In der Ecke wird grad viel gebaut, letztens auch neue Luk Oil Tankstelle eröffnet, weiter oben Richtung Vardar ensteht neue Kirche und Sportplätze. Da am linkem Bildrand entstehen neue Wohnhäuser.
[h=2]Забрзано се градат висококатниците во скопски Аеродром. Погледнете ја мега галеријата од терен.[/h]
Како што вели раководството на компанијата, Џеваир Холдинг, со помош на совремемена технологија и организација во работењето, за пет работни дена се подига по еден кат од зградите. Четирите висококатници ќе се издигаат на висина до 135 метри и ќе бидат највисоки во регионот. Со темели кои одат 24 метри под земја од Џеваир велат дека тоа ќе бидат најбезбедните згради во земјата, способни да издржат земјотрес до 10 степени. Висококатниците ќе имаат по 42 катови.
Со оваа динамика проектот, најавен за шест години, најверојатно ќе биде изграден за половина од предвиденото време. Комплексот кој се гради на површина од 35.000 квадратни метри ќе има над 1350 станови и ќе понуди домување за околу 6000 луѓе. Во него се гради трговски центар и паркинг за 7000 возила.
Инвестицијата вреди половина милијарда евра, што ја прави најголемата приватна инвестиција во Македонија.
Der Investor hat angegeben ,dass die Wolkenkratzer schon in 2 Jahren fertig sein sollen.
Се работи на првите две 42-катници, односно работите се стасани до 12 кат, а се очекува да привршат до август годинава. Изградбата на другите два објекта, како и трговскиот центар, ќе почнат потоа До август годинава ќе заврши изградбата на двете од четирите 42-катници во Аеродром, уверени се инвеститорите од претставништвото на турската компанија „Џеваир холдинг“, кои со реализација на овој зафат почнаа во јули лани. Надлежните оттаму потенцираа дека се работи турбо, па целата работа најверојатно ќе ја завршат за две и пол години, а не за планираните шест. По финиширање на работите, на ред ќе дојдат и другите два солитера.
Станбено-деловните објекти се на просторот меѓу булеварите Трета македонска бригада и Србија, а на самото место, но оддалеку, може да се види дека издигањето на првите две згради е до 12 кат. Градилиштето е обезбедено и никој не смее во него да влезе освен работниците и надлежните од компанијата.
- Благодарение на современата технологија и добрата организација, за пет дена правиме по еден кат. Темелите и плочата се поставени и за вторите две, но на нив ќе се работи откако ќе завршиме на веќе почнатите. Секоја зграда има од 180 до 185 столба, широки по еден метар, а длабоки по 24 метри. Тоа ќе бидат најбезбедните згради, способни да издржат земјотрес од 10 степени - објаснуваат од претставништвото на фирмата во Скопје.
Во рамките на солитерите предвидени се деловни простории, базени, фитнес, тениско игралиште и други содржини. Околу хортикултурното уредување на просторот ќе се размислува дополнително.
На истата локација, веднаш до солитерите, планиран е и четирикатен трговски центар.
За неговите темели веќе е ископана дупка, информираа надлежните инвеститори. Во него ќе има маркет, бутици, кафулиња, ресторани, но и шест кина на најгорниот кат.
Паркирањето ќе биде решено подземно, на две нивоа. Kако во секоја од зградите, така и во трговскиот центар. Вкупниот капацитет на сите објекти е 7.000 паркинг-места.
Локацијата во Аеродром, со површина од 21.150 квадратни метри, „Џеваир холдинг“ ја купи уште во мај 2010 година. За квадратен метар плати 4.700 денари, односно вкупно околу 1,6 милион евра. Според информациите од турската компанија, целиот проект ќе ги чини 300 милиони евра.
This site uses cookies to help personalise content, tailor your experience and to keep you logged in if you register.
By continuing to use this site, you are consenting to our use of cookies.