P
phαηtom
Guest
Veliu ist der Onkel von Ali Ahmeti (wer auch immer das ist..) jedenfalls hat der Typ einen Brief an Gruevski geschickt, indem er meint ihm würde das selbe Schicksal wie Milosevic ereilen, wenn er weiterhin seine Politik wie bisher betreibt. und er möchte auch, dass die ehemaligen UCK kämpfer eine Pension erhalten... Gruevski hingegen sagte, nie so einen Brief erhalten zu haben und bisher gibt es keine Reaktion von mazedonischen Politikern/Parteien..
.
.
????? OnLine
.
.
Во писмото Велиу му порачува на Груевски дека "го чека истата судбина како Слободан Милошевиќ" доколку и натаму продолжи да ја води политиката на поранешниот српски претседател.
- Албанските ученици најпрвин ќе го изучуваат албанскиот јазик, а потоа ќе ги учат и странските јазици, па и твојот јазик кој ниту ти не го познаваш добро, се вели во писмото.
Здружението на поранешни ветерани на ОНА е против најновиот проект за изучување на македонскиот јазик од немнозинските етнички заедници од прво одделение.
Од Здружението бараат и итно решение за статусот на борците на ОНА. Велиу вели дека доколку Груевски и натаму ги игнорира нивните пораки, поранешните борци на ОНА дополнително ќе уврдат како ќе делуваат во иднина.
- Недозволиво е да се изучува македонскиот јазик од прво одделение кога нема услови за тоа. Децата од албанската етничка заедница на таа возраст не го знаат добро ниту сопствениот јазик. Со ова дополнително се оптоваруваат. Иако Груевски вели дека за тоа има поддршка од меѓународниот фактор, треба да знае дека тој фактор може да има влијание надвор од границите на Македонија. Овде фактор сме ние. Исто така, треба во најбрз можен рок да се реши и статусот на борците на ОНА. Како што Груевски има притисок од неговите членови, така и семејствата на борците бараат одредени бенефиции.
Се наталожи и револтот кај членовите на Здружението од случувањата и со Енциклопедијата, вели Велиу во изјава за ВЕЧЕР.
За своите потези не се консултирал со Ахмети. Се работело за личен став и став на Здружението на борците на ОНА.
- Точно е дека Ахмети е лидер на ДУИ и поранешен лидер на ОНА, но, сепак, секој има право на свој личен став, смета Велиу.
????? OnLine