Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Bauprojekte in Mazedonien

Die Regierung will das Kapital für die Verbesserung der Infrastruktur investieren

ТЕМА: Државата да го вклучи приватниот капитал во подобрувањето на македонската инфраструктура

Алармантните податоци во публикацијата „Транспорт и други услуги“ на Државниот завод за статистика укажуваат на спориот развој на патната и железничката инфраструктура во Македонија. Во периодот од 2007 до 2011 година изградени се само 143 километри нови патишта од сите категории, додека вкупната бројка заедно со реконструираните правци кои добиле нов асфалт и коцка изнесува 367 километри. Владата преку сопствените буџетски средства, општините преку локалните буџети и странските финансиски фондови и организации преку кредити успеале во просек да ја унапредат патната инфраструктура за 28,6 километри годишно, вклучувајќи ги сите магистрални, регионални и локални патишта во земјава. Особено поразителни се бројките за железничката инфраструктура, каде што сме забетонирани на 696 километри отворени пруги изградени во периодот на поранешниот југословенски систем.


Klucka%20Aerodrom%20SKP%200103.jpg



Експертите посочуваат дека државата треба да се насочи кон изградба на нова патна и железничка инфраструктура, но и да посвети повеќе внимание на санацијата на постоечките делници. Патиштата кои се категоризирани како макадам, земјани и непросечени мора да се заменат со асфалт, при што од приоритетно значење се магистралните и регионалните патишта. Покрај обезбедувањето на финансиски средства од државниот буџет и преку заеми од меѓународните банки, централната власт треба да пронајде модели за директно и индиректно привлекување на приватен капитал во развитокот на инфраструктурата, од применување на моделот за јавно – приватно партнерство кај патиштата до овозможување на конкурентност во железничкиот транспорт што би генерирал зголемување на расположливиот капитал на МЖ – Инфраструктура и кој би се насочил кон самофинансирање на идни проекти.

Сообраќајниот инженер Дејан Трпевски напоменува дека за да може македонскиот железнички систем да работи на позитивна нула, потребно е во поглед на зафаќањето од вкупниот обем на превоз да учествува со најмалку 20%. Наспроти ова, уделот на железницата во превозот на стоки во текот на 2011 година изнесувал само 8%. „Железничката инфраструктура не може да се подобрува на секои 50 години со заеми и кредити, туку тоа мора да претставува континуиран процес кој ќе се финансира од остварените приходи на МЖ – Инфраструктура. Не постои логика во подобрување на инфраструктурата доколку во текот на 24 часа по истата таа инфраструктура поминуваат по 1-2 воза. Во таа ситуација и брзините од 50 километри на час се доволни“, вели за „Билд“ инженерот Трпевски. Тој додава дека во европските земји учеството на железничкиот превоз во целокупниот товарен транспорт се движи од 30% до 55%.



 
Гасоводот од Клечовце до Неготино ќе почне да се гради во првиот квартал од 2013 година

Изградбата на гасоводниот правец од Клечовце до ТЕ „Неготино“ ќе стартува со реализација во првиот квартал од 2013 година, а сите подготвителни активности пред почетокот на изведбата на проектот се спроведуваат според планираното. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески на последната владина седница истакна дека 90 отсто од експропријацијата на градежното земјиште за гасоводот е завршена, со очекување дека целокупниот процес ќе се финишира до крајот на декември. Следниот чекор е обезбедување на одобрение за градба на цевководот и на неопходните мерни станици. Сите детали од идниот договор веќе се разрешени со комисијата од руска страна и до крајот на годината или на почетокот од 2013 година треба да пристигне финалната понуда, врз основа на која ќе се потпише договорот за реализација на инфраструктурниот проект.

Магистралниот гасовод во должина од околу 100 километри ќе се изведува како крак од постоечкиот гасовод кај кумановското село Клечовце, преку Штип и Неготино, до термоелектраната „Неготино“. Носител на проектот е руската компанија „Стројтранс гас“, која треба да ги реализира изведбените активности на терен. Првичната финансиска конструкција изнесува 75 милиони долари, од кои 60 милиони долари се обезбедени од рускиот клириншки долг кон земјава, а останатите 15 милиони долари од државниот буџет. Постоечките проценки се дека проектот би можело да се заврши за една и пол година, поточно до крајот на 2014 година.

