Zoran
Μακεδоν τ
In Albanien werden Universitäten geschlossen da sie Abschlüße verkauft haben
Makedonische Medien spekulieren wie viele albanische Politiker oder Akademiker die in Makedonien arbeiten mit gefälschte/gekaufte Diplomas an hochrangige Stellen fungieren. Der makedonische Bildungsminister Ademi schweigt und will bis jetzt keine Auskunft geben.
Albanien schließt zwei Dutzend Fakultäten wegen Handel mit Diplomen - SPIEGEL ONLINEAlbanische Hochschulen verkauften Diplome - und akzeptierten Kühe, Schafe, Reis und Feuerholz als Bezahlung. Der Abschlusshandel macht Schlagzeilen auf dem Balkan, erste Fakultäten wurden geschlossen.
Albanien schließt mehr als zwei Dutzend Uni-Fakultäten und Hochschulen, weil sie gegen Gesetze verstoßen und Diplome verkauft haben. Von den knapp 60 Hochschuleinrichtungen, die nach 24 Jahren erstmals von den Behörden überprüft worden seien, arbeiteten mehr als 70 Prozent nicht gesetzeskonform, das berichtet unter anderem der österreichische "Standard" und beruft sich auf den albanischen Sender Top Channel. "Wir können nicht so viele Institutionen mit Rechtsproblemen erlauben. Und das ist erst der Anfang", wurde Bildungsministerin Lindita Nikolla zitiert.
Albanien gilt wie viele andere Länder auf der Balkanhalbinsel als Paradies für gekaufte Abschlüsse. "Manche Studenten haben ihre Diplome mit Kühen, Schafen, Reis oder sogar mit Feuerholz gezahlt", beschrieb Regierungschef Edi Rama demnach die Lage. Viele Hochschulen böten Abschlüsse für Ausländer an, obwohl es keine Lehrgänge in fremden Sprachen gebe. Rama sprach laut "Standard" von einem "korrupten Bodensatz", der diese Hochschulen betrieben und den der Überprüfungsbericht an die Oberfläche gebracht habe.
Aber auch in Deutschland gibt es immer wieder Merkwürdigkeiten bei Abschlussarbeiten. So soll etwa ein Richter aus Niedersachsen mit Examenslösungen gehandelt haben, er sitzt in U-Haft. Sonderprüfer untersuchen deshalb die Examen von 2000 Juristen. Das Justizministerium kündigt nun Verfahren an, um Prüfungsleistungen abzuerkennen.
Makedonische Medien spekulieren wie viele albanische Politiker oder Akademiker die in Makedonien arbeiten mit gefälschte/gekaufte Diplomas an hochrangige Stellen fungieren. Der makedonische Bildungsminister Ademi schweigt und will bis jetzt keine Auskunft geben.
НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ ИМААТ ДИПЛОМИ ОД ЗАТВОРЕНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИМИНИСТЕРОТ АДЕМИ МОЛЧИ ЗА КУПУВАЊЕТО ДИПЛОМИ ВО АЛБАНИЈАМинистерството за образование два дена е во апсолутен молк и не дава никакви информации дали, колку и кога се признавани или нострифицирани дипломи од универзитети од Албанија каде што беше најавено одземањето лиценци на 18 универзитети поради скандалозно продавање дипломи и несоодветно работење.„Дневник“ побара информации од одговорните во кабинетот на министерот, побаравме писмен одговор од службата за односи со јавност во МОН, од одговорната за општи работи и поддршка на министерот, одговорниот во секторот за нострификација и од министерот Абдилаќим Адеми. Ниту еден сектор или лице не ни даде одговор на нашите прашања. Немаме информација ниту колку македонски државјани моментално се студенти на некој албански универзитет.Еден студент на прашањето кој е Шекспир, одговорил: Го имам видено еднаш-два пати во ходниците, но не му го запаметив ликот“.
Универзитетот мора да е признат во матичната земја
Според законот, основен критериум за признавање странска високообразовна квалификација се утврдува со општиот систем за признавање на квалификациите со прописите на Европската Унија, е Статусот на високообразовната институција што ја издала квалификацијата, односно дали таа е акредитирана и овластена од компетентни органи во матичната (или 100 други) држава за издавање квалификации, односно дипломи и свидетелства, а признавањето на странските квалификации се врши во согласност со Европскиот кредит-трансфер систем.
Во состав на Министерството за образование постои стручна служба која е задолжена за проверка на веродостојноста на дипломата стекната во странство. Службата е наречена Информативен центар за еквиваленција и признавање на странски високообразовни квалификации (ИЦЕП) и ги определува видот и степенот на странската високообразовна квалификација споредувајќи ја со високообразовните квалификации што се стекнуваат на високообразовните институции во Македонија, а земајќи ја предвид Националната рамка на квалификации. Според Законот за високото образование, нострификација или еквиваленција и признавање странски високообразовни квалификации во Македонија, министерот за образование во рок од осум дена може да ја признае само ако универзитетот е еден од првите 500 рангирани на светските листи. На овие листи во моментов нема ниту еден универзитет од Албанија.
Албанскиот министер за образование со таква дипломи
Во меѓувреме во Албанија не стивнуваат реакциите за затворањето на универзитетите. Медиумите веднаш ги прочешлаа биографиите на политичарите, па излезе дека има и актуелни политичари кои поседуваат диплома од некој од затворените универзитети, а најинтересно е што меѓу нив е и самата министерка за образование, Линдита Никола.
Така, пратеничката на Демократската партија (ПД) Аљбина Деда го завршила вториот степен на високо образование на ИССАТ во Тирана. Пратеникот од редовите на Социјалистичката партија (ПС) Артан Гачи дипломирал право на универзитетот „Kристал“ каде што диплома добил и пратеникот од ПД, Бедри Хоџа, исто така во областа на правото. Титула магистер на тој универзитет добил и пратеникот Шкелќим Селами, а таму диплома зел и пратеникот Или Шеху, пренесе албанскиот весник „Тема“
Жртва на скандалот излезе и советникот на албанскиот премиер за културна дипломатија и европска преродба Фате Вељај, кој исто така има диплома од универзитетот „Kристал“. Тој зел титула магистер по меѓународни односи во 2001 година. Министерката за образование, пак, во 2010 година ги завршила своите магистерски студии на приватниот „Албаниа јуниверзити“.
И, секако, по скандалот, се огласи и албанската опозиција. Поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, на својот фејсбук-профил, каде што често ги кажува своите ставови, напиша дека Рама на овој начин го уништил универзитетскиот сон на 11 илјади млади Албанци.
- Оваа одлука се донесува во време кога во сите земји на ЕУ и во регионот политиката на отворени врати на јавните универзитети е законска обврска. Оваа одлука се донесува во време кога процентот на дипломираните кај целото население е пет до шест пати понизок од европскиот просек – истакна Бериша.
„Го имам видено Шекспир два пати, но не го запомнив“
Извештајот на албанското министерство за образование донесе и многу теми за исмејување. Темите за докторирање на универзитетот за медицина имаат наслови како „Улогата и влијанието на дипломатијата на малите држави во регионалната и меѓународната безбедност, случајот Kосово“ и „Хуморот во народните песни“.