Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Skopje - Bauprojekte

Der Park 'Makedonia' bekam ein neues Aussehen...

​Со уредувањето на уште една зелена површина, Градот доби сосема нов поубав лик, а граѓаните на Скопје добија уште едно место каде што можат да спортуваат и да рекреираат.



Новиот парк „Македонија“ е лоциран покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на површина од над 30 илјади метри квадратни.
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.


Паркот „Македонија“- пред и по уредувањето

Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.

Во паркот е изградена една трим патека долга 700 метри и широка 3,4 метри и една асфалтирана патека долга 300 метри, а широка 2 метри. Во еден дел од паркот е направен и парк за миленичиња со површина од околу 1 000 квадратни метри, кој е опремен со различни содржини за забава на домашните миленичиња.

Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.

На дел од трим-патеката на површина од околу 300 квадратни метри се поставени и фитнес справи за вежбање. Во паркот се засадени 8 000 парчиња сезонско цвеќе од видот виола и украсна зелка и 525 ружи, од кои 175 калемени и 350 мини ружи. Досега се засадени 1 535 парчиња зимзелени дрвца мини четинари, а денеска се садат околу 300 листопадни садници.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Im Zentrum Skopje's beeilt man sich den 11 Objekten die neuen Fassaden zu rekonstruieren..
Во тек е санацијата на старите фасади на 11 станбени згради во центарот на Скопје, која ја спроведува Општина Центар. До крајот на годинава треба да се заврши изведбата на новите термички фасади, додека во соработка со невладината организација „Хабитат Македонија“ граѓаните ќе можат да ги променат дотраените прозорци со нови кои ќе им овозможат поголема заштеда на топлинска енергија во домаќинствата. Локалните власти за овој проект обезбедија 30 милиони денари од општинскиот буџет, а дополнителни средства во форма на кредити за граѓаните се издвоија и од партнерската организација. Поради големиот интерес за аплицирање на заедниците на станари, проектот е планирано да продолжи и во текот на наредната година, со што вкупната бројка на реконструирани фасади се очекува да се зголеми.

Покрај освежувањето на надворешниот изглед на старите станбени објекти кои го нагрдуваат ликот на центарот на македонската метропола, од Општина Центар велат дека со зафатот ќе се редуцира загубата на топлинска енергија и ќе се намалат финансиските трошоци на граѓаните, а ќе осигура и поголема заштита на животната средина. Проектот „Енергетско ефикасни домови“ стартуваше во текот на мај годинава со објавувањето на јавен повик за пројавување на интерес од страна на станбените единици, додека кон крајот на летото беа избрани 11 објекти врз кои во моментов се вршат градежните активности. Освен во општина Центар, невладината „Хабитат Македонија“ спроведува акционен план „Енергетска ефикасност за секторот домување“ во неколку останати локални самоуправи.

- - - Aktualisiert - - -

[h=1]Das Dorf Radisani (Region Skopje) bekommt eine neue Kanalisation

Жителите на село Радишани ќе добијат нова фекална канализација. Станува збор за изградба на собирен канал во должина од 890 метри на делницата од горниот мост на реката Серава (последна автобуска станица на 57) до патот за село Побожје.
[/h]
kanalizacija2500.jpg

Изведувач на работите е фирмата „Енергомонт“, а се очекува работите да завршат до средината на декември. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел.
Локалната самоуправа информира дека привршуваат и подготовките за старт на уште еден проект за изградба на фекална канализација по должината на десната страна на реката Серава (од ливницата Весов до бензиската пумпа). Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.
 
es wurde ein investor für das neue gebäude in der gemeinde "centar" gefunden.

Пронајден е инвеститор за новата зграда на Општина Центар

Министерството за транспорт и врски денеска ја продаде градежната парцела, на која во моментов се сместени дотраените бараки на Општина Центар. Локацијата со површина од 7.528 метри квадратни е продадена по цена од 3.080 денари за метар квадратен, поточно за атрактивниот простор во центарот на Скопје идниот инвеститор ќе треба да плати 23.186.240 денари односно над 370 илјади евра. На ова место е предвидено да се изгради 15 – катна зграда со максимална висина од 55 метри, која во иднина ќе биде новиот административен објект на општината. Официјални информации за купувачот на градежното земјиште засега не се соопштуваат. Од локалната самоуправа накратко информираат дека за електронската лицитација е надлежно Министерството за транспорт и врски, а од таму не добивме одговор на нашите поставени прашања.