Во меѓувреме, локалните самоуправи низ кои треба да минува магистралниот гасовод забрзано се подготвуваат за гасификацијата. Општина Штип се одлучи да го формира јавното претпријатие „Енерго – Штип“ како надлежно за оваа намена, кое во наредниот период треба да одлучи која од двете понудени варијанти за гасификација на градот ќе се одбере. Крива Паланка веќе донесе одлука за започнување на постапката за јавно – приватно партнерство при гасификацијата на градот, која би се остварила во соработка со приватен партнер преку спроведување на моделот „изградба – финансирање – стопанисување – пренесување“. Градот Скопје планира да спроведе слична постапка за јавно – приватно партнерство. Во моментов во тек е огласот за пројавување на интерес од приватните инвеститори за гасификација на главниот град. Локалните власти од Куманово и Струмица се решија проектите за доведување на природниот гас до домаќинствата и стопанските субјекти да ги спроведат преку вложување на финансиски средства од нивните буџети.


 
Новиот кеј на Вардар во центарот на Скопје ќе чини над 5,5 милиони евра

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Македонија ја избра компанијата „Бетон“ од Штип за целосна реконструкција на кејот на реката Вардар во строгиот центар на Скопје. Со потпишаниот договор во износ од 342.670.716 денари или над 5,5 милиони евра ќе се финансираат градежните активности кои во наредните 12 месеци ќе се одвиваат на потегот од Камениот мост до мостот „Слобода“ кај новиот објект на Министерството за надворешни работи, во должина од околу 380 метри. Проектот предвидува изградба на нови потпорни ѕидови на кејот, засилување на постоечките ѕидови и изградба на кејни конзоли со кои ќе се прошири партерниот простор пред новоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“. Постоечкото руинирано и затворено шеталиште ќе се прошири и ќе се поплочи со природен камен по целата негова должина.

Most%20Oko%200901.jpg


На кејот е предвидено хортикултурно уредување и поставување на нови канделабри, клупи и придружни реквизити. Идното катче за граѓаните ќе биде збогатено со звучници од кои ќе се пушта свечена музика, која ќе наликува на постоечката атмосфера на плоштадот „Македонија“. Покрај со музичка подлога, јавниот простор е планирано да биде збогатен и со специјални светлосни уреди на новоизградените објекти од проектот „Скопје 2014“. Засега нема информации кога би започнало изведувањето на градежните работи, но сосема е извесно дека довршувањето на двата нови пешачки моста и на новите објекти долж самиот кеј ќе влијаат врз зацртаните активности.

http://www.build.mk/?p=21306
 
in der Zone "Kojlija" werden neue Fabrikien, Gastronomie-Objekte und ein neues Einkaufszentrum gebaut.

Зоната „Ќојлија“ ги отвори вратите за нови фабрики, угостителски објект и трговски центар

Половичен успех на Општина Петровец во продажбата на градежно земјиште во мултифункционалната зона „Ќојлија“. Од 16 огласени, на последното електронско јавно наддавање се продадоа осум градежни парцели во рамките на уредениот простор со вкупна површина од 196 хектари. Огромен трговски центар со максимална површина од 74.194 метри квадратни, голем угостителски објект и шест производствени погони од лесната индустрија ќе се подигнат во наредните неколку години во зоната. На аукцијата се отуѓи земјиште со големина од 278.677 метри квадратни, при што инвеститорот на идниот трговски центар ја купи најголемата парцела со површина од 70.661 метри квадратни. Локалната самоуправа со продажбата во буџетот ќе инкасира 51.937.859 денари или над 840.000 евра, по преточувањето на понудените цени од електронско наддавање во пишан договор со инвеститорите.

Од Општина Петровец се оптимисти дека ќе се реализираат сите проекти на приватните компании. Со последната лицитација, бројот на продадени градежни парцели е се зголеми на повеќе од 60. Оттаму напоменуваат дека интересот за купување на градежно земјиште во зоната „Ќојлија“ во континуитет се зголемува и истата станува атрактивна за домашните и за странските инвеститори. За идните објекти е обезбеден пристап до гасовод, електрична енергија, вода и телекомуникациска мрежа. Мултифункционалната зона е оддалечена од Скопје само 17 километри и е во непосредна близина на аеродромот „Александар Велики“, автопатот и железничката пруга од Коридорот 10.
 
es wird ein schwimmbad in bitola gebaut

Ветувањето за олимписки базен во Битола ќе стане реалност

По спроведениот повик за пројавување интерес од приватните субјекти во јули годинава, Општина Битола денеска објави оглас за изградба на покриен олимписки базен во непосредна близина на спортската сала „Младост“ кај градското шеталиште. Проектот е планирано да се гради по пат на јавно – приватно партнерство, бидејќи локалната самоуправа нема доволно финансиски средства за самостојна реализација на објектот. На интернет – страницата на Бирото јавни набавки е наведено дека времетраењето на договорот помеѓу приватниот инвеститор и општината ќе биде ограничено на 180 месеци од денот на неговото потпишување. Затворениот базен ќе биде со димензии од 25 метри во широчина и 53 метри во должина, а максималната длабочина ќе изнесува 2,05 метри. Обврска на локалната власт е да го обезбеди градежното земјиште, додека пак идниот партнер треба да одвои сопствени финансиски средства за реализација на проектот.

