Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Bauprojekte in Mazedonien

Skopje City Mall.

206139_10150891418213095_414726830_n.jpg


city5-moll500.jpg
 
Деловен објект на местото на старата Народна банка.


nb2sk.jpg


nb1gv.jpg
 
Karposh und Vlae werden mit einer neuen Brücke über den Vardar verbunden. D.h. der Ilindenska Boulevard der in Karposh endete geht dann bis Vlae weiter. Somit wird die Partizanska in Zukunft entlastet, über die im Moment der Großteil der Verkehrsteilnehmer den Vardar überqueren.



Нов мост на Вардар ќе ги спојува Карпош и Влае
Во продолжение на булеварот „Илинден" ќе се гради нов мост кој треба да го поврзе Карпош со Влае и Ѓорче Петров
[TABLE="align: left"]
[TR]
[TD]
most-obedineti-nacii-300.png

[/TD]
[TD="width: 10"][/TD]
[/TR]
[/TABLE]
Како што информираат од Градот, мостот е предвиден во стратегијата за сообраќај и е во постапка на реализација на булеварот Илинден.

- Мостот на булеварот Илинден и поврзувањето со булеварите Црна Гора и Словенија е составен дел на Генералниот урбанистички план 2001-2020 година. Секторот за планирање и уредување на просторот во соработка со Секторот за сообраќај, има изработено идејно сообраќајно решение, но, поради тоа што на самата локација за мостот ЈП „Водовод и канализација“ има бунари кои со идните градежни зафати би биле загрозени. Конечниот профил на булеварот Илинден зависи од сообраќајното решение на ГУП-от кој е во фаза на измена - информираат од градската власт.

Точното решение и постапката за изработка на проектна и техничка документација ќе биде по усвојување на ГУП-от, а Градот има обврска да ги дефинира профилите на сообраќајните коридори за мостот.
 
Bau boom in der TIRZ Handelszone Bunardzik, entlang der Autobahn Richtung Skopje ab der Maustelle Miladinovci, in der Gemeinde/Landkreis Ilinden.

Градежен бум во Бунарџик


getImageThumbnail.axd

Никола Крстиќ

Бунарџик, полека но сигурно, се полни со погони, а празната полјана се заменува со вистинска индустриска зона. Џонсон Мети и Џонсон Контролс добиваат нови соседи.


Една година по потпишувањето на меморандумот американски Кемет Електоникс веќе почна со пробно производство со 15 работници, дополнителни 30 се на обука во Италија, а конечната бројка треба да се искачи на 200.


„Вашите инвестирања во маркетингот нам многу ни значеа. Првото запознавање на оваа земја ни беше преку Си Ен Ен и така станавме свесни за тоа што го нудите... Кога ги споредивме Бугарија и македонија сфативме дека оваа земја има многу почист статус и стартна точка кога станува збор за можностите кои ги нуди“ рече во емисијата „Од наш агол“ на МТВ, Ден Меклинкок, извршен менаџер на Кемет Електроникс.


Првите гумени профили ќе излезат од производната линија на италијански Технохозе во јули. За вгодина се планира изградба на втор погон, а две години по отворањето на првиот погон, британски Џонсон Мети веќе гради и втор, веднаш до постоечкиот. Откако лани имаа приход од 450 милиони евра, инвестираат 60 милиони за да го удвојат производството на катализатори. На постојните 310 вработени ќе им се придружат уште најмалку 100.


„Условите со кои се соочивме овие 3 години беа добри па затоа имавме многу успешен бизнис и можеме да кажеме дека сме среќни што сме тука“рече во емисијата „Од наш агол“ на МТВ, Џатин Такрар, генерален директор на Џонсон Мети – Македонија.


И рускиот фармацевтски гигант Протек ја привршува изградбата на фабриката, до септември би требало да почне производството во првиот од трите погони.


Црногорски НИН фибер ги вградува машините и опремата. До крајот на летото се планира дневно производство на 20 тони синтетички влакна.


Единствено индиски Мадерсон се уште е во фаза на расчистување на теренот, како и белгискиот производител на автобуси Ван Хул во Бунарџик 2. е во фаза на вадење градежна дозвола, а во меѓувреме го расчистува теренот. Производството треба да почне кон крајот на идната година.


На европската криза треба да се гледа и како на македонска можност за привлекување инвеститори бидејќи компаниите бараат начини да ги намалат трошоците, смета првиот човек на Дирекцијата за технолошко-инустриски зони.


„Без разлика што е криза треба да се продолжи со процесот на промовиорање на државата за правење на сите реформи кои се потребни за подобрување на бизнис амбиентот“ вели Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-инустриски зони.


Се преговара и со повеќе други компании кои ја разгледуваат можноста за инвестирање во Бунарџик и во Македонија.



Со клип, гледајте го! MRT -
 
GTC bekommt eine neue Fassade.

ГТЦ ќе добие нова фасада и надградба

Започна постапката за промена на надворешниот изглед на Градскиот Трговски Центар во Скопје. Раководството денеска распиша конкурс за избор на идејно решение за изградба на петто ниво на објектот и за промена на постоечката фасада. Можноста за добивање нов надворешен изглед на зданието следи по измените и дополнувањата на ДУП „Мал Ринг“, усвоени од Советот на општина Центар на почетокот од февруари годинава. Според објавениот оглас, долго најавуваното дооформување на ГТЦ предвидува изградба на тераса на најгорниот кат, а во распишаниот конкурс не е наведено барање за конкретен архитектонски правец кој ќе треба да се имплементира во идејното решение од страна на архитектите.

GTC%20Pokriv.jpg


Комисијата за избор на победничкиот проект ќе додели прва награда во износ од 108.000 денари, втора награда во износ од 100.000 денари, а ќе откупи и два труда на архитектите во износ од по 50.000 денари. Конкурсните трудови треба да се достават до А.Д. „Градски Трговски Центар – Скопје“ најдоцна до 18 октомври, по што ќе се одлучи каков изглед ќе добие едно од најпрепознатливите зданија во македонската метропола. Архитектот Радомир Лаловиќ, еден од авторите на оригиналното идејно решение за ГТЦ, во изјава за весникот „Вест“ во февруари годинава напомена дека никој не го побарал за совет околу промената на надворешниот изглед на објектот и дека за ваквата иницијатива дознал по објавувањето на измените и дополнувањата на ДУП „Мал Ринг“ од страна на медиумите.







#
Објавено на 14.06.2012 во категорија Вести.

Тагови: ГТЦ, Комерцијални, Конкурси, Мал Ринг, Скопје, Трговски центри, Фасади
 
Zurück
Oben