Černozemski
Македон&
Bulevar Prvomajska.
In Lipkovo haben wir Marmor, da könnte man auch finanzieren in der Nähe von Llojane gibt es ein Bergwerk,still gelegt, wie mir gesagt wurde könnte man dort wieder locker die Arbeit aufnehmen. Keine Ahnung was man da abbauen kann, hab ich vergessen. Im Nordosten muss auch bisschen mehr gemacht werden. Könnte bei der kompletten Verbesserung der Infrastruktur anfangen. In Kumanovo haben wir viele geschlossene Fabriken. Bis auf Zito Mel und Svetlina (von den Österreichern aufgekauft) existiert glaub ich nicht mehr und der größte Kack ist das Zito Mel mehr oder weniger Bajrush Sejdiu gehört (auf anderen Namen).
Ich hab auch gehört das Zelezare in Skopje geschlossen werden soll, keine Ahnung aber ob es stimmt.
Обиколницата околу Арената „Филип Втори“ почна да се градиПосетителите на арената „Филип Втори Македонски“ веќе нема да заглавуваат во прашливи, тесните и испокршени улици околу Градскиот стадионот.
Општина Центар ја започна изградбата на обиколницата, која ќе овозможи полесен пристап на сите возила кои треба да стигнат до стадионот, без оглед дали се работи за ургентни или пак возила кои треба да достават материјали. Бенефит од овој зафат ќе почуствуваат и граѓаните, кои ќе добијат нови пешачки патеки и осветлување.
Во рамки на вкупната инвестиција учествуваат и Град Скопје, АД за изградба и стопанисувње со стамбен и деловен простор и општина Центар, која комплетно ја реализира инвестицијата. -Овој проект го финансираат три институции зашто тој е од особено значење за Скопје и е во функција на арената „Филип II Македонски“. Изградбата на обиколните улици кај стадионот ќе овозможи да се запазат сите стандарди утврдени за ваков тип објекти, односно ќе се овозможи пристап за сите возила што треба да стигнат до стадионот, рече градоначалникот Трајановски.
Градоначалникот Тодоровиќ објасни дека овој проект опфаќа изградба на атмосферска мрежа со должина од 550 метри, коловози со вкупна површина од 14.310 квадратни метри, тротоари со површина од 5.832 квадрати, како и комплетно осветлување.
-Обиколните улици кај арената „Филип II Македонски“ ги градат екипите на градежната компанија „Гранит“, а градежните работи се очекува да завршат за 3 месеци, потенцира Тодоровиќ.
Изградбата на обиколницата чини околу 35 милиони денари.
15.03.2012, 17:16
Два милиона денари за новата црква
Општина Кавадарци од својот буџет одвои два милиона денари за изградба на црквата „Св. Петка“. Претседателот на кавадаречкиот Совет, Илија Тренчев, рече дека со изградбата на црквата Кавадарци ќе добие духовен храм со кој ќе се гордеат не само кавадарчани, туку сите Македонци.
Новата црква се гради исклучиво од камен и е меѓу ретките такви градби во Македонија, а на неа работат искусни македонски мајстори од Мала Преспа. (А.Д.)
Барок-вртелешка кај МЕПСО
Планирано е каруселот да се гради до катната гаража на кејот на Вардар, за која беше избрано идејно решение со неокласична архитектура, а реквизитот само ќе се вклопи во тој амбиент
Доколку шестиот јавен повик успее, покрај Панорамското тркало, во околината на плоштадот Македонија ќе се постави и карусел или кажано по нашки вртелешка, потврдуваат од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Повикот го распишале од претпријатието по налог на градската власт, која за оваа намена им дала и субвенции од 10 милиони денари или 150.000 евра, информира директорот Душан Авировиќ.
Тој не ја соопшти точната локација, велејќи дека таа ќе се знае по завршувањето на постапката. Но сепак наши извори од Градот информираат дека локација, слободна за вакво нешто, е кај МЕПСО, веднаш до катната гаража во изградба. Имајќи предвид дека гаражата е најавено дека ќе биде неокласична архитектура, барок, предвидено е и вртелешката да се вклопи во нејзината околина со стар изглед, карактеристичен за овој тип забавен реквизит. Односно со коњи и кочии.
