Du verwendest einen veralteten Browser. Es ist möglich, dass diese oder andere Websites nicht korrekt angezeigt werden. Du solltest ein Upgrade durchführen oder einen alternativen Browser verwenden.
Seshi Skenderbej ne Shkup/ Плоштадот Скендербег во Скопје Skenderbeg Platz in Skopje
Привршува првата од трите планирани фази во реализацијата на плоштадот Скендербег, кој се гради на јужниот приод на Старата скопска чаршија во општина Чаир. Целиот проект треба да финишира до 2014 година, до кога плоштадот ќе се прошири и на територијата на општината Центар, се до објектот на Македонската филхармонија [»мапа]. За таа цел ќе биде премостен булеварот Гоце Делчев на потегот од крстосницата со улицата Стив Наумов до стоковната куќа „Мост“. Првата фаза беше најавено дека ќе чини 2,5 милиони евра, а за целосна реализација на трите фази се потребни околу 10 милиони евра. Проектот го финансираат Владата на Република Македонија и Општина Чаир.