Турција се застапува за Македонија во НАТО
Проширувањето на членството не е дел од агендата на самитот на НАТО следната недела во Чикаго, но Турција се обидува да го покрене прашањето преку индиректен состанок на самитот за Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина (БиХ) и Грузија, со посебен фокус на Македонија.
„
Барањето на Македонија за членство е многу праведно и тоа ќе биде придонес за мирот и стабилноста на Балканот“, рече за време на својата посета на Скопје во четвртокот (7-ми мај) Џемил Чичек, претседател на турскиот парламент.
Чичек рече дека Турција ќе стори сé што е во нејзина моќ за да го стави на маса прашањето за влезот на Македонија во НАТО.
Турција �е за�тапува за Македонија во ��ТО (SETimes.com)