Македонска тава
Email| Печати |
28.02.2013 09:54:51
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
28 февруари 2013
Потребно е:
1/2 кг свинско месо кртина, исечено на мали коцки
1/2 кг јагнешки црн дроб, исечен на мали коцки
1/2 кг мешано мелено месо
1/2 кг јунешко месо (рамстек), исечен на мали коцки
200 гр сланина
1/2 кг свежи шампињони, ситно сецкани
1 кесичка крем супа од шампињони
2 домати
100 гр овчи кашкавал
2 дцл бело вино
1 чешне лук
4-5 суви пиперки
Подготовка:
- Исецкајте го целото месо на коцки.
- Од меленото месо направете смеса за ќовтиња и формирајте топчиња со големина на орев. Испржете ги ќофтенцата и останатото месо во тава на врело масло на рингла или на плотна.
- Шампињоните кои претходно ситно сте ги исецкале пропржете ги на маслиново масло. Во тоа додадете еден домат исецкан на коцкички, сецкан лук, бело вино, 3 дцл врела вода и крем супа од шампињони која претходно сте ја раствориле во 1 дцл вода. Оставете да се вари околу 15 минути, со повремено мешање за да не загори.
- Кога зеленчукот ќе биде сварен од лонецот префрлете ја содржината во земјана тава. Додадете го и место и ќофтенцата. Одозгора наредете ги преостанатиот домат сецкан на тркалца и суви пиперки.
- Печете ја тавата во претходно загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 50 минути.
- На крај додадете го одозгора изренданиот кашкавал и вратете ја тавата уште 5 минути во рерна за да се растопи кашкавалот и малку да се запече.