Die Statue hat jetzt nen Sponsor, sie wird finanziert von Indiens größtem privaten Arbeitgeber der wohl auch bald in MK investieren wird, platzt ruhig vor Neid ihr Neider
Индискиот мултимилијардер ќе го финансира споменикот на Мајка Тереза
Рој најави дека ќе инвестира во Македонија. Се работи за голема инвестиција. Но не сака да открива колкав ќе биде износот. Вели таа инвестиција може да биде во областа на производството кое ќе се извезува или пак нешто што ќе привлекува туристи.
Човечко суштество е мал збор со кој може да се опише Мајка Тереза. Се воодушевувам на нејзиниот лик и дело - рече денес мултимилијардерот Субрати Рој кој дојде во посета на Македонија. Тој најави дека со задоволство ќе го финансира градењето на големиот споменик во нејзина чест. Мајка Тереза ја сретнал последен пат кога таа била на смртна постела, а со нејзината скромност, чесност и великодушност го воодушевила. Таа од него побарала да им даде храна на сиромашните деца и го замолила да се грижи за нив.-Среќен сум и благодарен што можам да направам нешто за Мајка Тереза, како споменик на пример. Дефинитивно размислувам да вложам во тој проект, рече бизнисменот.
Покрај тоа индискиот мултимилијардер Рој најави дека ќе инвестира во Македонија. Се работи за голема инвестиција. Но не сака да открива колкав ќе биде износот. Вели таа инвестиција може да биде во областа на производството кое ќе се извезува или пак нешто што ќе привлекува туристи.
Своите намери ги соопшти денеска по средбата со премиерот Никола Груевски и владиниот економски тим во Владата на Република Македонија на која беше запознат со можностите за инвестирање во Македонија, а подетално со состојбите на терен ќе биде запознат во наредните денови при посета на повеќе региони во земјава.
- Планирам да воспоставам бизнис тука. Тоа би можело да биде производство кое ќе се извезува или ќе биде нешто што ќе привлече туристи. Не е нешто мало. Би инвестирал во нешто големо, бидејќи тука се чувствувам убаво, а и ние сме голема компанија и тоа што го имам на ум ќе биде нешто големо, истакна на прес-конференција со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, индискиот мултимилијардер Рој.
Тој додаде дека во моментов не може да каже колкава би била инвестицијата, но истакнува дека не се дојдени во Македонија за нешто мало. – Ние сме големи, почнавме со 40 долари во 1978 година, а сега имаме 25 милијарди долари, рече Рој, кој истакна дека во Македонија се чувствува убаво, задоволен е од пречекот и оти неговиот впечаток за претставниците од Владата со кои имал средба и во Индија е дека се чесни.
На средбата, како што рече министерот Ставрески, изразил интерес за повеќе области, како агроиндустријата, преработувачката индустрија, туризмот, градежништвото, недвижностите, туристичките зони, како и минералните суровини.
- Република Македонија е домаќин на уште еден значаен крупен бизнисмен, чија посета е уште еден доказ дека напорите на Владата преку презентацијата како добра бизнис дестинација вродуваат со плод, рече министерот и додаде дека целта од оваа посета е да остават добар впечаток како држава, како Влада, како институции.
Истакнувајќи дека инвестирањето е процес на запознавање со сите потенцијали, можности и детали во Македонија, но и запознавање со луѓето во државата и со квалитетот на институциите и на претставнциите на тие институции, Ставрески рече дека целта на Владата е од оваа посета е да оставиме добар впечаток како држава, добар впечаток што се однесува на квалитетот на институциите, на начинот на кој Владата ги пречекува инвеститорите и разговара со нив за да почувствуваат дека се наоѓаат во земја која ги задоволува сите меѓународни стандарди да започнат свој бизнис.
Индискиот мултимилијардер, основач и сопственик на компанијата Сахара Индија Паривар, Субрата Рој e прогласен за еден од највлијателните луѓе и најголем приватен работодавач во Индија. Ваботува околу два милиони луѓе, има капитал од приближно 65 милијарди долари и работи во голем број бизниси, како во финансиите, осигурувањето, градежништвото, изградба на болници, универзитети.