Србин ја организирал окупацијата на Вол стрит!
Основачот на движењето "Отпор" Иван Маровиќ, кој глобално е позната личност како промотор на ненасилна борба против диктатури, минатиот месец одржал говор пред протестантите во Њујорк. Меѓутоа, некои кругови во САД тоа го протолкувале како директна врска на "Отпор" со организирањето на протестите: "Да го окупираме Вол стрит"!
Американската Влада го ангажирала основачот на српското движење "Отпор" Иван Маровиќ да ги организира протестите на Волстрит за да направи противтежа на влијателното конзервативно движење "Чајанка". Ова го тврдат најпознатите десничарски теоретичари на теоријата заговор од Соединетите Американски Држави и Велика Британија.
Иван Маровиќ, кој глобално е позната личност како промотор на ненасилна борба против диктатури, минатиот месец одржал говор пред протестантите во Њујорк. Меѓутоа, некои кругови во САД тоа го протолкувале како директна врска на "Отпор" со организирањето на протестите: "Да го окупираме Вол стрит"!
Дејвид Ајк, британски публицист, порача дека кој ќе излезе на протест всушност работи во интерес на американската Влада, а конзервативниот радио-водител Алекс Џонсон потсети на наводните врски меѓу ЦИА и "Отпор" во времето на Слободан Милошевиќ. Џонсон напишал дека Маровиќ имал клучна улога и во организирањето на протестите во Египет.
Маровиќ за весникот "Прес" потврдил дека кон крајот на септември бил во Њујорк, но дека нема врска со организирањето на протестите:
"Бев таму во четврток на 22 септември кога на протестите имаше мал број луѓе. Тој ден одржав предавање на Њујоршкиот универзитет, а потоа, организаторите и студентите ме поведоа со себе во Зукоти паркот каде тие протестираа. Бараа од мене да им се обратам и јас им раскажував за важноста од собирања пред симболични места. Исто така дадов интервју за на нив блиското списание "Индепендент" во кое им предлагав како да се постават пред полицијата за да ги смират тензиите. Тоа беше пред месец дена" - рекол Маровиќ.