Zoran
Μακεδоν τ
So wird die neue makedonische Philharmonie aussehen:
TIME.mk - ???????? ?? ?????
КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВАТА САЛА НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА?
По успешното проектирање на надворешниот изглед на новата концертна сала на Македонска Филхармонија чија градба е започната и е во зрела фаза од процесирање, „Македонија проект“ започнува со проектирањето и на ентериерот на Филхармонија.
![]()
Комплексноста на стилот надворешната архитектура ќе претставува основ за проектирањето и на внатрешноста, но сепак појдовна и клучна позиција за овој проект ќе претставува просторната акустика, елемент кој е од суштинско значење за улогата на институцијата.
![]()
Поаѓајќи од потребата за амбиент со безпрекорна акустика која е од значење не само за публиката туку и за музичарите, тимот на Македонијапроект започна со почетните фази од проектирањето на ентериерот. За оваа цел, тимот посети неколку Филхармонии и концертни сали во Европските метрополи, каде одблизу се запозна со поставеноста и структурата која произведува одлична акустика.
Од „Македонија проект“ изјавуваат дека стилот на ентериерот ќе биде асоцијативен на надворешноста, будејќи за нијанса повеќе модернистички асоцијации.
![]()
Авторот на идејниот проект, Виктор Михајлов изјави дека концертната сала ќе има капацитет од 900 седишта, површина од 1120 м2, со функционална поделба на три нивоа на седење: 2 партер и галерија итегрирани во една целина.
Директорот на „Македонија проект“, Никола Мемов, изјави дека македонскиот филхармониски оркестар и македонската публика ќе добијат концертна сала од највисок ранг, која ќе претставува вистински одраз на македонската култура и уметност.
TIME.mk - ???????? ?? ?????