Du verwendest einen veralteten Browser. Es ist möglich, dass diese oder andere Websites nicht korrekt angezeigt werden. Du solltest ein Upgrade durchführen oder einen alternativen Browser verwenden.
Четири понуди на тендерот за 100 нови возила на МВР
На тендерот за набавка на 100 полициски возила пристигнале четири понуди - за „Цитроен Ц1Х“, „Пежо 107 акцес“, „Шкода сити гоу“ и за „Шевролет спарк“.
Отворање на понудите пристигнати по јавен тендер за набавка на сто полициски возила.
Министерството за внатрешни работи ќе одбира 100 нови возила за градско возење. На тендерот за набавка, што комисијата за јавната набавка ги отвори, на последниот ден на рокот пристигнале четири понуди. Компанијата „Автонова“ понудила возило „Цитроен Ц1Х“, „Еуроимпекс“ со „Пежо 107 акцес“, „Порше Македонија“ со „Шкода сити гоу“ и „Автомакедонија“ со возило „Шевролет спарк“. Понудите се движат од 47 милиони денари до 65 милиони и 800.000 денари. Основен услов за добивање на тендерот ќе биде најниската понудена цена на електронската аукција, изјави портпаролот на МВР Иво Котески.
Не би шпекулирал затоа што ова не се финалните понуди, ова се само првични понуди, а потоа фирмите, доколку ги исполнуваат сите неопходни услови, ќе бидат поканети на јавната аукција каде што меѓусебе ќе се наддаваат, односно очекуваме дека истите ќе ги спуштат цените, така што на крај ќе победи онаа што ќе понуди најниска цена, се разбира доколку сите фирми ги исполнуваат претходно предвидените услови. Иво Котевски, портпарол на МВР.
„Не би шпекулирал затоа што ова не се финалните понуди, ова се само првични понуди, а потоа фирмите, доколку ги исполнуваат сите неопходни услови, ќе бидат поканети на јавната аукција каде што меѓусебе ќе се наддаваат, односно очекуваме дека истите ќе ги спуштат цените, така што на крај ќе победи онаа што ќе понуди најниска цена, се разбира доколку сите фирми ги исполнуваат претходно предвидените услови“, вели Котевски.
Во првично понудените цени, освен цената на возилото, се вкалкулирани останатите елементи кои Министерството ги предвидело со тендерот, како четири резервни гуми, полициска изведба со звучна и светлосна сигнализација, гарантен период, односно сервис во рок од три години додека трае договорот и додека целосно не бидат исплатени возилата. Во наредните денови комисијата ќе изврши евалуација на понудите, односно анализа дали тие ги содржат предвидените тендерски услови по што понудувачите ќе бидат известени за терминот во кој што ќе се одржи јавното електронско наддавање.
Минатата година МВР набави 150 возила „Шкода јети“. Новите возила беа набавени преку „Порше Македонија“, а на паркингот на МВР пристигнаа пред почетокот на 2013 година. Според понудата на „Порше Македонија“, едно полициско „јети“ чинеше околу 21.000 евра, а целиот тендер околу 3.150.000 евра. Околу проблемот што настана на минатиот тендер за набавка на возила, кој беше прекинуван, Котевски одговори дека недоразбирањата се надминати.
„Возилата се веќе испорачани на МВР, можете веќе да ги видите на улица дека веќе се во употреба и МВР редовно ги исплаќа ратите и обврските коишто ги има по однос на јавната набавка.“
Во врска со хакерите што од странство ја нападнаа електронската аукција за набавка на полициски возила, која подоцна беше прогласен за неважечка, Котевски рече дека сè уште се работи на расчистување на случајот.
[h=2]Заврши рокот за доставување на понуди по јавниот тендер за набавка на сто возила во полициска изведна објавен на 25.04. годинава.[/h]
Цитроен Ц1Х Комисијата при МВР задолжена за јавни набавки денеска во МВР јавно ги отвори понудите што беа доставени во законски предвиден рок, и притоа беше констатирано дека се пристигнати четири понуди од компаниите: "Автонова" со возило "Цитроен Ц1Х", "Еуроимпекс" со "Пежо 107"; "Порше Македонија" со "Шкода Сити Гоу" и "Авто Македонија" со "Шевролет спарк".
E-auction for procurement of police vehicles
Empfehlen 0
Monday, June 17, 2013 9:24 AM
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Skopje, 17 June 2013 (MIA) - E-auction for procurement of 100 police vehicles will be held in the
Ministry of Interior on Monday.
The MoI public procurement commission has evaluated the bids, which included cars "Citroen
C1x", "Peugeot 107 Access", "Skoda Citigo" and "Chevrolet Spark".
The bids ranged from Denar 47 million to Denar 65,8 million (EUR 750,000 to EUR 1,05 million).