Според досегашните информации, најповолниот понудувач е обврзан да го реализира проектот со сопствени финансиски средства, при што 51% од целокупниот простор со површина од 31.000 метри квадратни ќе треба да го намени за локалната администрација на Центар, додека преостанатите 49% ќе може да ги користи за сопствени цели, со предвидена намена за мали комерцијални и деловни дејности, големи трговски единици, големи угостителски единици и за култура. Идниот градител на објектот е ослободен од плаќање надоместок за уредување на градежното земјиште од страна на Градот Скопје и на Општина Центар. Компанијата ќе треба најпрвин да ги уплати финансиските средства на сметката на министерството, но и да склучи договор со локалната власт со кој ќе се обврзе дека повеќе од половина од зданието ќе го префрли во нивна сопственост. По комплетирањето на целата постапка, предвиден е рок од 12 месеци за обезбедување одобрение за градење и временски период од 72 месеци од денот на добивањето на градежната дозвола за завршување на објектот.
 
Dann stell dir mal vor wieviel Geld man einsparen könnte wenn man die Projekte ohne Statuen durchführt.

ich denke mal mehr als genug ,aber darum geht es jetzt nicht ..sondern darum das nicht nur statuen ,sondern auch sehr viele bauprojekte in skopje und ganz mazedonien gibt die, die infrastrutkur im land verbessern.

- - - Aktualisiert - - -

es werden 2 neue gebäude auf dem gelände der heutigen kasernen gebaut.

Две нови згради ќе се градат на местото на сегашните бараки на АДСДП во Дебар маало

Ќе се рушат старите бараки во кои е сместено седиштето на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) во Дебар Маало и на нивно место ќе се градат две 18-метарски згради со намена за комерцијални и деловни дејности. Министерството за транспорт и врски распиша оглас за продажба на двете градежни парцели со вкупна површина од 5.675 метри квадратни по цена од 6.000 денари за метар квадратен. На земјиштето ќе може да се подигнат две зданија со приземје, четири ката и поткровје, со канцелариски простор на површина од 19.395 метри квадратни и со подземен паркинг простор што треба да прими 259 возила. Идниот инвеститор на атрактивните парцели ќе треба 4.000 метри квадратни од вкупно изградената површина да ги префрли во сопственост на АДСДП, при што деловниот простор мора да биде лоциран на приземје или пак на првите два ката од објектите и да биде изграден во завршна фаза без ентериерно уредување.

Административниот персонал на јавното претпријатие ќе биде привремено префрлен во канцелариски простор, за чие изнајмување е задолжен најповолниот понудувач на електронското јавно наддавање. Пријавите за учество на лицитацијата треба да се достават најдоцна до 27 декември во посебен плик за секоја градежна парцела одделно, а компанијата што ќе ги гради двете згради ќе биде позната на 2 јануари 2013 година. Покрај зацртаните 4.000 метри квадратни во Дебар Маало, АДСДП во иднина ќе добие канцелариски простор и во рамките на новата административна зграда која што ќе ја гради македонската влада спроти хотелот „Бристол“ во строгиот центар на Скопје.
 
5 weitere gebäude im stadtzentrum von skopje bekommen eine neue fassade.

Се подготвува промена на уште пет фасади во центарот на Скопје

Градот Скопје ќе изготвува основни проекти за реконструкција на надворешниот изглед на пет објекти во централното градско подрачје. Проектантската компанија „Инком инженеринг“ од Скопје веќе ги започна активностите за изработка на неопходната документација за менување на постоечките фасади на зградите лоцирани на ул. „Никола Вапцаров“ бр.9, 11 и 13 и на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 10 и 20, при што за нејзино завршување од градскиот буџет се одвоени 3.386.600 денари, односно околу 55.000 евра. На почетокот од март наредната година ќе бидат завршени основните проекти, по што локалната власт би пристапила кон избор на градежна компанија што ќе ги врши изведбените активности. Идејните решенија за санација на сите фасади ги изработи архитектот Звонко Ставревски, кој ја доби првата награда во вредност од 700.000 денари на распишаниот конкурс од пред неколку месеци.


