Mit 2,5 Mio Denar soll die archäologische Stätte
Stibera in Makedonien tourismusreif gemacht werden.
[h=1]Посетителите ќе видат како изгледал градот меѓу две реки[/h][TABLE="width: 890"]
[TR]
[TD][h=4]Во текот на изминатите години голем дел откриени објекти биле разурнати, а конзерваторскиот процес, што го финансира Министерството за култура, опфаќа и нивна делумна реконструкција. Досега е завршена конзервацијата на објектите каде што се одвивале култови кон некои божества, за кои, за жал, нема доволно пишани податоци. Сега се работи на римскиот бедем[/h][/TD]
[TD] [/TD]
[/TR]
[TR]
[TD="align: center"]
[/TD]
[TD] [/TD]
[/TR]
[TR]
[TD]
[/TD]
[TD] [/TD]
[/TR]
[TR]
[TD]Со конзервацијата што е во тек, вредна 2,5 милиони денари, трајно ќе се зачува археолошкиот локалитет Стибера кај селото Чепигово, Прилепско, а наоѓалиштето ќе добие и автентична претстава за туристите и посетителите. По повеќе години, првпат се врши ваква обемна конзервација, со пари од Министерството за култура.
- Конзерваторските работи годинава се финансирани во целост, што е многу важно, бидејќи ќе може целосно да се заштитат новооткриените објекти на локалитетот. Така ќе добиеме неколку дефинирани објекти, кои ќе претставуваат убава слика за Стибера. Посетителите ќе можат да се запознаат со тоа како изгледал градот изграден меѓу две реки, кој опстојувал од третиот век пред нашата ера до третиот век од нашата ера, со тоа дека тука живееле 20 илјади жители, дека имало моќни граѓани и дека Стибера е локалитет каде што се откриени многубројни мермерни статуи од непроценлива вредност - вели архитектот Кире Јованоски, конзерватор-советник од Завод и музеј-Прилеп, раководител на проектот за заштита.
Реконструкција на разурнатите објекти
Според Јованоски, Министерството за култура ги одобрило сите пари што ги побарал прилепскиот завод и музеј за обемните зафати.
- Се конзервира или се зачувува сѐ што се ископуваше минатите три години во Стибера. Се конзервираат гимназионот, култните објекти, а во моментов се работи на римските бедеми - објаснува Јованоски.
По едномесечната работа во која се ангажирани врвни мајстори-градители, веќе се конзервирани и заштитени објектите каде што се вршеле религиозни обреди, а сега се работи на римскиот бедем.
- Во текот на изминатите години голем дел откриени објекти беа разурнати, а конзерваторскиот процес опфаќа и нивна делумна реконструкција. Досега завршивме со објектите каде што се одвивале култови кон некои божества, за кои, за жал, немаме доволно пишани податоци. Сега работиме на римскиот бедем. Таму бил системот на довод и одвод на вода, кој исто така ќе се конзервира. Тука се откриени сите мермерни наоди што биле фрлани - посочува Јованоски, истакнувајќи дека конзервацијата, која ќе трае до октомври, е единствен исправен начин за заштита на локалитетот.
Мермерните статуи - атракција
Стибера бил антички град со околу 20 илјади жители и својот процут го имал од третиот век пред нашата до третиот век од нашата ера. Во досегашните истражувања на Стибера, кои почнале во 1953 година, откриени се Гимназионот со атриум и проатриум, храмот на божицата Тихе, како и над 30 скулптури и 30 мермерни натписи.
Некои од пронајдените скулптури се наоѓаат пред Владата, а некои од главите се презентирани во новата археолошка поставка во Музејот во Прилеп. [/TD]
[/TR]
[/TABLE]