Du verwendest einen veralteten Browser. Es ist möglich, dass diese oder andere Websites nicht korrekt angezeigt werden. Du solltest ein Upgrade durchführen oder einen alternativen Browser verwenden.
Споделете ја веста со Вашите пријатели Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев годинава ќе почне да гради спортски комплекс во Струмица, објави порталот „jugoinfo.mk“.
Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев наесен ќе започне да гради спортски комплекс во Струмица. Овој објект ќе никне веднаш до стадионот „Младост“ и салата „Парк“ пишува порталот „jugoinfo.mk“. Центарот според идејното решение треба да содржи зграда со сместувачки апартмани, базени, теретани сауни и фитнес центар. Комплексот ќе има и фудбалски терен со вештачка трева и трибински простор од 400 седишта.
Инаку идејното решение е направено според италијанските стандарди за изградба на вакви фудбалски комплекси кои треба да служат како за подготвителниот период на фудбалерите така и за одигрување на официјални фудбалски натпревари.
Престојниот период Пандев треба да ги заврши сите административни формалности околу изградбата на овој комплекс, кој ќе биде во функција на спортистите, но и на членовите на Академија Пандев која следниот месец ќе наполни две години постоење, но и за сите фудбалери и фудбалски тимови.
Брегалница во Штип ќе се регулира со каскадни брани
Локалните власти од Штип го претставија проектот „Регулација на речното корито на реката Брегалница со мали каскадни брани“ со кој градот ќе добие среден кеј во централното градско подрачје и ново место за рекреација со патеки за пешачење и велосипеди. „Со новиот проект во склоп на кејот на Брегалница ќе влезат пет мали каскадни брани, со височина од 1,5 метри и широчина до 14 метри. Овие брани ќе допринесат за подобрување на климата во Штип, а кејот на реката ќе се користи и за рекреација и спортување“, истакна градоначалникот на Штип Зоран Алексов. Според проекциите, инвестицијата во една каскадна брана ќе чини од 300.000 до 400.000 евра, поточно 1,5 до 2 милиони евра за реализација на целокупната замисла.
Изведбата на проектот се очекува да започне од следната година, а покрај пешачките патеки со регулацијата на Брегалница ќе се овозможи создавање на рибни патеки, ќе се спречи ерозијата на земјата и поефикасно ќе се дистрибуира водата во летниот период, кога водостојот во реката е минимален. Од локалната самоуправа напоменуваат дека каскадните брани ќе создадат можност за развивање на туризам и риболов во самиот град. Засега не се соопштува од кои извори ќе се обезбедат паричните средства и дали е заокружена финансиската конструкција на зафатот.
Хотелски комплекс и трговски центар ќе се градат кај граничниот премин Богородица
Општина Гевгелија бара купувачи за десет градежни парцели на нејзината територија. Се очекува најголем интерес да предизвикаат двете локации кои се составен дел на Урбанистичкиот план за граничниот премин Богородица. Првата парцела со големина од 31.849 метри квадратни е наменета за изградба на голем трговски центар со површина за градење од 22.600 метри квадратни и со максимална висина од 21 метар, додека втората се простира на 16.244 метри квадратни и на неа може да се подигне хотелски комплекс на површина од 6.509 метри квадратни, со висина од 37 метри. Почетната цена за земјиштето на кое е предвидено да се гради големата трговска единица изнесува 600 денари за метар квадратен или вкупно 19.109.400 денари, додека лицитацијата за втората парцела ќе започне од 223 денари за метар квадратен, односно нејзината минимална вредност е проценета на 3.622.412 денари.
Покрај овие атрактивни локацијии, локалните власти нудат четири парцели со површина од 11.050 до 31.961 метри квадратни за изградба на стоваришта во Негорци по почетна цена од 223 денари за метар квадратен, како и четири градежни парцели со големина од 687 до 776 метри квадратни со намена за подигање на објекти за индивидуално домување во Гевгелија по почетна цена од 61 денари за метар квадратен. Електронското јавно наддавање за земјиштето кај граничниот премин Богородица и кај Негорци ќе се одржи на 31 јули, додека кој ќе ги гради објектите за домување во Гевгелија ќе се знае на 20 јули.
Споделете ја веста со Вашите пријатели
[h=2]Детската градинка што се гради во Реонскиот центар во Аеродром треба да биде завршена до октомври годинава, најавија министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски.[/h]
Според нив, со нејзината изградба ќе се растоварат постојните детски градинки во општината, кои во моментов згрижуваат поголем број деца од дозволениот. - Со изградбата на овој објект ќе се создадат услови да се згрижат и децата кои во моментов не можат да бидат примени во градинките поради недостиг на слободни места. На овој начин ќе се растоварат и сите постоечки градинки во кои се згрижуваат деца во поголем број од дозволениот, рече градоначалникот на општина Аеродром. Со ова се согласува и министерот Ристовски, според кого, потребата од нови слободни места за згрижување деца во општината Аеродром, меѓудругото, произлегува од големиот број млади брачни парови кои живеат во неа. - Со тоа се зголемува и потребата од зајакнување на системот на згрижување деца во предучилишни установи. Со изградбата на новата градинка ќе се намали притисокот што го имаат градинките во општината, рече Ристовски додавајќи дека и натаму ќе се разгледуваат и користат сите можности за развовање на мрежата на градинки. Во насока на подобрување на условите на згрижување на децата во градинките.,министерот за труд и социјална политика потсети и на измените што се прават во Законот за детска заштита. - Една од најзначајните реформи е процесот на лиценцирање кој ќе биде воспоставен во овој Закон. Процесот на лиценцирање на целокупниот стручен кадар во градинките треба да започне до крајот на годинава. Нормално, ќе се имаат предвид годините на стаж и работа со деца од страна на воспитувачките и негувателките, рече Ристовски. Тој додаде дека ќе се воспостави и систем на евидентирање и следење на состојбите во детските градинки. Системот, рече министерот, ќе овозможи родителите да имаат информации за се она што било карактеристично за нивните деца, кои му се сфери на интерес, колку и во што се ангажирало, кон што има афинитети, дали имало некој проблем... Податоците, додаде, родителите ќе ги добиваат по електронска пошта еднаш неделно. Министерот Ристовски најави дека како Влада продолжуваат со реконструкција и изградба на нови градинки во повеќе општини во земјава.