17Fasadi%200106.jpg



Градската власт во текот на наредната година планира со засилено темпо да работи на новиот „барокен“ лик на центарот на Скопје. Ако се земе во предвид предлог – буџетот на Градот, тогаш догодина на проекти, изработка и надзор на фасади ќе се потрошат 115 милиони денари или речиси 2 милиони евра. Покрај завршувањето на веќе започнатите објекти на плоштадот „Македонија“, речиси е сигурно дека ќе започнат активностите за промена на изгледот на објектите „Сити Галери“ и „Метропол“, како и на неколку зданија лоцирани на улиците „Македонија“, „Никола Вапцаров“ и „Димитрија Чуповски“. Иако дел од архитектонските решенија се готови, од Градот Скопје сеуште не објавуваат визуелен материјал од кој би можело да се види како ќе изгледа строгиот центар на Скопје во иднина.


 
ADSDP bietet in Zukunft billigere Wohnungen an.

АДСДП во иднина ќе нуди поевтини станови

Владата планира да влијае на намалување на цената на становите во земјава преку Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Во претстојниот период ќе се градат повеќе згради кои што ќе понудат станови на пазарот по цени поевтини за 15 до 20 отсто во однос на нивната сегашна пазарна вредност. АДСДП во моментов гради 527 станови во девет објекти на територијата на главниот град, а во текот на наредната година е предвидено да се започне со градба на уште 10 нови згради со вкупно 508 станбени единици. „Анализите покажаа дека притисокот за највисоки цени на станбениот квадрат се чувствува во главниот град Скопје, и затоа најголем дел од предвидените станови, и првите две фази од проектот, се планирани да се изведат во Скопје, со цел да се влијае на намалувањето на цената на квадратот во главниот град“, истакна на денешната прес – конференција портпаролот на македонската влада Александар Ѓорѓиев.

Покрај во главниот град, за наредната година е предвидено да стартува изградбата на четири згради со околу 150 станови во општините Тетово, Кочани, Гостивар и Штип. Во согласност со програмата на македонската влада, во текот на 2014 година ќе се градат дополнителни осум згради со вкупно 559 станови. АДСДП во проектот за зголемување на обемот на станови на страната на понудата ќе учествува со финансиски средства во износ од 80 милиони евра. Тие ќе бидат вложени во наредните две години, при што пазарот на недвижности ќе биде побогат за 1.724 станови изградени од јавното претпријатие. Десет отсто од комерцијалните станови ќе бидат наменети за децата без родителска грижа. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев напомена дека во текот на наредната недела ќе се организира нов јавен оглас за продажба на комерцијални станови во Скопје по цена од 795 евра за метар квадратен.


 
ganz skopje wird mit gas-leitungen ausgestattet

Скопје ќе се гасифицира по пат на јавно – приватно партнерство

ar_th_gasifikacija5.jpg
Градот Скопје денеска објави оглас за пројавување интерес за учество во јавно – приватно партнерство за изградба на идниот систем за дистрибуција на природен гас и за управување со дистрибуцијата на природен гас на територијата на главниот град. Начинот и условите за реализација на долгонајавуваниот проект за гасификација на Скопје дополнително ќе се утврдуваат во соработка со компаниите што ќе достават писмо за интерес најдоцна до 21 декември. Според информациите наведени во јавното известување, локалната власт планира да ја изведе секундарната гасоводна мрежа и дистрибуцијата на енергенсот до потрошувачите по пат на доделување на концесија во временски период кој сеуште не е определен.


Во изготвената студија од Градот Скопје се наведува дека вкупната инвестиција за реализација на дистрибутивната мрежа би изнесувала околу 40 милиони евра, финансиски средства кои ќе треба да ги обезбеди идниот приватен инвеститор што ќе ја добие концесијата во соработка со градската управа. Засега е непознато што би опфатил моделот на јавно – приватно партнерство, поточно дали иста компанија би ја добила обврската за изведба на дистрибутивната мрежа и наплатата од користењето на услугата за проток на гас заедно со правото да ја врши дистрибуцијата на природниот гас до крајните потрошувачи или пак овие две дејности би ги вршеле различни компании.

Главната причина за одложувањето на процесот на изградба на дистрибутивната мрежа беше недовршениот гасоводен прстен околу македонската метропола, поточно сегментот помеѓу топланите Исток и Запад што минува долж трасата на Јужниот булевар. „ГА-МА“ вложи околу 2,5 милиони евра во изградба на преостанатите шест километри од цевководот во текот на изминативе две години. По неговото завршување се отвора можноста за гасифицирање на индустриските објекти во западниот дел на главниот град, но и конечно започнување на следната фаза за изведба на системот за дистрибуција на природен гас. На територијата на Скопје веќе постојат две мерни станици на магистралниот гасовод кај фабриката „Охис“ и кај скопската Железарница. Магистралниот гасовод до македонската метропола беше изграден во 90-тите години, но освен приклучувањето на индустриските капацитети од источниот дел на градот досега не е направен никаков напредок во гасификацијата на преостанатите компании и на домаќинствата.
 
