Aktuelles

Exotic Cars in Macedonia

[h=1]ФОТО: Паљото го продава бетмобилот за 3.500 евра[/h]
Петок, 10 Мај 2013 10:39





[h=2]Еден од најпознатите македонски билдери, Зоран Лазаревски-Паљо, го продава својот автомобил. Овој бетмобил е уникат во Македонија поради финесите со кои самиот Паљо го направи да личи на автомобилот на неговиот омилен суперхерој – Бетмен.[/h]
paljoto-500.jpg

-Автомобилот не е скап. Тоа е „ФИАТ", ама е од истиот дизајнер што го направи „ферарито", тоа е Пининг Фарина. Произведен е во 97 година. Ја купив од Бугарија. Потоа сам ја преуредив со темна фолија, спојлери, бандажи, појачан мотор. Инаку, ги сакам спортските автомовили бидејќи јас сум спортист. Сакам да е темпераментна, јака, брза, да можам да стигнувам секаде – изјави Зоран за време на неговата изборна кампања
paljo-auto-500.jpg

Сега бетмобилот на Паљото се продава за 3.500 евра, но, како што самиот потенцира, цената не е фиксна.
 
[h=1]„Летечкиот Македонец“ по нов рекорд на Водно[/h]
Петок, 10 Мај 2013 16:00





[h=2]Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе, познат уште и по прекарот „Летечкиот Македонец“, претставувајќи го својот нов тркачки автомобил го најави настапот на трката која викендов ќе се одржи на „Водно“. Целта на Стефановски е да го собори постоечкиот рекорд од 2 минути 12 секунди и 14 стотинки.[/h]
50000DSC0285.jpg

На „Водно 2013“ Игор ќе се соочи со конкуренција од преку 30 натпреварувачи.
Во своите досегашни настапи на патеката „Водно“ крај Скопје, Иџе има учествувано од најмалата класа Југо, преку Пежо, до Хонда Цивик тип Р.
- Изминативе неколку успешни настапи на меѓународната сцена ми даваат за право да се надевам на успех и на оваа трка. Новиот автомобил е мојот адут, но истовремено и предизвик. Нашиот прв заеднички настап помина одлично, и сум презадоволен од тоа како тој се однесуваше на патеката во Рекберг, изјави Стефановски на денешната прес-конференција.
Тој ќе атакува на рекордот со својот нов автомобил „Mitsubishi Lancer Evo IX“ со кој настапуваше и на натпреварот во Австрија - Рекберг од ФИА Европски Шампионат на ридски патеки каде го освои петтото место во својата класа.
Оваа турбо 4х4 машина ја придвижуваат 420 коњски сили и мотор од 2.000 кубика.
- Настапивме на овој Куп на безбедност на патиштата 2013 зошто ја обезбедува најдобрата комбинација на возбудливи натпреварувања и претставува основа, реална шанса, да се нападне шампионатот. Овие натпревари се стриктно контролирани од страна на ФИА, така што се обезбедуваат највисоки стандарди за ваков вид натпреварувања, објасни Иџе.
Оваа сезона македонскиот тркач ќе го вози целиот регионален шампионат ФИА Маке Роадс Сафе, и ќе настапи на дел од трките од европскиот шампионат.
 
Zurück
Oben