Baubeginn des Schienen Korridor 8 nach Bulgarien ab Frühjahr 2013.
Janakieski: Construction of railway Corridor 8 to begin next spring
Skopje, 8 July 2012 (MIA) – The construction of the railway corridor 8, a section from Kumanovo to Beljakovce is to begin on February or March 2013, Minister of Transport and Communications Mile Janakieski said at Sunday’s press conference.
The talks with European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) are underway from which funds at amount of EUR 46.4 million are to be provided this year and the construction of section from Kumanovo to Beljakovce is to begin during 2013 and to be completed in 2017, Janakieski said.
He added that grant has been approved from Western Balkans Investment Framework (WBIF) instrument for selection of consultants, which will monitor Kumanovo – Beljakovce section at amount of EUR 2.5 million.
Public Enterprise Macedonian Railways Infrastructure on March 29, 2012 signed agreement with Austria’s consulting company ILF which is to prepare the project and tender documentation for selection of construction company. In September the public call will be announced for engagement of construction company and on February or March next year the construction works from Kumanovo to Beljakovce section will begin, he added.
European bank for Reconstruction and Development (EBRD) and European Investment Bank (EIB) pointed out the necessity of breaking the contracts that Public Enterprise Macedonian Railways Infrastructure had signed with construction companies as pre-condition for future credit loans, Janakieski said.
That’s why government at its last session proposed law on cease of valid of law on providing fund for financing programme for construction of railway track approved in 1994.
In regard to Beljakovce – Kriva Palanka section, Janakieski said that European Investment Bank informed them in a letter that they will enter the investment of the project for which EUR 145 million are needed for the construction works.
Related to Kriva Palanka – Deve Bair section, Janakieski said that it is most difficult and most expensive section. Ministry of Transport and Communications has submitted request to IPA for providing funds at amount of EUR 2 million for preparation of basic projects.
This section is estimated to cost EUR 332 million, funds which would be provided by IPA, EBRD and EIB, Janakieski said adding that the construction of the section is planned to begin in 2017 and to end in 5-year deadline.
Јанакиески: Изградбата на железничкиот Коридор 8 за Бугарија започнува на пролет
Oбјавено на 08.07.2012 од ВМРО-ДПМНЕ
Согласно планираната динамика изградбата на железничкиот Коридор 8, на патниот правец Куманово-Бељаковце, треба да започне во февруари или март следната година, изјави на денешната прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
- Во тек се преговори со Европската Банка за обнова и развој, од каде се планира годинава да се обезбедат финансиски средства во висина од 46,4 милиони евра и градбата на делницата Куманово-Бељаковце да започне во текот на 2013 година и да заврши најдоцна во 2017 година, рече Јанакиески.
Тој додаде дека се одобрени грант средства од инструментот WBIF за избор на консултанти кои ќе вршат надзор на делницата Куманово-Бељаковце во износ од 2,5 милиони евра.
- На 29 март годинава ЈП Македонски железници Инфраструктура има склучено договор со консултантската компанија ИЛФ од Австрија, која треба да го изработи проектот и тендерската документација за избор на градежна фирма. Согласно планираната динамика се очекува во септември да се распише повик за ангажирање на градежна компанија, а во февруари или март следната година да се започне и со градежните работи од Куманово до Бељаковце, додаде тој.
Европската Банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, како што рече, како предуслов за идни кредитни задолжувања, а со цел изградба на Коридорот 8 во дел на железничката инфраструктура, посочиле дека потребно е раскинување на договорите кои ЈП Македонски железници Инфраструктура, односно претходниците на ова ЈП, ги имаа склучено со градежните компании, согласно претходно донесен закон.
- Затоа Владата на Република Македонија на својата последна седница предложи закон за престанување на важењето на Законот за обезбедување средства за финансирање на програмата за изградба на железничка пруга, кој е донесен во 1994 година кога на големо се најавуваше изградбата на Коридорот 8. Но, за жал, само две години имаше градежни активности, а во 2004 година тогашната влада и официјално ги прекина сите градежни работи на оваа железничка пруга, рече Јанакиески.
Притоа, како што истакна, небиле преземени никакви активности во однос на конзервација на веќе изградените или започнатите објекти, ниту пак биле преземени мерки за раскинување на договорите со градежните компании.
- Веќе имаме раскинато договори со три компании по вонсудски пат, а со овој закон ќе се раскинат и останатите два договори, рече министерот и додаде дека поради тоа што претходно не се раскинале договорите направени се штети од околу 20 милиони евра.
Во однос на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, како што рече Јанакиески од Европската инвестициска банка имаат добиено писмо во кое се вели дека ќе влезат во реализација на овој проект, за кој се потребни 145 милиони евра за градежни работи.
- Според планираната динамика градбата би започнала најдоцна во 2015 година, а би завршила во 2020 година, истакна тој.
Во однос на делот од Крива Паланка до Деве Баир, кој, како што посочи Јанакиески, е најтежок и најскап, Министерството за транспорт и врски поднело барање до ИПА за обезбедување на средства во висина од два милини евра за изработка на основните проекти.
- Се проценува дека оваа делница ќе чини 332 милиони евра, средства кои треба да се обезбедат од ИПА, Европската Банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, посочи Јанакиески и додаде дека изградбата на оваа делница се планира да започне во 2017 година, а да заврши во рок од пет години.
Зборувајќи за западниот дел од Пан европскиот коридор 8, односно делницата Кичево-Лин, министерот рече дека во текот на 2009, 2010 и 2011 со средства од буџетот се изработи Физибилити студија од Градежниот факултет, а во март 2011 година добиени се позитивни завршни извештаи.
- Во декември преку оперативната програма се побарани пет милиони евра за изработка на главен проект, кој треба да се изработува минимум две години, а потоа би започнувала и реализацијата на овој дел од железничката пруга, нагласи Јанакиески.
Според него, ова е правиот пат за изградба на железничкиот Коридор 8. – Во 1994 година е направена огромна грешка, при што се потрошени милионски суми и затоа сега немаме функционална железница. Со законот кој е доставен во Собранието на Република Македонија ќе се надминат проблемите и потоа ќе можеме да склучуваме договори со Европската инвестициска банка, додаде Јанакиески.
Тој најави дека пругата кон Бугарија би требало да биде завршена во 2020 година.
Прашан до каде е реализацијата на проектот за изградба на висококатници во Аеродром, Јанакиески одговори дека веќе е издадено одобрение за градење од општина Аеродром и дека се очекува градежните работи интензивно да започнат многу скоро, бидејќи сите административни препреки се надминати.