Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Mazedonische Pop-Musik

vasiloski

Frischling
Ej Leute,

Ich suche gute mazedonische Lieder, was so die jungen Menschen hören, ich kenne halt nur wenige Sänger Elena Risteska, Vlatko Ilievski...

Wäre sehr nett :-DD
 
СЦЕНА


Датум: 21.11.2013, 16:26
АНДЕРГРАУНД-БЕНДОВИ ВО МИНУС


ФОЛКЕРИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ЗА СТАН, РОКЕРИТЕ СПИЈАТ ВО ГАРАЖА


Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.




Зборот турнеја за некомерцијалните бендовите не значи ноќевање во луксузни хотелски соби, патување со авион или со сопствен автобус и честење со шампањско по добро завршениот концерт. Андерграунд-музичарите ноќта најчесто ја минуваат во гаража или на сцената на која неколку часа претходно свиреле, а од еден до друг град стигнуваат „стиснати“ во комби. Но, кога заминуваат надвор од земјава, тие не свират пред македонски иселеници, туку својата авторска музика ја претставуваат пред странска публика. Неодамна во медиумите се појави информација дека на домашните фолкери им се потребни две турнеи за да заработат за стан. Но, ние ја погледнавме другата страна на медалот и решивме да ја прикажеме приказната на некомерцијалните музичари кои се среќни ако на крајот се на нула.


Не знаат што правиме


- И јас се сретнав со фолк-музичар кога ги подигнував документите за извоз и увоз на инструменти. Тој најпрвин не можеше да разбере како тоа ние свириме наша музика, имаме наши изданија, а понатаму, воопшто не можеше да го разбере „финансискиот план“ кога се потрудив да му го објаснам. Во секој случај ми е драго за нив, иако мислам дека нашите приказни се неспоредливи и ни мотивира различна појдовна точка – вели Филип Тасевски-Фиц од панк-рок бендот „Новиот почеток“.


Момчињата од „Новиот почеток“ на крајот на октомври се вратија од европската турнеја.


- Во разговор со една моја пријателка, која нема допирна точка со хардкор-панк сцената, дознав дека не само што нема претстава што правиме, туку нејзината перцепција е нереална. Се наметнаа прашањата, „Kако тоа им пишувате на непознати луѓе во Италија?“, „Kако тоа спиете кај нив?“ или „Не ви е страв дека може да ве убијат?“. Всушност, таков е случајот и со многу луѓе и генерално мислењето им е погрешно. Рокенрол-бенд, а уште помалку панк-бенд, не спие во хотел, не јаде во ресторани и нивниот менаџмент, кој не треба ни да го имаат, не изнајмува јавна куќа за опуштање по концертот како во случајот со „Kвин“ - појаснува Тасевски.


Да се биде музичар и да се биде бенд на турнеја според него значи да се има кал под ноктите, смрдливо комби и бели дробови полни со прав.


- Животот на една турнеја те учи да ги задоволуваш твоите основни потреби и да бидеш среќен со тоа. Рокенролот не е менаџмент, првокласен кокаин и базен со проститутки, туку черга, спиење на под, неизвесност и само големо задоволство на срцето. Тие што го имаат сето тоа во рајдер-листата, не се рокенрол. Тоа е индустрија и фолирање. Да им објасниме на луѓето што имаат нејаснотии како мојата пријателка - тоа е убавината на панк-рокот. Неизвеноста, наивноста и безграничното пријателство. Во еден обичен ден стануваш во осум часот, возиш до следниот град, пристигнуваш, запознаваш суперлуѓе и се дружиш на и по концертот. Често не знаеш каде одиш, каде ќе спиеш и кој ќе те пречека. Убавината е во тоа што во 99 отсто од случаите запознаваш добри луѓе, немаш време за ништо друго и забораваш на светот – открива Фиц.


Свирки и дружба


Ивица Димитриевиќ од минималистичкото дуо СИЗ појаснува дека досега биле на една турнеја заедно со скопското гаражно рок-трио „Ха, ха, ха“.


- Турнеја е пат и свирење и дружба, a с` останато е помалку важно. Инаку спиеш на разни места од приватни станови, „сквотови“, на сцената на која свириш, комби, посебни места за бендот во рамките на клубот ... На турнеја се „заработува“ и тоа искуства, нови луѓе и контакти. Пари може да се заработат од турнеја, но тоа да се достигне треба работа и максимална посветеност. Вообичаено, на крајот си на позитивна нула или во некој мал плус, а понекогаш и во мал минус – објаснува Ивица.


Скопскиот панк-рок бенд „Фонија“ за да реализира серија на концерти надвор од државава никогаш не бил финансиски поддржан од некоја институција.


- „Фонија“ е си уште е на почеток. Имаме помалку од 100 концерти зад себе. Мотивација од финансиска природа нема, а ако има, тогаш немаше да го правиме ова вака. Поентата е да ја прошириме нашата приказна што е можно подалеку, да свириме пред што е можно повеќе луѓе и да не правиме никакви компромиси по пат – завршува вокалот и гитарист Дени Kрстев.


ЛОКАЛНИ ГРУПИ А СЕ УДИРААТ ВО ГРАДИ


Фиц од „Новиот почеток“ смета дека немале многу примери во нашата држава од кои можеле да учат што значи да се биде вистински бенд.


- Потребни беа години и куп искуства за перцепцијата да ни се измени - дека всушност е џабе што се удираш во гради дека си бенд кога ништо не си постигнал и никој не те знае подалеку од Ѓорче Петров. Учевме од многу грешки во минатите години, па така научивме и на најважната грешка - да не бидеме локални, да заборавиме дека постојат границите … – завршува тој.

Noviot Pochetok - Kauch Kral (Official Video) HD - YouTube
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Zurück
Oben