Изгласан Генералниот урбанистички план за Градот Скопје за периодот2012 – 2022 година

Советот на Град Скопје вчера го усвои новиот Генерален урбанистички план за периодот 2012 – 2022 година. Македонската метропола во финалната верзија на документот е поделена на 11 градски зони и на 162 квартови како основни урбанистички единици. Врз основа на спроведениот попис од 2002 година и на демографската студија од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, стратегијата за развитокот на главниот град е направена за предвидена популација од 634.200 жители. Урбанистичкиот план опфаќа површина од 8.790 хектари што е за 990 хектари повеќе во споредба со досегашниот, бидејќи во него е внесена и територијата на Општина Сарај. Новиот ГУП, на кој во континуитет се работеше во изминативе две години, го подготви Агенцијата за планирање на просторот.


GUP%20na%20Grad%20Skopje%202012-2022.jpg



Важниот документ за развитокот на главниот град треба да се операционализира во рок од еден месец, по што општините ќе можат да започнат со изработката на деталните урбанистички планови. Тие би можеле да се соочат со проблеми во првите неколку месеци од неговото функционирање, бидејќи за секој градски кварт ќе биде потребно да се изработи и да се усвои посебен план. Наспроти ова, со ваквиот потег ќе им се овозможи на локалните самоуправи да имаат поголема слобода во планирањето и подетално да ја предвидат намената на просторот под нивна ингеренција. Со новиот ГУП не се променети границите на Градот Скопје, но се направени измени во намените на одредени површини во негови рамки. Зголемени се површините на територијата на главниот град кои опфаќаат повеќе намени за изградба на објекти, со што на граѓаните кои живеат во рамките на индустриските зони им се овозможува да ги легализираат своите објекти. Покрај со намена за индустриска зона, територијата на населбата Ќерамидница е предвидена за домување, деловни објекти и јавни функции. Сепак, на дивоградбите во Парк – шумата Водно не им се остава простор за легализација.

Нереализираните сообраќајни траси од изминативе децении, како што е Јужниот булевар, Јужната обиколница и булеварот Крушевска република, се вметнати и во планот за развитокот на градот во наредните 10 години. Стручната јавност, скопските општини, економските субјекти и граѓаните имаа можност да учествуваат со свои предлози и забелешки во текот на изготвувањето на документот. Нацрт – верзија на документот се гласаше два пати од страна на градските советници, додека дел од експертите изразија критики кон одредени сегменти кои што истиот ги содржи. Најголемиот посочен недостаток претставува отсуството на Просторен план на регионот, кој би требало да се изработи пред усвојувањето на Генералниот урбанистички план.
 
So soll dann die neue Karte Skopje's aussehen.

azeGe.gif



Центар
Ц01 Јужен Мал Ринг
Ц02 Влада на Република Македонија
Ц03 Соборен Храм „Св.Климент Охридски“
Ц04 Плоштад Слобода
Ц05 Јужен Градски Ѕид
Ц06 Музеј на Град Скопје
Ц07 Градска Болница
Ц08 Ново Маало

Центар - Север
ЦС01 Момин Поток и Западно Кале
ЦС02 Стара Скопска Чаршија
ЦС03 Северен Мал Ринг
ЦС04 Универзитетска Библиотека
ЦС05 УКИМ / Западно Крњево
ЦС06 Судови и МРТВ / Западно Карадаг Маало
ЦС07 Источно Крњево
ЦС08 Источно Карадаг Маало
ЦС09 Скопски Саем
ЦС10 ФАС 11 Октомври
ЦС11 Пивара Скопје
ЦС12 ФОН

Запад
З01 Западен Парк Карпош
З02 Карпош 4
З03 Тафталиџе 2
З04 Источен Парк Карпош
З05 Карпош 3
З06 Тафталиџе 1
З07 Градски Парк
З08 Карпош 1 и 2
З09 Млечен
З10 Северен Буњаковец
З11 Јужен Буњаковец

