Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Glückwunsch: Mazedonischer Denar feiert 20 Jahre!

Welche sind aktuell?


denes1.jpg

denes2.jpg


denes3.jpg

denes4.jpg


denes5.jpg

denes6.jpg


denes7.jpg

denes8.jpg


denes9.jpg

denes10.jpg


denes11.jpg

denes12.jpg


Wobei den 5000er keiner so oft gesehen hat :lol:




 
Den 5000er hatte ich noch nie. Die Verkäufer drehen aber schon durch wenn du mit nem 1000er bezahlen willst.
 
Danke an die Griechen die gleich jeden Köder schlucken, somit wird das alles offensichtlicher ;)

PS: Die Drachme ist erstmals seit 1831 eine Währung. Davor war es nur eine Gewichtseinheit. Aber was willst du schon einem dummen Griechen erklären dem es nur daran geht sein pleite Gayllas über alles makedonische zu stellen.

Nazi halt.

wie meinst :D
 
Die 50 deni Münze wird eingezogen


[h=1]Монетата од 50 дени стана еден денар, ќарот е за компаниите[/h]01/02/2013 | Економија | 0 Коментари

Од почетокот на годинава, Народната банка на Македонија официјално ги повлече од оптек, но тие и понатаму нема да исчезнат од нашите животи. Овој „легитимен грабеж“ како што велат граѓаните, нема да прекине бидејќи законски во пресметките тие пак и тоа како ќе се користат. Така, деновиве Регулаторната комисија за енергетика ја намали цената на горивата за 0,5 денари, а и натаму сметката за струја ќе може да ви изнесува 2.300,50 денари, пишува Дневник во денешното издание.

Неодамна Советот на Народната банка донесе одлука за повлекување од промет на кованите пари во апоен од 50 дени. НБМ одлучи најнискиот апоен на денарите во прометот да изнесува 1 денар. Иако сите сфатија дека кованицата од 50 дени конечно оди во историјата, од НБМ објаснуваат дека одлуката за најнискиот апоен на денарите во прометот се однесува само на готовинскиот и безготовинскиот платен промет и на деловните книги.
- Досегот на одлуката не се однесува на утврдувањето цени и тарифи врз основа на соодветни прописи, методологии и тарифни системи. Со други зборови, одлуката не треба да се сфати во смисла дека при формирањето и утврдувањето на цените и тарифите не се користат децимали. Само при плаќањето и наплатата, како и при водењето на деловните книги потребно е износите од 0 до 49 дени да се заокружат на 0, а износите од 50 до 99 дени да се заокружат на 1 денар – објаснуваат од Народната банка на Македонија.
Половина денар не може да н` направи сиромашни, но сепак на некои фирми може да им донесе дополнителен приход. При секојдневното плаќање стоки во продавниците и при плаќањето на комуналните услуги, парното, телефонот, струјата, водата, при полнење на гориво често на сметките стои износ кој завршува со 50 дени. И сега кога нив официјално ќе ги нема, трговците како и фирмите што ги наплаќаат своите услуги износот пак ќе го заокружуваат на еден денар.
Никој официјално нема детаљна анализа колку секојдневно н` чинат 50-те дени, но простата математика вели дека н` чинат многу. Познавачите коментираат за милиони евра годишно. Токму од овие ситни и за многумина безначајни, се полнат нечии каси со дополнителен приход. Kолку на малите 50 дени заработувале и ќе заработуваат ЕВН, телекомуникациските компании, водовод, банките, трговците како и нафтените компании може само да се претпостави.
Анализата на Дневник покажа дека на пример ако се земе бројката од 560.000 домаќинства во Македонија, може приближно да се пресмета и ќарот од сметките за струја, вода и телефон, пазарување и разни услуги. Ако само на еден член од семејството дневно му се наплатат 50 дени, односно се заокружат на 1 денар, излегува дека некој дневно само од овие „невидливи“ пари заработува 280.000 денари или 4.550 евра. Односно, месечно сумата се искачува на над 136.000 евра или годишно 1,64 милион евра, само од заокружувањето на овој износ на повисокиот.
Или, пак, за илустрација, ако во еден ден во некој од поголемите супермаркети на само 1.000 граѓани на сметката им се заокружи крајниот износ на еден денар, ќарот дневно ќе биде 500 денари, месечно 15.000 денари, а годишно дури 180.000 денари. Екстра-ќар од 3.000 евра годишно во касите на трговците не е сума за потценување, иако оваа сума е минимална, бидејќи не станува збор за 1.000 граѓани, туку за многу повеќе, анализира весникот.
 
Zurück
Oben