Zoran
Μακεδоν τ
Drei Makedonier in Tetovo am helllichten Tage angegriffen und bedroht: "Jetzt bringen wir euch um weil ihr Albaner in Skopje prügelt"
http://www.time.mk/cluster/ac7d886c...ve-ubijam-zosto-tepate-albanci-vo-skopje.html
http://www.time.mk/cluster/ac7d886c...ve-ubijam-zosto-tepate-albanci-vo-skopje.html
Пресс 24 пренесе шокантна сторија од Тетово: „Сега ќе ве убијам зошто тепате Албанци во Скопје“
????? 24 ??????? ???????? ??????? ?? ??????: ????? ?? ?? ?????? ????? ?????? ??????? ?? ???????
Тетовската полиција информираше дека попладнево околу 12.30 часот двајца непознати тетовци од албанска националност нападнале беровец, скопјанец и тетовец сред Тетово, објави предмалку Пресс24. Според информациите на порталот, 27-годишниот беровец Љупчо А., 30-годишниот скопјанец Владимир К. и 59-годишниот тетовец Томе С. пријавиле во полиција дека улицата 29 Ноември во Тетово, додека се движеле со комбе, патот им го попречил автомобил марка „опел кадет“ во кој имало двајца Албанци.
Според информациите на Пресс24, возачот на автомобилот излегол од возилото, ја отворил вратата од комбето и им се развикал на патниците во комбето.
-Сега веднаш ќе ве убијам. Ова е освета зошто вие скопјани ги тепате децата Албанци во Скопје. Уште еднаш да не ве видам овде. Вие сте к..ви македонски, ви го е.ам крвот македонски. Во Тетово не можете да влезете повеќе – рекол насилникот, пренесе порталот.
По ова, напаѓачот го фатил возачот за појас и се обидел да го извлече од комбето, а почнал и да удира по надворешноста на возилото. Нападнатите забележале дека напаѓачот имал пиштол на појасот. За среќа, не дошло до поголем инцидент.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


