Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren
  • Ein friedvolles Weihnachtsfest. "Mir Božji Hristos se rodi“
    Wünscht das BalkanForum-Team

Прилеп - Македонија | Prilep - Makedonien

Das Kloster Treskavec bekommt eine Zufahrtsstraße.



Ќе се гради пат до манастирот Трескавец

Министерството за транспорт и врски објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на работи за изградба на пат до манастирот Трескавец, општина Прилеп.
kje-se-gradi-pat-do-manastirot-treskavec-90527.jpg
Како што е предвидено, патот треба да биде долг 7,5 километри и истиот ќе служи за поврзување на манастирот Трескавец со останатата патна мрежа во општината и пошироко. За изградба на овој пат се обезбедени 91.180.000 денари од буџетот на Министерството за транспорт и врски во 2012 година и во развојниот буџет на министерството за 2013 и 2014 година.
Овој проект е поради големиот интерес за посета на манастирот Трескавец во прегратките на грамадните камења на Златоврв вклучувајќи ги црквата Успение Богородично, конаците и трпезаријата, а заради немање никаква комуникација и поврзаност со истите.
Почетокот на патот се наоѓа два километра северозападно од Прилеп на стариот пат за Македонски Брод, непосредно до градските гробишта на Прилеп. Патот е пробиен со тампонски коловоз на првите 700 метри, за да продолжи во пат со земјан коловоз со несоодветни технички елементи по трасата на патот. Првите 3.5 километри поминуваат низ рамничарско ридест терен, за патот да продолжи низ планински терен до самиот манастир кој е непристапен освен за теренско возило. Манастирот е поставен на надморска висина од 1.265м и нуди јасна прегледност над цела Пелагонија, планините Пелистер, Бабуна и Кајмакчалан. Манастирот Трескавец се смета дека е подигнат во 13-от век.
Со изградба на патот се очекува истиот да стане попристапен за верниците од овој крај, но и за туристите кои ја посетуваат Македонија.





 
Prilep bekommt einen nagelneuen und "ultra-modernen" Hauptplatz

[h=1]Видео: Прилеп ќе добие ултра модерен плоштад[/h]
Четврток, 17 Јануари 2013 15:11





[h=2]Се реконструира плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп.[/h]
pp.jpg

Реконструкцијата ќе започне од ул. „Борка Талески“ на потегот од О.У.„Кочо Рацин“ па се до поранешната „Градска кафеана“.
Реконструкцијата на плоштадот е на површина од околу 8.000 метри квадратни и ќе се одвива во три фази.
Реконструкцијата опфаќа замена на постоечкиот плочник со нови мермерни и гранитни плочки, а предвидено е и зголемување на постојните зелени површини, поставување на модерна урбана опрема како и обновување и ревитализација на осветлувањето.
Погледнете како ќе изгледа ултра-модерниот плоштад во Прилеп.

Реконструкција на плоштадот Методија Андонов Ченто - YouTube
 
Prilep bekommt eine futuristische Glaskuppel



[h=1]Ќе се гради Стаклена пирамида на плоштадот Александрија во Прилеп[/h]11.02.2013 0 Коментари

Стаклена пирамида со футуристички дизајн е најновиот објект што наскоро ќе го украси плоштадот Александрија во Прилеп.


Овој современ проект замислено е да има мултинаменска примена па така во него ќе биде сместена современа кино сала со 3 Де проекција, ќе има симулирање на планетариум, а ќе биде користен и за литературни средби, најразлични поетско-драмски читања, потоа како место за културно – книжевни промоции, а и како центар за регистрација на идните брачните парови.


Дизајнот на овој објект замислен е како челична конструкција во комбинација со стакло, а неговиот дизајн ги воодушеви сите љубители на модерната архитектура.

Надворешните пирамидални зидови ќе бидат со димензии 10 x 10 м, а висината 12 м. Внатрешноста на ова мултимедијално плато ќе изнесува 200м2, а ќе се пристапува со скали и пристапна рампа од страната на тротоарот на Булеварот.

Неговата изградба е предвидена за второто полугодие на оваа година.
 
Karneval in Prilep


[h=1]ФОТО: На прилепскиот карневал над 2000 маски[/h]17/03/2013 | Занимливости | 0 Коментари

Над 2.000 маскирани учествуваат денеска на 13. Меѓународен карневал „Прочка 2013. во Прилеп. Повеќе од два часа дефилираа маскираните на булеварот во центарот на градот. Карневалската атмосфера е насекаде во градот. Ечат зурли и тапани, парадираат „прочкари“ стари и млади, со клопоторци и страшни маски се познатите прилепски мечкари, бројни традиционални и модерни маски, ликови од приказните, од секојдневието. Има многу гости, а организаторите се задоволни.

- Многу гости дојдоа и среќни сме што успешно ја продолжуваме вековната традиција во Прилеп. Јас си го најдов својот двојник, маскиран како мене, расположено изјави градоначалникто Марјан Ристески кој за отрворено го прогласи големото дефиле на маскираните.
Тој додаде дека времето помогна и има многу посетители и гости. Присутни се групи од земјава и од Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, а за првпат има гости и од Воден, Грција.

На карневалот гости се и делегацијата на Асоцијацијата на европските карневалски градови предводена од претседателот Ван Дер Крон. – Бевме на три различни карневали. Овој во Прилеп е многу добро организиран и има многу гости, изјави Ван Дер Крон.
Маскираните мечки на прилепскиот карневал се гости за прв пат од Воден Грција. Ѓорѓи Китка од карневалската група е воодушевен од атмосферата. Тие доаѓаат откако деновиве кај нив на карневалски свечености беа „прилепските мечкари“. – Ние сме од Воден. Егејци сме. Десет години на нашите карневалски свечености се маскираме во мечки. Таа ни е позната маска. Овде е убаво, прв пат сме и сакаме пак да дојдеме, вели Ѓорѓи Китка.

Стручното жири ќе ги оцени маските и на најоригиналните и најуспешните поединечни и групни ќе им додели награди. Ќе бидат доделени вкупно 15 награди.
Вечер маскираните и гостите ќе се соберат на заедничка забава под маски. Според адетите помладите ќе појдат кај постарите да побараат прошка. Утре, сите на посна трпеза ќе им бидат гости на касапите, оние кои со векови ја создавале познатата маска прилепски мечкари.



фото: МИА
 
Zurück
Oben