Исток
И01 Народна Банка на Република Македонија
И02 Олимписки Базен
И03 Црвен Крст
И04 ОУ „Димитар Миладинов“
И05 Маџир Маало
И06 Пролет
И07 Тутунски Комбинат
И08 Северна Железничка Станица
И09 Јужна Железничка Станица
И10 Острово
И11 Мичурин
И12 Алкалоид
И13 Источен Стар Аеродром
И14 Парк Јане Сандански
И15 Јане Сандански
И16 Западен Стар Аеродром
И17 Раде Кончар

Југ
Ј01 Долно Нерези
Ј02 Жданец / Трнодол
Ј03 Козле
Ј04 Капиштец и Западно Водно
Ј05 Водно
Ј06 Црниче
Ј07 ?Улица Железничка?
Ј08 Западна Кисела Вода
Ј09 Сапунара
Ј10 Студентски Дом „Пелагонија“
Ј11 ?Пушкинова?
Ј12 ОУ „Невена Герогиева - Дуња“
Ј13 11 Октомври
Ј14 Расадник
Ј15 Припор
Ј16 Триаголник Цементара
Ј17 Цементара
Ј18 Драчево

Север-Североисток
ССИ01 Јужно Визбегово
ССИ02 Јужно Шуто Оризари
ССИ03 Римски Аквадукт
ССИ04 Нов Чаир / Западен Бутел 2
ССИ05 Стар Чаир
ССИ06 Источен Бутел 2
ССИ07 Железара / Парк Гази Баба
ССИ08 Гази Баба
ССИ09 Автокоманда

Север
С01 Радишани
С02 Радишани - ОУ „Ацо Шопов“
С03 Парк
С04 Сервисна Зона
С05 Сервисна Зона
С06 Западно Шуто Оризари
С07 Мешана Зона
С08 Источно Шуто Оризари
С09 Градски Гробишта
С10 Станбена Зона
С11 Северен Бутел 1
С12 Западен Бутел 1
С13 Југозападен Бутел 1
С14 Трафостаница Бутел 1
С15 Источен Бутел 1
С16 Југоисточен Бутел 1
С17 Рудници и Железарница
С18 Парк
С19 Западно Ченто
С20 Гробишта Камник
С21 Северно Ченто
С22 Источно Ченто
С23 Јужно Ченто

Североисток
СИ01 Индустриска Зона Маџари
СИ02 Западно Маџари
СИ03 Фершпед
СИ04 Металски Завод Тито
СИ05 Мешана Зона
СИ06 Источно Маџари
СИ07 Перо Наков
СИ08 Индустриска Зона
СИ09 Парк
СИ10 Хиподром
СИ11 Парк
СИ12 Железничко Депо Лисиче

Југоисток
ЈИ01 Парк Ново Лисиче
ЈИ02 Ново Лисиче
ЈИ03 Реонски Центар Аеродром
ЈИ04 Парк Лисиче
ЈИ05 Лисиче
ЈИ06 Западно Горно Лисиче
ЈИ07 Источно Горно Лисиче
ЈИ08 Охис

Северозапад
СЗ01 Западно Волково
СЗ02 Источно Волково
СЗ03 Даме Груев - Север
СЗ04 Триаголник Даме Груев
СЗ05 Даме Груев - Запад
СЗ06 Даме Груев - Исток
СЗ07 Парк Лепенец - Запад
СЗ08 Железничка Станица „Ѓорче Петров“
СЗ09 Касарна Ѓорче Петров
СЗ10 Гробишта Ѓорче Петров
СЗ11 Ѓорче Петров - Север
СЗ12 Сервисна Зона
СЗ13 Ѓорче Петров - Северозапад
СЗ14 Ѓорче Петров - Североисток
СЗ15 Ѓорче Петров - Центар
СЗ16 Ѓорче Петров - Индустриска Зона
СЗ17 Парк Лепенец - Исток
СЗ18 Влае
СЗ19 Порта Влае
СЗ20 Хром
СЗ21 Ѓорче Петров - Југ
СЗ22 Источен Сарај
СЗ23 Западен Сарај

Север-Северозапад
ССЗ01 Злокуќани
ССЗ02 Скупи / Зајчев Рид
 
"Turboinhenering" wird die Bushaltestellen in Skopje renovieren.

