Ники Лауда ќе ја промовира новата нискобуџетна авионска линија Скопје-Виена-Скопје
14.04.2011 - 09:07 |
Поранешниот повеќекратен шампион во Формула 1 Ники Лауда денеска ќе ја промовира новата нискобуџетна авионска линија Скопје-Виена-Скопје, која ќе сообраќа два пати неделно преку авиокомпанијата ФлајНики (FlyNIki), членка на Ер Берлин.
Лауда лично ќе пилотира со авионот на ФлајНики кој денеска првпат ќе слета во Скопје, а со кој е најавено пристигнување на туристи од Австрија.
Австриецот Андреас Николаус „Ники“ Лауда, е сопственик на компанијата ФлајНики која располага со авионите што ќе сообраќаат на оваа линија. Авионот во Скопје ќе слета во 10:50 часот.
Договорот за нискобуџетската авионска линија и за доаѓањето на австриските туристи го постигна МакСан Травел, компанија со австриско-македонски капитал, која се занимава со обезбедување туристички ангажмани за странци во Македонија. Од неодамна компанијата воспостави соработка со турски ТАВ, како дел од стратегијата за заживување на македонските аеродроми.