Zoran
Μακεδоν τ
[h=1]Инвестиција од 100 милиони денари за Маџир Маало[/h]06.03.2013 0 Коментари
Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ истакна дека откако го изготви урбанистичкиот план за Маџир Маало, има обврска да ја изгради инфраструктурата со вкупна инвестиција од 100 милиони денари.
- Низ Маџир маало постојат дест улички за кои испланиравме одредени средства, кои предвидуваат изградба на коловоз, на атмосферска и фекална канализација, улично осветлување и урбана опрема. Инвестицијата се движи од 5 до 10 милиони денари за секоја од овие улички.
Ќе се почне со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“, а следна ќе биде улицата „Вардарска“, а како ќе се отвора фронт и градежна сезона се повеќе ќе се навлегува низ другите улички.
-Ќе подготвиме целосна инфраструктура за новите градби веднаш да можат да се приклучат на електрична енергија, водовод, канализација. Вкупната инвестиција што ја предвидуваме е околку 100 милиони денари, истакна Тодоровиќ.
Општина Центар ќе ангажира посебно лице, архитект или правник, кое ќе им помага на жителите на Маџир маало, Дебар маало и Крњево во изготвувањето на документацијата која е нужна за добивање одобрение за градба.