Du verwendest einen veralteten Browser. Es ist möglich, dass diese oder andere Websites nicht korrekt angezeigt werden. Du solltest ein Upgrade durchführen oder einen alternativen Browser verwenden.
Alte Bilder aus Makedonien - Die Perle der Makedonier
[h=2]Во Кралската национална библиотека на Велика Британија, која располага со илјадници оргинални ракописи од различни епохи на човештвото, се наоѓаат од записи од трагедијата на Титаник, кој потонал на 15 април 1912 год.[/h]
Меѓу прашливите документи се наоѓа и сеќавањето на извесен Сер Самјуел, роден 1854 година, еден од многуте инвеститори за изградба на Титаник, во кој се опишува неговата средба со Ламбе, трговец со луксузна роба кој допатувал од Русија. Записот наведува дека Ламбе бил постар човек со мустаќи и густи веѓи. Во Русија пристигнал од јужниот дел на Балканот, западно од Скопје, близу границата со Албанија. Роден бил во село со развиено сточарство, многу овци и стока која пасела на непрегледни планински ливади. Сер Самјуел детално ја опишал средбата со Ламбе, во која му било понудено некое трајно, тврдо жолто сирење (кашкавал), кое би можело да се најде на трпезата на Титаник. Понудата му била привлечна на Сер Самјуел, па нарачал голема количина од прочуениот кашкавал. Ламбе во истиот момент отпатувал во својот роден крај Галичник. Ламбе на коњи и магариња ги натоварил вреќите со кашкавал, ја преминал Албанија и стигнал во Драч. Од таму со брод се префрлил во Италија, па преку Франција и Ла Манш стигнал во Англија. Во записите на Британците, стои дека 15 тони кашкавал бил складиран на Титаник и бил во ексклузивното мени на бројните салони и тераси. Извор 365.com.mk
[h=2]Еден од попознатите европски фотографи од минатиот век е Германецот Курт Хилшер (Kurt Hielscher: 1881-1948). Тој е автор на илјадници фотографии направени во дваесетите и триесетите години на минатиот век.[/h]
Скопје Хилшер со својот фотоапарат пропатувал низ голем дел од Шпанија (1922), Германија (1924), Италија (1925), Австрија (1928), Скандинавија (1932) и Романија (1933). Неговите фотографии се објавени во своевремено доста популарни книги со архитектонска и пејзажна фотографија како што се „Непознатата Шпанија“, „Германија“, „Данска, Шведска, Норвешка“, „Романија“... За нас Македонците овој човек е значаен затоа што во 1926 година, за време на неговиот престој во тогашното Кралство СХС, преку фотографиите кои ги направил, го овековечил изгледот на повеќе краеви од Македонија во тоа време. Во оваа статија ви претставуваме дел од неговите фотографии направени токму во Македонија, преку кои како со временска машина може да се види како изгледала нашата татковина во дваесетите години на минатиот век.