Zoran
Μακεδоν τ
EP adopts resolution on Macedonia, recommendation for start of EU entry talks reiterated
Strasbourg, 14 March 2012 (MIA) - The European Parliament with an overwhelming majority of votes adopted Wednesday the resolution on Macedonia's progress in 2011 in which MEPs once again urged the Council of EU to set a date for start of membership talks with the EU as soon as possible.
The resolution also underscores the importance of endorsing the country's efforts made toward EU integration.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=92144286&lId=2
Strasbourg, 14 March 2012 (MIA) - The European Parliament with an overwhelming majority of votes adopted Wednesday the resolution on Macedonia's progress in 2011 in which MEPs once again urged the Council of EU to set a date for start of membership talks with the EU as soon as possible.
The resolution also underscores the importance of endorsing the country's efforts made toward EU integration.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=92144286&lId=2
Ховит се спротивстави на условувањето на преговорите со ЕУ
Среда, 14 Март 2012 11:32
http://kurir.mk/makedonija/vesti/64243-Hovit-se-sprotivstavi-na-uslovuvanjeto-na-pregovorite-so-EU
![]()
Во Европскиот парламент заврши дебатата за напредокот на Република Македонија во процесот на евроинтеграциите во 2011 година.
Главната порака е дека земјата треба да започне колку што е можно побргу преговори за членство во ЕУ, позиција која ја дели мнозинството во Европскиот парламент, што е во согласност со залагањето и на Европската комисија.
Претседавачот со Европскиот совет, данскиот министер за европски прашања Николај Вамен набројувајќи го напредокот кој земјата го постигна во изминатиот период, како и она што останува да се направи, нагласи дека во Советот на ЕУ се дели мислењето дека Македонија ги исполнува условите за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Но, тука е нерешениот проблем со името кој очигледно е единстевнаат пречка за почеток на преговорите.
И во текот на дебатата преовладуваше прашањето за името, што на говорниците не им остави многу простор за да дискутираат за другите прашања опфатени во резолуцијата на Ричард Ховит.
Николај Вамен најави дека прашањето за почетокот на преговорите за членство во ЕУ ќе биде поставено пред Советот пред крајот на данското претседателство со Унијата.
- ЕУ и вети на поранешната југословенска Република Македонија да стане членка на ЕУ, ние тоа ветување треба да го почитуваме. Разбирам што има членови на ЕП што се разочарани што преговорите за членство немаат започнато. Но, јасно е дека за една земја која сака да стане членка на ЕУ потребно е таа да има добар дијалог со своите соседи, рече министерот за европски прашања на Данска, додавајќи оти прашањето за името е билатерално и тоа треба да биде решено на прифатлив начин за двете страни.
За Данското претседателство е важно да се реши проблемот пред да започнат вистинските преговори, рече Вамен, изразувајќи надеж дека наскоро ќе биде најдено решение.
Најголемиот број од европратениците кои учествуваа во дебатата, а што стои и во резолуцијата на Ховит се спротивставија на условувањето на стартот на преговорите со претходно решавање на прашањето за името, повторувајќи уште еднаш дека преговорите треба да започна веднаш.
Комесарот за проширување Штефан Фуле, кој ја најави неговата утрешна посета на Скопје и почнувањето на дијалогот на високо ниво со Македонија, од своја страна нагласи дека дијалогот е обострано корисен, но не може да ги замени преговорите за членство. Тој ги наведе петте приоритетни области на кои треба да се работи во Македонија: правната држава, слободата на изразување и печатот, пазарната екононија, јавната администрација и реформата на изборниот систем, за што добил уверувања од македонската Влада дека ќе работи на тоа.
Во однос на барањата на Европскиот парламент за поголема вклученост на Европката комисија во решавањето на спорот со името, Фуле рече дека дека тој од секогаш ги повикувал и Атина и Скопје да најдат решение за името со заеднички напори и компроимиси.
- ОН имаат мандат во решавањето на ова прашање, ние од наша страна ќе создадеме поволна клима за компромиси и се надевам дека ќе се ангажираме во решавањето на тоа прашање, но само ако двете страни тоа го побараат од нас, посочи европскиот комесар за проширување.
Фуле во обраќањето пред ЕП даде и две забелешки. - Една од лекциите кои можеме да ги извлечеме од минатото, кое понекогаш беше тешко во Европа, е тоа дека најдобар начин за да се грижиме за иднината на своите граѓани е да се грижие исто така и за своите соседи и за начинот на кои тие ве разбирараат. Друга поука е дека треба да се има идентитет со корени во минатото, тоа е јасно утврдено во нашиот сегашен и иден статут, заврши Фуле.
Во расправата беше изразена и загриженост и околу последните инциденти во Македонија на етничка основа и стравување дека тие можат да добијат поголема димензија.
Инаку во резолуцијата за напредокот на Македонија, за која денеска ќе гласа Европскиот парламент, предложени се седум нови амандмани, но тие не треба да го изменат суштински предложениот текст.
Известувачот Ричард Ховит предложи три амандмани, со кои додава нов параграф во резолуцијата, во кој се нагласува дека „отворањето на дијалогот на високо ниво меѓу Комисијата и Македонија на 15 март 2012, претставува чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата“. Оценувајќи дека „дијалогот ќе создаде нови ангажирања во корист на реформите и зајакнување на меѓусебните односи во рамките на семестралните политички состаноци“.
Ховите го дополнува и текстот со настанатите промени, како околу значењето на перспективите за членството во НАТО и ЕУ. Притоа тој покрај самитот на НАТО во мај 2012, го споменува и Советот на ЕУ во мај 2012, наместо претходно наведениот во март годинава. Тие според Ховит „се значајна прилики за да се напредне“. Ховит во резолуцијата ја актуелизира и најавата на македонската влада за декриминализација на клеветата.
Во предложените амандмани нема ништо за инцидентите кои изминатиов период ја брануваа Македонија. Но, затоа пак грчкиот европратеник Николаос Салавракос, поддржан од литванецот Роландас Паксас, бараат бришење од резолуцијата на терминот „македонски“, како и поздравувањето на успехот на македонските кошаркари на европското првенство, што не беше многу поддржано во утринската дискусија во ЕП.
Четворица европратеници од групата на Зелените предводени од Даниел Кон-Бендит го поздравуваат предлогот на грчката влада за сложено име за Македонија, со географска одредница. Овај предлог, според нив е добра основа за компромис, но под услов да не бидат ставени во прашање македонскиот национален идентитет, јазикот и културата.
Препораката за почеток на преговори останува во резолуцијата, која во дебатата беше оценета како реална. Сите европратеници уште еднаш денеска констатираа дека клучниот проблем за Македонија за нејзиниот напредок на патот на евроинтеграциите останува нерешениот проблем со името