Неуспешноста на минатите јавни повици директорот Авировиќ ја објаснува со сериозните проблеми со кои се соочиле, имајќи предвид дека во нашата земја не постои фирма-претставник која може да им излезе во пресрет за она што го замислиле. Воедно и еден од условите да дадат аванс од 20 отсто на почеток, а остатокот по испораката. Не се јавила ниедна фирма. Единствено на минатиот тендер интерес изразила една компанија, но оттаму понудиле цена повисока од предвидениот лимит.
- Бевме принудени да ги измениме техничките карактеристики и да побараме електричен мотор со помала моќност - објасни директорот.
Авировиќ рече дека тендерот е меѓународен и ќе трае еден и пол месец, поточно 52 дена. Во условите се бара реквизитот да има декоративен венец, ротирачка платформа, 32 седишта со коњи, кочии и други детали.
Околу обвинувањето на опозицијата дека оваа инвестиција е без согласност од Советот на Град Скопје, тој ги демантираше таквите тврдења, велејќи дека вртелешката била предвидена со Инвестиционата програма на „Паркови и зеленило“, која, пак, неодамна се нашла на дневен ред и била усвоена.
Од Градот не потврдија дека тие се нарачателите на вртелешката, како и на Панорамското тркало. Од одделението за односи со јавност преупатија на надлежните од претпријатието, велејќи дека тие се најзапознаени со она што ќе се случува ако биде избран изведувач за изградба на забавниот реквизит.
Ќе се гради скијачки центар на Галичица
Понеделник, 26 Март 2012 14:16
?? ?? ????? ???????? ?????? ?? ????????
Владата на Република Македонија позитивно одговори на барањето на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) за давање согласност за изградба на скијачки центар на планината Галичица.
Владата го задолжила ресорното Министерство за економија во најкус можен рок заедно со претставници на ХОТАМ да ја проверат можноста за изградба на зимски туристички центар на Галичица, односно идејниот проект што би се реализирал преку формирање јавно приватно партнерство.
Самиот проект за изградба на зимски туристички центар е покренат во 2006 година, а предвидува почетна инвестиција во висина од 2,86 милиони евра, за изградба на прифатен скијачки центар со сета потребна инфраструктура за зимски туризам и три локации за ресторани од монтажен карактер.
Предвидено е в среда во Охрид да се одржи состанок на членовите на ХОТАМ, на кои ќе се разговара за нивната заинтересираност за реализација на тој проект.
Инаку, со својата местоположба како и поволните временско-метеоролошки услови Галичица пружа идеални услови за развој на туризмот, и тоа преку целата календарска година. Особено се добри условите за развој на зимскиот туризам, за кој од ХОТАМ сметаат дека би придонел за поголем економски развој, би овозможил директна егзистенција на одреден број граѓани и би ја збогатил целокупната туристичка понуда во Охридско-преспанскиот регион, но и продолжување на туристичката сезона за 60 до 70 дена.
Во 70-те години на минатиот век на Галичица имаше еден стар сместувачки објект изграден во планинарски стил со 120 легла. Во тој период беше направена и ски-патеката, а од страна на туристичките агенции беа поставени и два монтажни ски-лифтови, со што во едредени викенди на Галичица имаше и до илјада посетители дневно, а се одржаа и неколку велеслаломски трки во рамки на тогашното републичко првенство. Иако со одлука на тогашните општински институции согласно одобрениот план на Дирекцијата за просторно планирање во 1977 година беше одобрен Основниот урбанистички план за изградба на Спортско-рекреативен центар на Галичица, иницијативата замре поради еден немил настан кога изгоре бараката на феријалниот сојуз.
Во прилог на иницијативата за изградба на ски-центар на Галичица оди и податокот што речиси постојат сите неопходни инфраструктурни предуслови за негово функционирање, уште повеќе што доколку проектот биде реализиран, Галичица би била скијачки центар со најмала оддалеченост од меѓународен аеродром на Балканот.
Hotel Mariott, Skopje.
Wer baut das geile ding`?
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen