Černozemski
Македон&
Aleksandar Samardziev, Student, erlag heute seinen Verletzungen im Krankenhaus, die ihm von Anhängern der neonazistischen Partei Chrysi Avgi in Griechenland hinzugefügt wurden.
Möge er in Frieden ruhen.
Златна зора во Солун уби Македонец29 сеп 2012, 23:20
Александар Самарџиев, студент, денеска им подлегна на повредите што ги доби кога беше претепан во петокот среде Солун од неколкумина припадници на неофашистичката грчка партија Златна зора. Повеќе портали вечерва ја пренесоа информацијата за ова убиство, кое сѐ уште не е потврдено од ниту еден официјален извор.
![]()
Дознавме дека Александар Самарџиев лежел во солунската болница Папаниколау, но таму, освен директорот, никој не може да даде изјава за состојбата. А директорот бил на викенд.
Стилјан Самарџиев вчера на својот фејсбук-профил напиша дека неговиот прв братучед е претепан во Солун од членови на Златна зора во знак на предупредување по акцијата на Стилјан со закачувањето на знамето од Кутлеш на една солунска полициска станица.
Полицијата ги посоветувала родителите да поднесат пријава против непознат сторител. Родителите на Александар сега се исплашени и за својата ќерка, која исто така е студентка во Солун, а тие живеат некаде на патот од Воден до Солун.
Родителите на Александар по претепувањето добиле анонимен телефонски повик со препорака да си го сменат презимето Самарџиеви, ако сакаат мирен живот во Грција, ја пренесуваат информацијата Македонци од Воден.
Македонските дипломатски претставници во Грција засега не се запознаени со случајот.
А.Д.
http://www.mkd.mk/63272/makedonija/zlatna-zora-vo-solun-ubi-makedonec-aleksandar-samardziev/
?????? ??????????? ???????? ?? ??????
Möge er in Frieden ruhen.
Last edited: