Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Welche Länder erkennen die Republik Makedonien unter ihren richtigen Namen an?

an alle fyromer freut euch nicht zu früh auf der seite hat ein Fyromer rumgewurstet aber es wird wieder der richtige Name eingefügt F.Y.R.O.M.
auf der offiziele seite FIBAs steht überall das F.Y.R.O.M noch

ihr machts aus jedem Pfurz ein Sieg drauß, blindheit schützt vor unwissenheit nicht.


Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
[h=1]Грците во паника: замената на ФИРОМ со МКД е голема победа на Македонија[/h]
03ЈУЛ 201215:18​

Замената на грдиот акроним ФИРОМ како опис на нашата држава со меѓународно признатата кратенка МКД во официјалните документи на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) на предолимпискиот турнир што неделава се одржува во Каракас предизвика панична реакција во јавноста во соседна Грција, која оваа отстапка ја оценува како голема победа на Македонија во борбата за името.
Еден од написите на грчките портали во врска со преименувањето на ФИРОМ во МКД
“МКД, а не ФИРОМ“, се насловите на статиите на голем број интернет-портали кај јужниот сосед, во кои се изразува разочараност од одлуката на ФИБА во официјалните документи и на интернет-страницата македонската кошаркарска репрезентација да ја води со, според нив,„провокативното“ МКД, а не со, повторно според нив, правилната кратеница ФИРОМ. Според овие написи, промената дошла под притисок на македонската страна и дека е срамно што засега нема никаква реакција од официјалните лица што ја предводат грчката кошарка како и грчкото Министерство за спорт.
Во една од статиите објавени во грчите медиуми, а која ја пренесува дописникот на „Нетпрес“ од Атина, под насловот “Патриоти, го губиме името Македонија”, се анализира :
“Полека, полека, ФИРОМ ќе биде заборавено од сите а ’Скопјаните’ во историјата на овој милениум ќе останат запаметени како Македонци“, пишува порталот.
Составот на Македонија пред и по промената на кратенката за нашата држава
Поради проблемот со името и нерезонското противење на Грција, македонската кошаркарска репрезентација во последните 15-тина години игра како безимена односно како единствена што на предната страна од дресот го има само знамето, а не и името на државата како кај сите други селекции. Ваквото решение се прифатќа како компромисно од страна на предводниците на македонската кошарка долг период наназад бидејќи единствена друга опција е на предната страна од дресот да стои грдиот акроним ФИРОМ, кој ниту еден досегашен претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ) не сакал да го прифати. Кошаркарите, сепак, имаат настапувано со името Македонија на дресовите, некаде до половината на минатата деценија, односно додека не станаа конкурентни и не обезбедија пласман на Европското првенство (ЕП) 1999 година во Франција кога почнаа да им бодат во очи на грчките кошаркарски работници, кои имаат огромно влијание во ФИБА-Европа.​
Замената на ФИРОМ со МКД се случи непосредно пред почетокот на квалификацискиот турнир во Каракас и тоа речиси преку ноќ откако во изминативе неколку месеци, по ждрепката за ова натпреварување, Македонија беше именувана со грдата кратенка, која апсолутни никој во државата не ја сака односно признава како своја.
 
Zurück
Oben