Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

These are the Macedonians

Monkeydonian

Gesperrt
silent_people_speak-p000.png


silent_people_speak-p000-xii.png


silent_people_speak-p293.png


silent_people_speak-p301.png


silent_people_speak-p302.png


silent_people_speak-p303.png


silent_people_speak-p304.png


silent_people_speak-p305.png


silent_people_speak-p306.png


silent_people_speak-p307.png


silent_people_speak-p308.png


silent_people_speak-p309.png


silent_people_speak-p310.png


silent_people_speak-p311.png


silent_people_speak-p312.png


silent_people_speak-p313.png


silent_people_speak-p385.png


"The Silent People Speak" by Robert St. John, 1948, pages xii, 293, 301-313 and 385.
 
"First-Class Passenger"
August Mencken, 1938

"These galleyslaves are for the most part the bought slaves of the captain, or else they are men of low station, or prisoners, or men who have run away, or been driven out of their own countries, or exiles, or such as are so unhappy that they cannot live or gain a livelihood ashore. Whenever there is any fear of their making their escape, they are secured to their benches by chains. As a rule they are Macedonians, and men from Albania, Achaia, Illyria and Sclavonia; and sometimes there are among them Turks and Saracens, who, however, conceal their religion. I never saw a German galleyslave, because no German could survive such misery. They are so accustomed to their misery that they work feebly and to no purpose unless someone stands over them and beats them like asses and curses them."

Quelle: The Book of the Wanderings of Felix Fabri (Circa 1480-1483 A.D.) trans. Aubrey Stewart. 2 vols. London: Palestine Pilgrims' Text Society, 1896.

0000.png

IVZ
0000-1.png

Seite 313
0313.png

Seite 317
0317.png
 
Dragan aus Ohrid, Mitglied der Crew von Kolumbus

Македонецот Драган од Охрид еден од екипажот на експедицијата на Кристофер Колумбо


Вечерта на 3 август, 1492, Колумбо отпловил од Палос со три бродови, „Св. Марија“, „Ниња“, и „Пинта“.По 29 денови без да видат копно, на 7 октомври, 1492 (запишано во бродскиот дневник), посадата приметила птици како летаат накај запад и веднаш го променила правецот за да ги следат птиците накај копното.

Копното било конечно забележано во 2 по полноќ на 12 октомври од морнарот . Колумбо го нарекол островот „Сан Салвадор“ (денешните Бахами), и покрај тоа што домородците го нарекувале Гуанахани. Островот Сан Салвадор во 1925 бил наречен така бидејќи се верува дека токму тој бил островот на којшто Колумбо прв стапнал на копно. Домородците на кои што наишле, Лукајанците, Таините, или Араваките биле мирољубиви и пријателски расположени.

Колумбо стигнал и до северно-источниот брег на Куба на 28 октомври а подоцна, на 5 декември и на северниот брег на Хиспањола. Таму, на утрото на Божиќ, 1492, „Св. Марија“ се насукал и бил напуштен. Колумбо бил пречекан од домородците кои му дале дозвола да остави некои членови на некогавата посада. Колумбо го основал градот „Ла Навидад“ и оставил таму 39 членови на неговата експедиција
Македонската имиграција започнала во Америка многу порано од почетокот на 20 век. Според информациите на овие книги македонската имиграција во Америка потекнува од времето на Колумбо. Во американската енциклопедија постои доказ дека првиот Македонец кој имигрирал бил Драган од Охрид, кој пловел заедно со Кристофер Колумбо. Имено, постојат две приказни за тоа. Првата приказна е дека Драган бил религиозен еретик кој избегнал прогон од Македонија кој потоа заминал за Шпанија. Подоцна бил откриен и бил осуден на смрт. Кристофер Колумбо го спасил Драган од смртната пресуда која требало да се изврши со спалување. Подоцна тој бил регрутиран за првото патување до Америка. Втората приказна тврди дека Драган заедно со својето семејство бил избркан од Охрид кога бил дете, веднаш кога Турците го окупирале градот. Целото семејство се преселило во Шпанија, каде Драган служел војска и станал омилен војник на кралот, и од каде подоцна отпловил заедно со Колумбо. Според оваа приказна, кога Драган се вратил во Европа, оформил своја експедиција и отпловил со својата посада до Венецуела.
Без разлика дали е првата или втората приказна точна, сепак стои како факт дека Драган од Охрид е првиот Македонец што стапнал на американското копно.

