[h=1](OБНОВЕНО) Состојбата тензична: Насобраниот народ се упати кон Бит пазар, полицијата немоќна[/h]
- Објавено: пред 36 минути
- Прочитано: 10432
Полициските специјалци не и дозволија на масата народ да се упати кон Бит пазар, ги блокираше приодите, а според нашиот репортер повредени се и неколкумина од оние кои протестираа. Сега тие во толпа се упатиле кон центарот на градот, поточно кон популарниот Рекорд. Како што јавува нашиот репортер камења „фрчат“ од сите страни и во моментов е тешко да се каже дали има повредени цивили и полицајци.
Малолетниците и тинејџерите кои до пред малку протестираа пред Владата се упатија кон Бит пазар, а полицијата, според нашиот репортер, е немоќна да ги следи. Репортерите и камерманите од медиумите мораат отстрана да го следат настанот, затоа што масата народ не е расположена кон нив. Ситуацијата е напната и тензична. Со нови информации нашиот репортер ќе се јави повторно.
ПР/ВЃ