Zoran
Μακεδоν τ
Stimmt nicht ganz, gelle!
Das seit Jahren umstrittene Projekt "Skopje 2014", das viele anfangs für einen Witz hielten, hat sich als ein Grundstein der nationalen Politik von Premier Nikola Gruevski herausgestellt. Die Mazedonier hat es in verbissene Gegner des "sauteuren nationalistischen Größenwahns" und Befürworter der "Politik des nationalen Stolzes" gespalten.
Ein namenloser Staat im nationalen Taumel - Mazedonien - derStandard.at
Natürlich gibt es Gegner, ist ja Normal.
Nur warum, weshalb, ist halt die Frage:
Кочо Моцан од кирија заработува 250.000 евра месечно
пред 24 минути
Теми: кирии, пари, скопје 2014, топ
Коментари:
Иако проектот Скопје 2014 предизвика критики кај одреден круг на луѓе, сепак кога подетално ќе се разгледаат севкупните придобивки од овој проект ќе се воочи дека тој на долг рок е и тоа како исплатлив.

Имено, кириите кои државата ги плаќа на приватни субјекти за сместување на државните институции долги години преставувало вносен бизнис за одредени кругови. Тоа доаѓа до израз доколку се пресметаат заштедите кои државата ќе ги направи по основ на кирии со изградбата на новите згради каде ќе се сместат повеќе државни институции, пари кои години наназад се плаќаа на приватни газди.
Упатените во таа проблематика посочуваат дека во минатото не ретко тоа било предмет на пазарење и преговори на одредени кругови на бизнис моќници со челниците на власт.
Конечната изградба на зградите на државните институции предвидени со проектот Скопје 2014 го затвора тоа прашање. Државата ќе стопанисува со зградите кои самата ги гради, но останува дилемата за тоа кој се имал интерес од плаќањето на огромни кирии за нивно сместување и дали тоа било предмет на политичко договарање.
По објавувањето за кириите кои биле плаќани за зградата на министерството за земјоделство, за кои за десет години државата ќе заштеди цели 3.381.700 евра пари на граѓаните кои би отишле како непродуктивни трошоци по основ на кирии, дојдовме до нови податоци.
Според податоците, фирмата Технометал АД на Кочо Моцан, кој во јавноста беше посочуван од одредени кругови за близок до СДСМ и нивен финансиер добивала пари за кирии од три државни институции.
За сместувањето на Финансиската полиција годишно, Технометал добивал нешто повеќе 95 илјади евра по основ на кирии, за зградата на МНР речиси 90.000 евра годишно, како и за сместувањето Бирото за јавни набавки над 65 000 евра. Овие податоци говорат дека Технометал АД на бизнисменот Моцан, само по основ на кирии од три места месечно заработувал околу 250 000 евра. Аналогно на тоа за десет години заработката е нешто поголема од 2,5 милиони евра.
Со проектот Скопје 2014 се предвидени и се во тек на изградба зградите на МНР, Финансиската полиција и Бирото за јавни набавки, со што овие институции веќе нема да бидат кираџии во сопствената држава.
Луѓето од градежниот бизнис велат дека средствата за кирии се пари кои одат во неповрат и се залудно потрошени. Тие додаваат дека новите згради чиј сопственик ќе биде државата и за кои нема да плаќа ќирии сами ќе се исплатат за одреден оптимален период само по основ на заштета.
Со оглед на тоа дека проектот Скопје 2014 е мета на чести критики во јавноста, се отвара дилемата дали зад таквиот отпор се кријат бизнис интереси кои се лично засегнати од неговата изградба?