Откриени се три документи од 15 век, во кои е споменато дека во првата експедиција на Колумбо имало и еден охриѓанец. Документите всушност претставуваат приватни писма напишани од француската грофица Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон, која била современик на тие настани. Таа била сопруга на чешкиот кастелан Витаслав Галас, со кого во периодот од 1491 до 1509 година, престојувала на дворот на шпанските владетели Фердинанд и Изабела, т.е. на владетелите кои ги финансирале патувањата на Кристофер Колумбо за Америка. Мари-Мадлен Сан Жозеф де Поасон во тоа време се допишувала со својата братучетка од Париз, војвотката О'Конел. Како дворјанка на шпанскиот двор, грофицата Мари-Мадлен на својата братучетка ѝ пишувала за сето она што тогаш се случувало во Шпанија, вклучувајќи го и откривањето на Америка од страна на Колумбо. Во времето кога Иван Мазов го вршел своето истражување, писмата што ги пишувала грофицата Мари-Мадлен биле во сопственост на тогашниот жител на Чехословачка по име Крамарич.

Во три свои писма грофицата Мари-Мадлен пишува за некој морнар по име „Драхан да Лихнида”, кој бил член на екипажот на Колумбовиот брод „Пинта”. Всушност тој бил топџија на бродот. За прв пат грофицата го споменува „Драхан” во своето писмо од 25 април 1493 година. Во ова писмо таа најпрво пишува за почестите и за одликувањата што ги примил Колумбо (во писмото наречен Кристобал Колон, според шпанската варијанта на неговото име) за време на својот прием кај шпанските крал и кралица. Притоа Мари-Мадлен пишува: „Кралот и кралицата во Кала Анка го примија Кристобал Колон, кој се врати по 224-дневното најсмело пловење во историјата на човештвото и го засипаа со почести затоа што Кристобал Колон убедливо и сликовито го опиша и оцени своето големо пловење”. Во продолжение таа пишува дека Колумбо бил удостоен со титулата „Адмирал и вицекрал на новооткриените земји”. Потоа грофицата пишува дека таа и нејзиниот сопруг лично се запознале со Кристофер Колумбо во дворецот д'Акоста. Во врска со ова таа пишува: „Сите ние се распрашувавме за походот, за непознатите земји, а потоа и за морнарите што биле оставени во ла Испањола (Америка)”. Во своето писмо од 23 април 1493 година грофицата Мари-Мадлен пишува дека за време на нејзината средба со Кристофер Колумбо и со дел од членовите на неговиот екипаж, еден од присутните гости на шпанскиот двор го обвинил Колумбо поради тоа што оставил четириесетина свои морнари сами во туѓата земја (Америка). Дворјанинот го прашал Колумбо како можел да остави „грст бели луѓе во туѓа непозната земја”. На ова еден од офицерите на Колумбо по име Хуан де ла Коса му одговорил на загрижениот дворјанин : „Вие заборавате дека за Индијанците белите луѓе што ги оставивме претставуваат синови на небото, затоа што ние им покажавме дека можеме да владееме со громот и со огнот.” Поддршка на Колумбо дал и еден од кормиларите на неговата експедиција, кој рекол: „Адмиралот (Колумбо) го вооружи логорот со топови од 'Санта Марија' и го остави за нив да се грижи мојот морнар Драхан да Лихнида, еретик, албигоец, кој во Саламанка ќе беше изгорен на клада, ако не беше спасен од Колон (Колумбо). Самиот капетан Мартин Алфонсо го ценеше многу...”

Кристофер Колумбо се вратил во Шпанија, оставајќи на американското копно четириесетина свои морнари во логорот (утврдување) што го нарекол Ла Навидад. Практично тоа била првата европска населба на тлото на Америка. На обвинувањата против Колумбо за овој негов потег, кормиларот на Колумбо застанал во негова одбрана при што рекол дека нема причина за страв затоа што логорот е обезбеден со топовите од бродот „Санта Марија” и дека за нив се грижи Драган од Лихнида. Ова значи дека жител на првата организирана европска населба во Америка бил и Македонецот Драган од Охрид. И не само тоа и тој бил првиот човек на вооружените сили на првата европска населба во Америка.

