Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

L.A.O.S hetzt in Ägäis Makedonien öffentlich gegen "Skopjaner"

Griechischer Metropolitan Antimos: Propaganda von Skopje ist satanisch

Митрополит Антимос: Пропагандата на Скопје е сатанска!
Средбите на Груевски во САД и изложбата на икони од македонски цркви во Холандија беа темите на вчерашната утринска богослужба во Солун. Митрополитот Антимос повторно во улога на презентер на вести.

Подготвен, со извадоци од печатот, на верниците им говореше за последните случувања во врска со грчката надворешна политика. Иконите и артефактите од македонските цркви изложени во Холандија, за Антимос се дел од грчкото културно наследство.

-Сите овие икони, без разлика дали се икони што ги знаеме, или се дрворези или се ракописи или се било што друго, тие се духовно и културно наследство на грчките православни христијани од Македонија, истакна Антимос- солунски митрополит.

Не изостанаа ни нападите кон Македонија, обвинувајќи ја за ширење пропаганда.

-Морам да ви кажам дека е толку силна, толку постојана, толку сатанска, толку упорна оваа пропаганда против Грција. Дека тие се Македонци, односно потомци на Александар и Филип. Многу луѓе, стотици научници од странските факултети имаат докажано дека е трагична лага мислењето што го поддржуваат скопјаните, смета Антимос.

И покрај тоа што во Грција има реакции и негодувања за праксата на Антимос наместо богослужба да говори за политика, сепак тој смета дека е доволно компетентен за да ги известува верниците за грчките отворени национални прашања.

Сања Ристовска- дописник од Грција


Da wundert einen nichts mehr...



LAOS fordert für makedonische Touristenführer, die makedonische Touristengruppen in Nordgriechenland an touristische Stätten führen, eine Bewachung und eine Art Lizenz, da diese laut LAOS "Propaganda und Lügen" verbreiten.


Ултра- десничарите од Грција бараат дозволи за македонските туристички водичи

Скопјаните шират пропаганда во археолошкиот локалитет Куклиш, обвинуваат од ЛАОС .

-Жителите и посетителите, Грци и странци во Куклиш често се сведоци на пропагандно однесување на Скопјани за време на нивната посета на античкиот регион. Учениците од ФИРОМ ги водат наставници кои ја извртуваат историјата на Македонија и Куклиш ширејќи вулгарна пропаганда, тврдат неколку пратеници од ултра- десничарската партија.

Тие бараат одговор од министерството за култура и туризам дали македонските водичи имаат соодветна дозвола од грчкото министерство:

-Зошто чуварите на археолошки локалитети и споменици, не бараат од наставниците односно водичите да покажат дозвола од Министерството за култура и туризам?

- Со оглед на тоа дека со текот на времето посетите се множат, какви чекори ќе се преземат за да се стави конечно крај на ваквата практика на Скопје?, прашуваат Јоанис Корандис, Адонис Георгиадис, Георгиос Анатолакис и Кирјакос Велопулос во дописот до министерот за култура и туризам Павлос Геруланос.

Во изминатиот период е речиси секојдневна практика членови на ЛАОС да реагираат со писма до грчките министерства за разно разни теми и новинарски прилози поврзани со нашата земја.

Сања Ристовска- дописник од Грција
 
Zurück
Oben