СИТЕ МАКЕДОНЦИ ЕДЕН ЗА ДРУГ!
СИТЕ МАКЕДОНЦИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СВЕТ!
Почитувани Македонци, не прашувајте што татковината стори за Вас, запрашајте се што Вие сторивте за Македонија!
Македонија не е право само на еден Македонец, таа е обврска на сите Македонци!
За почеток, така ќе знаеме колку сме и каде сме, така ја чуваме Македонија, сторете го следното:
Прво, Веднаш или штом сте во можност, пријавете го секое новородено дете, секој брак и умрен во надлежната амбасада и конзулат ако сте надвор од Македонија или во надлежната полициска станица додека сте во Македонија.
Второ, Никогаш и за никаква цена не продавајте земја или недвижен имот на друг во Македонија ако со тоа се менува етничката структура на населението во државата.
Трето, Множете се, купувајте земја и недвижен имот во Македонија, инвестирајте во Македонија, трансферирајте ги Вашите пари, искуства и знаења во Македонија! Вратете се на Вашите родни огништа, Македонија постојано Ве чека и Ве сака! Никогаш не’ заборавајте ја Македонија! Ако не нема во Македонија и Македонија ќе ја нема, ако Македонија ја нема ќе не снема и нас Македонците каде и да сме!
Четврто, Пријавете го Вашиот престој во надлежната амбасада и конзулат ако сте надвор од Македонија или во надлежната полициска станица додека сте во Македонија, за да Ве запишат во избирачкиот список и изборната единица каде што сакате да го остварите Вашето избирачко право на парламентарните и претседателските избори, во Македонија или во државата каде што престојувате или живеете.
Петто, Поведете постапка за добивање и на македонско државјанство како Македонци по потекло или заменети ги неважечките пасоши и лични карти, независно од ажурноста на постапката, во надлежната амбасада и конзулат ако сте надвор од Македонија или во надлежната полициска станица додека сте во Македонија.
Шесто, Во сите пописни листи, датотеки и формулари во графата за етничко потекло, независно од Вашето државјанство, наведете Македонец. Секогаш учете го и никогаш не заборавајте го мајчиниот македонски јазик! Сме го описмениле и покрстиле Истокот, сме им дале патрони на Западот, македонската цивилизација е основа на современиот културен глобализам и на Нова Европа!
Седмо, Формирајте Македонска заедница во местото и државата каде што престојувате или живеете и обединете се во Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, негувајте ги обичаите и традициите, јазикот, културата и историјата на Македонците и на Македонија, прокламирајте ги универзалните вредности на македонската цивилизација, градете го македонскиот свет, ширете ја вистината за Македонија! Бидете и останете горди и достојни Македонци, почитувани, домаќини, богати и успешни!
Осмо, Во земјите каде што престојувате или живеете формирајте Македонска партија или осојузете се со друга политичка партија и интегрирајте се во институциите на системот на локално и на државно ниво. Имајте Ваши советници и службеници во единиците на локалната самоуправа, имајте Ваши пратеници, министри и службеници во институциите на власта! Градете македонско лоби, ширете го кругот на пријателите на Македонците и на Македонија, во земјите каде престојувате или живеете и во меѓународните организации!
Деветто, Во секое време, на секое место и пред секого афирмирајте ги Македонците и Вашата татковина Македонија, пишувајте до секого петиции и писма за признавање на Македонија под нејзиното единствено историско државно име и за признавање на Македонците и на македонскиот јазик, за човековите и граѓанските права и слободи на Македонците во сите делови на Македонија, за окупацијата на Македонија и за геноцидот врз Македонците од Балканските војни 1912-1913 година до денес. Демонстрирајте против секоја власт секогаш кога сме дискриминирани и дискредитирани!
Десетто, Бидете обединети, затоа што силата е во единството! Меѓусебните спорови решавајте ги вонсудски, договорно и арбитрарно, а не судски и со полиција! Помирувањето, покајанието и проштевањето се дел од нашата култура на меѓусебна толеранција, коегзистенција и разбирање.
Македонија вечна! Амин!