ВАШИНГТОН / 28.03.12 / 11:23
?????:???????????? ??????????????? ??????? ?? ?????? ???? 90-??!
Американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер изјави на Економскиот форум на земјите од Југоисточна Европа што се одржува во Вашингтон дека евроатлантската интеграција на Македонија требало одамна да е завршина“.
„Евроатлантската интеграција на Македонија требаше одамна да заврши. Во Букурешт тоа не се случи поради спорот со Грција околу името, но веруваме дека постојат решенија“, рече Рикер.
Поранешниот амбасадор на САД во Македонија изјави оти очекувал дека интеграцијата на Македонија ќе завршела уште на крајот на деведесетите.
„Имаме понудено идеи, ОН водат процес и би сакале да дојде до решение. Доколку, навистина, сакате да се вратите во историјата, македонското прашање ги мачеше не само луѓето во регионот, туку и пошироко во Европа“, рече Рикер.
„Веруваме дека имаме одговор на тоа прашање, со актуелната структура и постојните граници – тоа е одговорот. Уште подобар одговор е сите земји од регионот да бидат целосно интегрирани во евроатлантските структури, без притоа да се оштети нечиј идентитет, историја или кревки емоции“, истакнува Рикер, кој спорот за името со Грција го оквалификува како „мошне фрустрирачки“ за многумина.
Тој смета дека со демократизацијата на земјите од Југоисточна Европа, нивните жители имаат глас и удел во креирањето на подобра иднина и интеграција во Европа, за таа да биде целосна, слободна и во мир, што е и основата на американската надворешна политика кон овој дел од светот.
„За целиот регион, токму стабилноста и напредокот се поврзуваат со интеграцијата или членството во ЕУ и НАТО. Политиката на САД била и ќе биде активна поддршка на овие земји за реализирање на нивните евроатлантски аспираци“ вели Рикер./крај/ (еР) тт