Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Bauprojekte in Mazedonien

Kriva Palanka bekommt neues Rathaus, Bauarbeiten begonnen.

Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.


Започна изградбата на новата општинска зграда во Крива Паланка

Камен – темелникот на новиот административно – деловен објект во кој ќе се смести локалната самоуправа денеска беше поставен во Крива Паланка. По пат на јавно – приватно партнерство, ќе се подигне објект со површина од околу 1.000 метри квадратни со сутерен, приземје и два ката, при што на општината ќе и припаднат 475 метри квадратни. Целокупната инвестиција е во вредност од околу 550.000 евра, при што на приватната фирма „Мијоли“ од Скопје ќе и припаднат 520 метри квадратни. Локалните власти од градот го обезбедија проектот и градежното земјиште, а избраната компанија ја ослободија од плаќањето комуналии за објектот. Административно – деловната зграда во центарот на Крива Паланка треба да биде завршена најдоцна за 3 години од почетокот на градежните работи, но двете партнерски страни се надеваат дека истата ќе биде готова до крајот на 2013 година.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Aktuelle Bilder vom Archäologischen Museum in Skopje.

756895019899f40e3bbfk.jpg



79a7e4f3.jpg



c811752d.jpg



b4a85ab9.jpg
 
На администрацијата и требаат девет месеци за да одлучи за судбината на „Чебрен“ и „Галиште“

Наместо да се заокружи тендерската постапка и да започнат градежните активности на терен, Министерството за економија денеска информираше дека рокот за евалуација на понудите на компаниите што доставија документација на тендерот за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се продолжи за дополнителни 60 дена. Потегот за одолговлекување на финалната одлука на Комисијата при Министерството за економија го донела владата, а во објаснувањето од надлежното министерство се нагласува дека треба „да се усогласат и прецизираат битни елементи за проектот Чебрен и Галиште“. Ваквото нејасно образложение не ја открива причината за рекордното продолжување на рокот за донесување на одлуката од цели 9 месеци.

„Доколку инвеститорот во дополнителниот рок не се изјасни или се изјасни негативно, Министерството за економија и Владата нема да се откажат од проектот. Во евентуално таков расплет, сите опции остануваат отворени, вклучувајќи ја и опцијата државата, односно Владата, самостојно да го реализира проектот“, се наведува во соопштението на Министерството за економија. Комисијата требаше до крајот на минатата година да подготви извештај во однос на доставените понуди од кинескиот конзорциум CWE (China Water Electric) и грчката PPC (Public Power Corporation S.A.), а потоа владата да донесе одлука во однос на овој проект. Кинезите понудија 40,5% од акциите на идните хидроелектрани „Чебрен“ и „Галиште“, додека грците се согласни 28% од сопственоста на овие енергетски објекти да ја препишат на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Уделот што и се нуди на државната компанија е клучен критериум за избор на најповолен понудувач.
 
Започна изградбата на новата општинска зграда во Крива Паланка

Камен – темелникот на новиот административно – деловен објект во кој ќе се смести локалната самоуправа денеска беше поставен во Крива Паланка. По пат на јавно – приватно партнерство, ќе се подигне објект со површина од околу 1.000 метри квадратни со сутерен, приземје и два ката, при што на општината ќе и припаднат 475 метри квадратни. Целокупната инвестиција е во вредност од околу 550.000 евра, при што на приватната фирма „Мијоли“ од Скопје ќе и припаднат 520 метри квадратни. Локалните власти од градот го обезбедија проектот и градежното земјиште, а избраната компанија ја ослободија од плаќањето комуналии за објектот. Административно – деловната зграда во центарот на Крива Паланка треба да биде завршена најдоцна за 3 години од почетокот на градежните работи, но двете партнерски страни се надеваат дека истата ќе биде готова до крајот на 2013 година.
 
Дрекслмајер ќе гради фабрика во Кавадарци

Германската компанија „Лиза Дрекслмајер“ (Lisa Dräxlmaier GmbH) во Кавадарци ќе гради фабрика за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија. Договорот за оваа гринфилд инвестиција во висина од над 35 милиони евра беше потпишан денес помеѓу претставници на компанијата и на македонската Влада. Локален партнер на „Дрекслмајер“ од Македонија ќе ја изгради фабриката со површина од 52.000 метри квадратни, која потоа ќе биде дадена на користење на германскиот производител преку долгорочен лизинг. Производството треба да стартува во првиот квартал од 2013 година, а во текот на првите пет години планирано е да се создадат 4.000 работни места.

Групацијата „Дрекслмајер“ произведува воглавно автомобилска електроника и ентериерни компоненти за возила од марките „Мерцедес“, „БМВ“, „Фолксваген“, „Ауди“, „Порше“, „Бугати“, „Јагуар“ и „Кадилак“. Основана е во 1958 година, а во 2010 година имала над 36.000 вработени и остварила обрт од над 1,7 милјарди евра. Во нашето пошироко опкружување веќе има една фабрика во Србија, две во Унгарија и пет во Романија.
 
