Македонци претепани во автобус број 57
Македонија | 8. март 2012 - 10:56
Група лица од албанска националност претепале возач и патници во автобус со број 57.
http://www.time.mk/read/0053af4966/ee57b264a1/index.html
Ноќеска околу 00:40 во Скопје на улица Цветан Димов на автобуската станица спроти трговскиот центар Чаирчанка во автобус на ЈСП со број 57 се качиле две лица од албанска националност и физички го нападнале Пеце.Н. Го удирале и го влечеле но не успеале да го извлечат од автобусот кој веќе почнал да се движи.
Напаѓачите со тврд предмет искршиле две стакла од задната врата.
По автобусот почнале да трчаат 10тина лица од кои едниот успеал да се качи и да го нападне возачот. Откако го сопрел автобусот влегле и останатите 10тина лица и почнале да го демолираат возилото.
По инцидентот со телесни повреди на клиника се јавиле 36 годишниот возач Васил Д. кој е задржан на лекување и 22 годишната патничка Катерина Д.