Angeblich wurde der Mann von vier Personen angegriffen.
ПОЛИЦАЕЦ ЗАСТРЕЛА ДВЕ ЛИЦА ВО ГОСТИВАР
Вербална расправија за паркинг место во Гостивар заврши со двојно убиство. Полицаецот Ј.Т (39), пукајќи од службениот пиштол усмрти две момчиња на возраст од 26 и 29 години. Расправијата започнала кога полицаецот сакал да...
Свр Гостивар
Вербална расправија за паркинг место во Гостивар заврши со двојно убиство. Полицаецот Ј.Т (39), пукајќи од службениот пиштол усмрти две момчиња на возраст од 26 и 29 години. Расправијата започнала кога полицаецот сакал да го паркира возилото и да ја земе ќерката од училиште.
-Веднаш по вербалната расправија околу паркинг местото дошло и до физичка пресметка во која според досегашните информации,
односно од изјавата на осомничениот тој бил нападнат од страна на четири лица и за да се одбрани, според неговото кажување, испукал два куршуми во воздух, а потоа пукал кон напаѓачите. Од испуканите истрели погодил две лица кои биле ранети и префрлени во Медицинскиот центар-Гостивар каде им подлегнале на повредите, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.
По инцидентот, во полиција се врши разговор со осомничениот, а крим-техничари се излезени на место на несреќата каде вршат увид. Покрај нив, инволвиран е и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди.
Во моментот на извршување на делото, полицаецот не бил на службена должност. МВР нема информации дали тој претходно се познавал со убиените момчиња.Извршен е увид на местото на несреќата. Осомничениот ќе се изведе пред истражен судија, а против него ќе се поднесе кривична пријава за убиство. Секторот за внатрешна контрола ќе поведе постапка за отказ од работното место. Инаку полицаецот бил вработен во полициската станица за обезбедување на државната граница- Мазрача од 2002 година. Против него не била поведена ниту една дисциплинска постапка.
?? ???????? ???????? ???????? ??? ???? ?? ??????? ?? 26 ? 29 ??????