Strumica hat eine "Stadtuhr" bekommen
Струмица збогатена со градски часовници
Четврток, 24 Февруари 2011 10:19
На новоизградената саат кула на новиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица поставени се три големи градски часовници.
Саат кулата, за чија што изградба градежната фирма „Адора инженеринг“ од Скопје донираше околу 30 илјади евра, е со модерен архитектонски дизајн и со современа, главно метална конструкција.
Раководителот на Секторот за урбанизам на Струмица, Стојан Динев, информира дека саат кулата има форма на рамностран триаголник и е висока околу 18 метри. Трите часовници со димензии од два метра, се со ГПС навигација што е гаранција дека секогаш ќе покажуваат точно време.
Последниот проект на новиот плоштад во Струмица е малиот водопад во кој наскоро се очекува да потече вода, а кој е составен дел Саат кулата, како и пуштањето на големиот водопад со мозаик на картата на светот, сместен во горниот дел на плоштадот.