Нарушувања на јавниот ред и мир во Радишани
Објавено: пред 16 минути (Vor 16min aktualisiert!)
TIME.mk - ???????? ?? ?????
По синоќешното убиство на пет лица во атарот на село Смиљковци, денеска од страна на група граѓани беа блокирани сообраќајници во реонот на населбата Радишани, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во текот на денот регистрирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир при што беа оштетени автобус на ЈСП број 57 на улица Радишанска, и три патнички моторни возила марка Опел Аскона, оштетено на улица Љуботенски Пат во населба Радишани, Форд Мондео, како и Фиат Панда (сопственост на телевизија 24 Вести) и двете на улица Бутелска во близина на последната постојка на автобус бр. 57.
При оштетувањето на службеното возило на спомената телевизија од искршените стакла е повреден камерманот И.Р. кој седел во возилото. Од страна на СВР Скопје во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случаите.
Инаку, 24 Вести извести дека револтираните жители ја нападнале нивната новинарска екипа, им ја искршиле камерата и им го демолирале возилото.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, изјави дека полицијата прави напори да се смири состојбата.
- Правиме напори да се смири состојбата и изразите на солидарност со семејствата на жртвите да поминат колку што е можно помирно и без натамошна ескалација на настаните, рече Јанкулоска, нагласувајќи дека присуството на полицијата на терен дополнително ќе биде зголемено за престојните празници на кои вообичаено има јавни собирања, со цел да не дојде до понатамошна ескалација на настаните, изјави таа.
Во населбата Радишани денес во еден момент на улиците излегоа околу 1.000 лица на протест, а дел и да искажат сочувство за жртвите. Полициски единици се распоредени во населбата, а најавено е и зголемено присуство на полицијата во текот на празникот.