Morgen ist die entscheidende elektronische Auktion, im Rennen sind>
Shkoda - Yeti,
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Renault - Koleos,
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Opel - Insignia,
Seat - Altea
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
und Volkswagen - Tiguan
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Електронска аукција за нови полициски возила
Комисијата за јавни набавки при МВР, задолжена за јавната набавка на моторни возила во полициска изведба, по извршената евалуација на добиените понуди, за во среда закажа електронска аукција за негативно јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавни набавки.
Најниската понудена цена на огласот за набавка на полициски возила, која изнесува 236.934.900 денари, ќе биде почетна цена на јавното наддавање.
Понудувачите, вкупно пет правни субјекти, ќе можат да ги намалуваат понудите најмалку за 250.000 денари, а најмногу 2.500.000 денари во секој круг од јавното наддавање.
Наместо досегашните возила „Крајслер Стратус", во игра се моделите „Шкода Јети", „Рено Колеос", „Опел Инсигниа", „Сеат Алтеа", „Фолксваген Тигуан".
Ова е втор повик за набавка за нови полициски возила, откако во претходниот во мај годинава беа доставени несоодветни понуди.
Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години беа набавени 210 патнички возила „Крајслер" и 30 џипови, сите со бензински мотор.
Набавените "Крајслери" се во голема мера амортизирани, а просечната потрошувачка на гориво на овие возила изнесува над 14 литри на 100 километри. /крај/мф/ач
- - - Aktualisiert - - -
SEAT ALTEA MACHT DAS RENNEN (dislike)
[h=1]Сеат Алтеа ќе ги замени Крајслерите на македонската полиција[/h]Текст: Kајгана/Макфакс
Македонија | 29 август 2012
„Сеат Алтеа" е новиот модел автомобили што ќе го вози македонската полиција наместо досегашниот „Крајслер Стратус". Компанијата „Ка- Дис" ја даде најниската понуда на електронската аукција за негативно јавно наддавање, што се одржа денес. За вкупно 150 возила „Ка-Дис" даде понуда од 209.750.000 денари (3,41 милиони евра), со што отпаднаа од игра моделите „Шкода Јети", „Рено Колеос", „Опел Инсигниа" и „Фолксваген Тигуан".
Единствен критериум според кој се избираа новите возила за полицијата беше цената.
Во крајната цена е вкалкулирана и бараната полициска опрема: држачи за радиостаници и друга опрема, носачи за ротациски светла, соодветна надворешна боја (полициски ознаки) и други елементи. Во тендерската спецификација беше предвидено возилата да бидат со дизел мотор со зафатнина 1900 - 2300 ццм и моќност од 110 до 140 KW. Нивното отплаќање ќе се изврши на 36 рати.
Последна набавка на полициски возила беше пред 12 години кога беа набавени 210 патнички возила „Крајслер" и 30 џипови, сите со бензински мотор. Набавените "Крајслери" се во голема мера амортизирани, а просечната потрошувачка на гориво на овие возила изнесува над 14 литри на 100 километри.