Грофицата Мари-Мадлен и овојпат нуди податоци кои драстично можат да ја променат досега познатата историја за Кристофер Колумбо. Таа тврди дека двајца морнари го преживеале нападот на Индијанците и дека еден од нив бил токму Драган од Лихнида. Сето ова таа го напишала во своето писмо од 20 август 1496 година. Таа таму објаснува дека самата добила писмо од член на втората експедиција на Колумбо, опатот Лос Касос. Овој опат ѝ напишал на грофицата Мари-Мадлен дека тој лично разговарал со Индијанецот Каонабо, кој бил предводник на индијанскиот напад врз логорот Ла Навидад, а подоцна бил заробен од членовите на втората експедиција на Колумбо и бил доведен во Шпанија. Во Шпанија заробениот индијански водач Каонабо потврдил дека во жестоката битка за логорот, најголем дел од морнарите биле убиени, но дека двајца од нив се спасиле. На прашањето кои биле тие двајца, Индијанецот рекол дека едниот се викал Диего (всушност тоа бил лекарот Диего), а другиот го опишал со името „Големиот Аран”. Притоа рекол дека „Големиот Аран” имал „златна брада” и дека бил „господар” на „громот и молњата” со кои убил многу Индијанци. Од описот што го дал Индијанецот, на сите им станало јасно дека тоа бил токму Драган од Лихнида. Имено, токму тој одлично ракувал со огненото оружје (топовите), што се поклопува со зборовите на суеверниот Индијанец дека „Големиот Аран” бил „господар” на громот и на молњата. Индијанецот раскажувал и дека „Големиот Аран” (Драган) успеал да ликвидира повеќе Индијанци за време на нападот на логорот. Индијанецот уште раскажал дека Индијанците го сметале Драган за натприродно суштество, затоа што (цитат): „слегол од небото ... и ги потчинил под себе богот на молњата и на громот” (мислејќи на огненото оружје со кое дејствувал по Индијанците). Значи, од ова писмо на грофицата гледаме дека Драган бил висок човек (поради што го добил прекарот „големиот”) и дека имал руса брада (од Индијанецот опишана како „златна брада”).

Што се случило со Драган и со неговиот другар лекарот Диего по нападот на Индијанците и по нивното бегство од уништениот логор Ла Навидад? Звучи неверојатно, но грофицата успеала да дознае уште еден податок за нив, што го пишува во едно свое подоцнежно писмо, испратено од Кастилија. Во ова писмо таа ја пренесува изјавата на капетан Хуан Мартис, кој исто така престојувал во Америка и кој подоцна се вратил во Шпанија. Пред Судот во Шпанија овој капетан се заколнал дека сретнал двајца белци со свои жени и деца, од кои едниот се викал Диего, а другиот го викале „Големиот Аран”. Тој нив ги видел во близината на денешна Богота, Колумбија. Поради фактот што капетан Мартис ја споменува територијата на денешна Колумбија, може да се претпостави дека Мартис престојувал во Америка за време на третото патување на Колумбо во 1498 година. Тоа значи дека Драган од Охрид, не само што бил жив цели шест години по своето пристигнување во Америка, туку и дека веќе имал оформено свое семејство.

Но, дали и денес постојат индијански легенди во средна и во јужна Америка за „Големиот Аран”, кој бил господар „на громот и на молњата.

К. Л.

Извори

• „Колекција на информации за историјата и културата на Македонија” - Џејмс Николоф
• „Прошетка низ историјата” - Роберт Каплан
• „Јужно-словенска имиграција во Америка” - Џорџ Прпик
 
Der Brunnen an sich sieht ja gut aus, nur passt er einfach da nicht hin.
Liegt warscheinlich daran das er einfach am falschen Ort steht.
 
"ZA MAKEDONSKITE RABOTI" bald auch auf deutsch!


ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖЕН ПРЕВОД НА КАПИТАЛНАТА МАКЕДОНСКА КНИГА

"За Македонцките работи" на Мисирков ќе ја читаат Германци!

Преводот на ова дело е од врвниот познавач на македонистиката, германскиот професор Волф Ошлис, односно човекот кој во Германија го застапува ставот дека македонскиот јазик е мајчиниот јазик на Кирил и Методиј!

48161FC4E92CC846837635D6BEB0463E.jpg
Деновиве се појави, веројатно, еден од поважните преводи во македонската историја - капиталната книга од Крсте Петков Мисирков, За македонцките работи" излезе на германски јазик! Исклучително важниот превод на ова дело го изработи врвниот познавач на македонистиката, германскиот професор Волф Ошлис, односно човекот кој во Германија го застапува ставот дека македонскиот јазик е мајчиниот јазик на Кирил и Методиј! ВЕЧЕР прв објави дека книгата ја превел уште во осумдесеттите години, ја донел во Македонија, но никој не го поддржал неговиот проект се досега, кога Министерството за култура ја финансираше, а "Македоника литера" ја објави.
За македонцките работии е едно од делата што се посебно значајни за македонската самобитност и за македонската афирмација и несомнено е дека објавувањето на ова дело на други јазици е од исклучително значење за афирмација на историската вистина за Македонија. Тоа има фундаментална улога во самосознанието и самоорганизирањето на македонскиот народ во борбата за сопствен национален развој и сопствена држава.", велат од издавачот.
Преведувачот проф. д-р Волф Ошлис е познат македонист, славист, политички научник, новинар и експерт за Источна Европа. Ошлис е коавтор на првиот Учебник по македонски јазик (со Вера Боиќ) објавен во надвор од границите на поранешната Југославија (1984, преобјавен во 1996), а кој Ошлис целосно го преработи, дополни, го збогати со обемен вовед и го објави во 2007 година. Автор е на неколку книги објавени во Германија, меѓу кои Македонија 2001 - 2004: Воен дневник од една мирна земја" (2004), на студијата Македонија" во серијата Студии за земји" (2004), како и книга за Мајка Тереза (2009).
Ошлис, меѓудругото, досега превел и повеќе дела од македонската литература на германски јазик. Тој е редовен учесник на Летната школа и на научниот собир на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, на научни собири, организирани од МАНУ и од други научни институции во Република Македонија, но учествувал и на славистички собири во светот, каде што настапувал со реферати на македонистички теми. Тој е и почесен доктор на науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Добитник е на годинашната награда Духовен воин, што ја доделува меѓународната манифестација Македонски духовни конаци".
Македоникаа деновиве ќе објави и авторска книга на македонски јазик на проф. д-р Ошлис, која содржи четириесетина студии, статии и други прилози за Македонија. (Де.Т.)

Стара географска карта на Македонија од 18 век
На корицата е објавена стара географска карта на Македонија од околу 1750 година изработена од Антон Бишинг, а картата е една од многуте од колекцијата на Ошлис на стари германски карти за Македонија.
 
55. Todestag von M.A. Cento

55 години од смртта на М.А. Ченто


Пред 55 години на денешен ден почина еден од најголемите борци за самобитноста на Македонија и борец за правата на Македонците во модерната историја, Методија Андонов – Ченто. Во неговата борба за неговата земја тој направил многу за да неговата земја биде ослободена од било каква надворешна контрола.

Методија Андонов Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 - 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја.
Неколкуте вакви негови изјави, биле рапортирани во Белград и биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.
За време на извршување на својата фукнција, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите.
Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција. На 8 август против него е покренат обвинителен акт, а на 19 ноември е изведен пред суд.
Пуштен е условно на 4 септември 1955 година, по одлежани 9 години и 4 месеци затвор. Сепак затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Бара од Тито да му дадат пасош за да отиде да се лечи во Швајцарија, но бил одбиен.Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп. И по излегувањето од затворот не се откажал од идеите на самостојна и обединета Македонија.
Ченто бил претседател на Президиумот на АСНОМ и често се именува како прв Претседател на Македонија.
 
Zurück
Oben