето е 2.700.000,00 денари.
igraliste2.jpg
igraliste4.jpg
 
Neue Schule in Glishik/Kavadarci



[h=1]Село Глишиќ со ново училиште[/h]пред 54 минути

Сподели



Теми: глишиќ, кавадарци, училиште
Коментари:




Министерот за финансии Зоран Ставрески и министерот за образование и наука Панче Кралев денеска ќе присуствуваат на отварањето на новото училиште во село Глишиќ, Кавадарци. Училиштето ќе го носи иметето „Тошо Велков Пепето“.

Изградбата на ова училиште е дел од проектот на Владата на Република Македонија „Изградба на 20 нови училишта во руралните средини“ што се реализира во соработка со Министерството за образование и наука и локалните самоуправи.
Покрај тоа, вицепремеирот Ставрески ќе ја посети и општина Неготино каде ќе има средба со неготинските бизнисмени.
Пред неколку дена беше пуштено во употреба и модуларното училиште во општина Илинден. Во ова училишна зграда ќе бидат сместени ученици од основно и средно образование.
Исто така во изминатиов период градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека ќе се реконструираат 16 средни училишта од главниот град, а премиерот Никола Груевски посочи дека во буџетот се обезбедени средства за реконструкција и реновирање на околу 200 училишта ширум Македонија.
 
Bau der (Wasser-)Filterstation in Gostivar schreitet voran.


[h=2]Нема застој во изградбата на Филтер станицата во Гостивар[/h]
06.07.2012 - 13:10 |

Нема застој во работите на новата филтерска станица и сé е според предвидената динамика.

filter-stanica_104969.jpg
Дел од опремата е веќе набавен и до првата половина на идната година таа ќе биде во функција, рече Абдулаќим Адеми, министерот за животна средина и просторно планирање.
Министерот Адеми придружуван од соработниците и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, го посетија градилиштето во Вруток, Гостиварско, на кое се гради објектот за филтерската станица.
- Изградба на овој капитален објект се одвива според динамичкиот план. Деновиве со изведувачот го потпишавме и анексот за третата фаза вреден околу тристотни илјади евра. која треба да финишира до крајот на октомври, рече минситерот Адеми по обиколката на објектот во Вруток.
Адеми нагласи дека решавањето на проблемот со водоснабдувањето на општина Гостивар е заложба на централната власт и дека во таа насока наскоро ќе се почнат и преговори со Амбасадата на Швајцарија за проект со кој ќе се намалат загубите во водоснабдителниот систем.
Заради честите заматувања на водата во гостиварскиот водовод, лани, Министерството за животна средина и просторно планирање, почна проект вреден околу два милиона евра. Во филтерската станица е предвидено да монтираат микро фибер филтри преку кои ќе се обезбедува чиста вода за околу 65 илјади жители.
На новинарско прашање, до каде е решавањето на проблемот со регионална депонија во Полошко, Адеми одговори дека во текот на постапката е утврдено дека двете локации, за Русино и Речанска Краста не се расчистени имотно правните односи. - За да ја надминеме состојбата, попладнево е свикавме состанок на кој покрај претавници од Министерството, Регионалниот Еколошки Центар и градоначалниците од полошкиот регион ќе бара решение токму за овој проблем, изјави министерот Адеми.
 
Zurück
Oben