„Турбоинженеринг“ ќе ги изработи новите автобуски постојки во Скопје

ЈСП ја избра компанијата „Турбоинженеринг“ од Скопје како најповолен понудувач за изработка на новите автобуски постојки што ќе се постават на целата територија на главниот град. Според информациите што ги објави весникот „Дневник“, понудата на оваа компанија изнесувала 983.606 евра, за разлика од второрангираната „Факом“ од Скопје која на електронската аукција понудила сума од 1,7 милиони евра за реализација на проектот. Градот Скопје за изведба на идните автобуски стојалишта ќе му префрли на Јавното сообраќајно претпријатие околу еден милион евра, кои треба наменски да ги вложи во поставување на трите вида постојки. Договорот со „Турбоинженеринг“ ќе се потпише по изминувањето на рокот за поднесување на жалба од страна на второрангираната компанија.


vp%2001.jpg



Македонската метропола ќе ги добие првите 50 автобуски постојки до април 2013 година, а планот на ЈСП е поставувањето на сите 226 објекти за патниците да заврши до крајот на наредната година. Скопската фирма ќе има обврска да изработи 63 единечни и 48 дупли постојки со настрешница, рекламно пано, корпа за отпадоци, клупа, светилки и возен ред на автобусите, како и 115 стојалишта со настрешница, странични стакла, корпа за отпадоци и возен ред на релациите. Настрешниците и рекламните паноа ќе бидат направени од не’рѓосувачки челик и стакло и ќе бидат покриени со лексан.

Во изминативе две години имаше два неуспешни обиди за остварување на проектот по пат на јавно – приватно партнерство. Грчката компанија „Ремеди адвертајзинг“ го потпиша договорот за изведба на постојките во март годинава, но во летните месеци се откажа поради недостиг на финансиски средства за нивна изработка. Откако увиде дека не може да најде приватен инвеститор во проектот, ЈСП – Скопје се одлучи самостојно да ги реализира новите автобуски станици за градскиот превоз. Набавката на електронските дисплеи за информирање на патниците ќе се одвива преку посебен тендер кој треба да се распише во претстојниот период.







- - - Aktualisiert - - -

Das Objekt von Kosmos wird neu ausgebaut und renoviert

Станбено – деловниот комплекс „Космос“ повторно се гради

Градежната компанија „Фине“ денеска постави камен темелник на станбено – деловниот комплекс „Космос“ во населбата Ќерамидница. По минатогодишното уривање на објектот во градба, инвеститорот Фијат Цаноски се одлучи повторно да ја започне изградбата на зданието на истата локација во близина на Универзитетот „ФОН“ [»мапа]. На градежната парцела со големина од околу 20.000 метри квадратни, треба да се издигнат две згради со вкупно 562 станови со различна квадратура од 50, 90 и 105 метри квадратни. Поголемиот објект е предвидено да се простира на површина од 80.000 метри квадратни, додека помалата зграда која претходно воопшто не почна да се гради би имала бруто развиена површина од 40.000 метри квадратни. Според плановите на инвеститорот, комплексот треба да биде завршен до крајот на 2013 година.


stanben%20kompleks%20Kosmos-3.jpg



Во денешната изјава за медиумите Фијат Цаноски истакна дека сите предуслови за стартување на изградбата се исполнети. „Одобрението за градба го имаме, комуналиите се целосно платени и нашите планови се до крајот на идната година објектот да биде изграден. Постапивме по сите решенија и наредби од Општина Гази Баба и објектот го сведовме до бараното ниво“, нагласи Цаноски. Неговите проценки се дека со уривањето на станбено – деловниот комплекс му е нанесена финансиска штета, што тој ја проценува на повеќе од 35 милиони евра. Локалната власт денеска не излезе со соопштение за повторното отпочнување на проектот и за дадената изјава на инвеститорот.


stanben%20kompleks%20Kosmos-1.jpg



Општина Гази Баба пристапи кон уривање на „Космос“ на почетокот од август 2011 година поради отстапување на објектот во градба од проектната документација, со која е добиено одобрението за градење. Градежниот инспектор од локалната самоуправа утврди висинско отстапување од 1,43 метри, како и изведба на армирано – бетонски плочи, парапет и столбови на приземјето, за кои беше утврдено дека се во спротивност со основниот проект. По повод ваквите обвинувања, инвеститорот се одлучи да поднесе тужби против одговорните лица и надлежните органи. Според информациите од компанијата „Фине“, инвестицијата во станбено – деловниот комплекс ќе изнесува околу 35 милиони евра, додека во изведувањето на градежните работи ќе се вклучат 300 лица.
 
Zurück
Oben