Černozemski
Македон&
Opstina Centar bekommt ein neues Hotel.
???????? ????? ?? ????? ????? ?? ??????„Амадеус груп“ ќе гради хотел во Центар
„Амадеус Груп“ ДООЕЛ Скопје понуди највисока цена за државното градежно земјиште наменето за изградба на хотелски комплекс во општина Центар, на денешното јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски. За парцелата од 4.090 метри квадратни, предвидена со Детален урбанистички план за „Централно зеленило покрај река Вардар–Парк 2“, „Амадеус груп“ понуди 5.000 денари по метар квадратен или вкупно 20.450.000 денари. Почетната цена изнесуваше 61 денар за метар квадратен.
Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од наддавањето да ги уплати парите согласно постигнатата крајна цена, по што министерот за транспорт и врски склучува договор за оттуѓување на земјиштето. Со договорот, купувачот се обврзува во рок од 30 дена од потпишувањето на договорот да го достави кај нотар заради солемнизација и во рок од 12 месеци од тоа да обезбеди одобрение за градба на објектот, согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е оттуѓено.
Во спротивно, договорот еднострано ќе се раскине и 20 проценти од вкупната сума од отуѓувањето нема да се вратат на купувачот. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок не подолг од 6 години од добиеното одобрение. Доколку објектот не се изгради во определниот рок по вина на купувачот, договорот ќе се раскине и ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од два проценти од вкупно постигнатата цена на јавното наддавање за предметното земјиште за секој изминат месец.