Осум албанци претепале двајца македонци и еден полицаец
10.03.2012 - 16:40 | Македонија
Двајца Македонци се истепани, а еден полицаец Албанец е повреден во физички напад со меѓуетничка димензија час и половина по полноќ.
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/osum-albanci-pretepale-dvajca-makedonci-i-eden-policaec
Двете момчиња на 23 години се движеле по овој тотоар на булеварот Маршал Тито кога биле врз се нафрлиле 8 лица сите од албанска националност.
Ги собориле на земја и почнале да ги удираат. Тепањето го забележале полицајци кои интервенирале, но еден од осумчлената група на полицаецот со тврд предмет му направил расекотина на левата аркада.
Напаѓачите побегнале, а повредените се однесени во болница. Двајцата другари се пуштени по пружената лекарска помош, додека на полицаецот му е извршена хирушка интервенција и е задржан на болничко лекување.
Инаку вчера две средношколки Македонки од тетовската гимназија во сличен физички напад беа истепани.
Кога се враќале од училиште во 18.30 часот биле пресретнати од петмина кои без да прозборат почнале да ги удираат по што побегнале. Двете 15 годишни девојчиња немаат видливи повреди.