Најважен критериум при изборот на најповолен инвеститор е бројот на години на важност на договорот за јавно – приватно партнерство што ќе го понуди приватната компанија (70 бода), идејното решение за објектот (20 бода) и рокот за негова изградба (10 бода). Понудите од заинтересираните субјекти треба да се достават најдоцна до 11 јануари 2013 година, за кога е закажано нивното јавно отворање во просториите на локалната самоуправа. Битола во моментов не располага со затворен базен, а единствено место за разладување и рекреација на граѓаните е отворениот базен кај градското шеталиште, кој функционира единствено во текот на летните месеци.

ar_th_bazengen.jpg

 
der Bau der Autobus-Station in Gevgelija hat begonnen.

Започна изградбата на нова меѓуградска автобуска станица во Гевгелија

За два месеци Гевгелија ќе добие нова меѓуградска автобуска станица во непосредна близина на постоечката железничка станица во градот. Објектот ќе се гради на парцела со големина од 2.723 метри квадратни и ќе се состои од билетара и чекална со површина од 60 метри квадратни, пет перони за поаѓање и пристигнување на автобусите, покриен дел со настрешници и паркинг простор за возила. Локалната самоуправа од градот склучи договор со градежната компанија „Еуроинг“ од Гевгелија за изградба на автобуската станица. На тендерот беа доставени две понуди, а во согласност со критериумот за најниска цена беше избрана гевгелиската фирма, која за сума од 11.635.761 денари или околу 190.000 евра треба да го реализира целокупниот зафат.

Општина Гевгелија одлучи со сопствени финансиски средства да ја изгради автобуската станица, откако не успеа да пронајде заинтересиран приватен инвеститор кој би стопанисувал со објектот. Промени претрпе и проектната документација, со што првично планираниот објект со приземје, двата ката и поткровје е заменет со друг проект кој предвидува изградба единствено на затворен простор за продавање на билети и за чекална. На локацијата на досегашната станица во центарот на градот е предвидено да се подигне деловен објект. Од локалната самоуправа објаснуваат дека со реализацијата на проектот Гевгелија ќе добие модерен транспортен центар, бидејќи во близина на идната автобуска е постоечката железничка станица, која наскоро треба да биде реконструирана.


 
Beim "Широк Сокак" in Bitola ,wird das Kino der Brüder Manaki wiederhergestellt


На Широк Сокак ќе се обнови славното кино на браќата Манаки

Локалната самоуправа од Битола се одлучи да го реализира долгогодишното ветување за изградба на некогашното легендарно кино „Манаки“, основано од пионерите на македонската фотографија и кинематографија – браќата Јанаки и Милтон Манаки. Маркантниот објект ќе се подигне на идентичната локација кај ресторан – барот „Корзо“ на Широк Сокак, на која истиот постоел до разорниот пожар и неговото затворање во 1939 година. Општина Битола планира во две фази да го изгради киното „Манаки“. Во првата етапа е предвидено да се изведат 378 метри квадратни од зданието, со реставрирање на некогашната автентична надворешна архитектура, како и поставување на водоводна, канализациона и електрична мрежа во неговата внатрешност. За таа цел, денеска е публикуван оглас за избор на најповолен понудувач што треба да ги изведе градежните активности.

Почетната фаза од овој проект треба да се спроведе во временски период од 12 месеци. Заинтересираните компании се должни да ги достават своите понуди на тендерот најдоцна до 16 јануари, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Во согласност со информациите од општина Битола, старо – новиот објект ќе се состои од киносала со капацитет од 120 седишта, современа опрема за прикажување филмови и музеј посветен на браќата Манаки. Во идното здание е планирано да се одржуваат дел од кинопроекциите што се составен дел од програмата на реномираниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Финансиската конструкција на зафатот ќе се знае по добивањето на понудите од градежните компании. Локалната власт се надева дека и втората етапа од реализацијата на киното „Манаки“ би можела да започне во текот на 2013 година.


Киното „Манаки“ – објект со огромна архитектонска вредност за Битола

Прочуениот објект на браќата Манаки е препознатлив по некогашната извонредна фасада, која сеуште е регистрирана како македонско културно наследство под заштита на Министерството за култура. Според податоците од интернет – страницата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, во 1921 година е организирано првото прикажување на филм под отворено небо на Широк Сокак од страна на Јанаки и Милтон Манаки. Подоцна, тие го градат затвореното кино, во кое првата проекција се одржува на 1 декемри 1923 година. Низ 16 – годишната историја на постоење, објектот во неколку наврати ги менува сопствениците и доживува различни успеси во киноприкажувањето.
 
Zurück
Oben