До крајот на годинава ќе се завршат 74 километри регионални и 176 километри локални патишта

Македонската влада до крајот на годинава најавува заокружување на поголем број проекти кои опфаќаат изградба и реконструкција на 74 километри регионални и 176 километри локални патишта, за кои ќе се одвојат 25 милиони евра. До ноември годинава ќе се завршат активностите на регионалните патни правци Струга – Дебар, Кавадарци – Мушов Гроб, Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница и Радовиш – Конче – Лубница, со вкупна должина од 74 километри и во вредност од над 10 милиони евра. Портпаролот на владата, Александар Ѓорѓиев, информира дека годинава ќе се комплетира и изградбата на 76 локални патишта во должина од 176 километри, при што за нив ќе се одвојат околу 15 милиони евра.

Во тек се повици за избор на најповолни понудувачи кои ќе ги изведуваат градежните работи на делниците Тетово – Јажинце во должина од 16 километри и Бошков мост – Гарски мост во должина од 8,2 километри. Предвидени се активности на уште 32 локални правци за кои во моментов се одвива постапката за избор на градежни компании, а на почетокот на август ќе се распишат дополнителни два повика за избор на изведувачи за околу 60 локални патни правци на целата територија на земјава. Владините податоци говорат дека до месец јуни се завршени 24 патишта од локален карактер во должина од 45 километри.
 
Објект ќе никне помеѓу МОБ и новата зграда на МНР, фасадата му ја крои Министерството за транспорт и врски

Министерството за транспорт и врски распиша конкурс за изработка на идејно решение за фасадно обликување на предвидениот објект помеѓу новата зграда на Министерството за надворешни работи која моментално се гради и зданието на Македонската опера и балет, за чие земјиште пред три години се јави спор за сопственост помеѓу државата и компанијата „Алпине“ [»мапа]. Објектот ќе биде наменет за комерцијални и деловни дејности и ќе има висина од 29 метри (приземје, седум ката и поткровје). На парцелата со површина од 4.313 метри квадратни, според барањата во конкусрот ќе се подигне градба „чие архитектонско обликување ќе се вклопи во амбиенталната целина со објектите во опкружувањето“. Од архитектите се бара во своите дела да вложат оригиналност, иновативност и изводливост во надворешниот изглед на планираниот објект.

Земјиштето во електронскиот катастар сеуште е впишано во владение на Република Македонија и за него допрва ќе треба да се организира оглас за продажба. Идниот инвеститор ќе може да гради на основа од 2.032 метри квадратни, при што максималната бруто развиена површина дозволена со ДУП-от изнесува 18.288 метри квадратни. Идејните решенија за фасадата на овој објект ќе треба да се достават до министерството најдоцна до 27 август. Во жири – комисијата што ќе одлучува за победничкиот труд и за доделување на наградите членуваат: Нина Ристоска, Љубиша Јовановски и Рада Филиповска. Првата награда за најдобар труд е во износ од 400.000 денари, втората награда изнесува 300.000 денари, третата награда е во вредност од 100.000 денари, а од министерството можат да откупат и најмногу четири идејни решение во висина од по 30.000 денари.
 
Огромно земјиште за изградба на индустриски објекти се нуди во Свети Николе

Општинските власти од Свети Николе во денешните изданија на дневните весници објавија оглас за продажба на градежно земјиште за изградба на лесна и незагадувачка индустрија. По пат на електронско јавно наддавање, се нуди градежна парцела со големина од 279.033 метри квадратни, на која заинтересираните инвеститори можат да подигнат објекти, составени од приземје и три ката со максимална висина од 18 метри, на вкупна површина од 190.000 метри квадратни. Почетната цена на претстојната лицитација ќе изнесува 61 денари за метар квадратен, односно минималната вредност на целокупната парцела понудена за продажба изнесува 17.021.013 денари.

Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите пријави за учество на наддавањето до 13 август, а најповолниот понудувач кој ќе ги гради индустриските објекти во околината на Свети Николе ќе биде познат на 17 август. Во согласност со публикуваните критериуми, инвеститорот е должен да обезбеди одобрение за градба во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот и истиот се обврзува да го подигне зданието во период не подолг од 6 години од денот на добивање на градежната дозвола. Покрај пријавувањето за ова земјиште, до 29 јули трае општинскиот оглас за аплицирање за електронското наддавање на 28 градежни парцели за изградба на индивидуални домови и мала и незагадувачка индустрија во населеното место Кадрифаково.
 
Општина Битола ќе се обиде да гради затворен базен по пат на јавно – приватно партнерство

Локалната самоуправа од Битола објави јавен повик за изјавување интерес од приватни инвеститори за изградба на покриен олимписки базен во градот, по пат на јавно – приватно партнерство. Публикуваното барање на општинарите е во согласност со програмските активности за 2012 година. Согласно објавените информации, базенот ќе биде со димензии од 25 метри во широчина и 53 метри во должина, а максималната длабочина ќе изнесува 2,05 метри. Локацијата на објектот ќе биде во непосредна близина на спортската сала „Младост“ кај градското шеталиште.

Од општина Битола информираат дека е обезбедена потребната документација, изгласан е урбанистички план и дека во оваа фаза интерес за изградба на базенот покажале две домашни фирми, а се очекуваат понуди и од странски компании. По заокружувањето на целата постапка, локалната самоуправа ќе го избере идниот партнер за реализација на проектот. Во изминатиов период од општината во неколку наврати истакнаа дека има недостиг на финансиски средства за самостојна изградба на објектот, кој претставува долгогодишно неостварено ветување.


moz-screenshot.png
 
Zurück
Oben