Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Gruevski: Wir wissen wer wir sind!

Вербата, вистината и правдата секогаш победуваат! Историјата тоа го потврдила безброј пати! Самите одлучуваме, и самите ќе оствариме нови подвизи и успеси. Имајте верба во себе, и во Вашите блиски. Ќе продолжиме да создаваме и да успеваме, треба сите да бидат убедени во тоа!

Да живеат граѓаните на Република Македонија!

Да живее Република Македонија!


Со почит,


Никола Груевски

Писмо на Премиерот Груевски до пратениците од СДСМ
Писмо на Премиерот Груевски до пратениците од СДСМ
 
Greece should accept reality about Macedonia, says Macedonian PM
15 June 2012 | 08:58 | FOCUS News Agency
Home / Southeast Europe and Balkans


Skopje. “There are Macedonians living in Macedonia and they speak Macedonian language. Greece cannot change our identity through blackmailing,” said Macedonian Prime Minister Nikola Gruevski said, as cited by Macedonian Vecer daily.
According to Gruevski, this is a reality, which Greece and Europe should accept.
The Macedonian prime minister remarked further that peace will not set in in the Balkans until the Macedonian issue is closed.
Vecer: Greece should accept reality about Macedonia, says Macedonian PM - FOCUS Information Agency



ГРУЕВСКИ: НИКАКВИ УЦЕНИ НЕМА ДА ГО ПОКОЛЕБААТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!


Европа да им стави крај на битките за Македонија!
Европа да им стави крај на битките за Македонија!
Европа да сфати дека тука постои македонски народ со непоколеблива волја да го задржи тоа што е негово и да не биде сменет неговиот идентитет. Македонците се мирољубив народ, не сакаат ништо туѓо, туку мирно да живеат, рече премиерот Никола Груевски




Во оваа држава живеат Македонци кои зборуваат македонски јазик, постоеле и секогаш ќе постојат и Грците со никакви уцени никогаш нема да можат да го променат нашиот идентитет! Ова е реалноста која и Грција и Европа еден ден ќе мора да ја прифатат, рече премиерот Никола Груевски пред жителите во општина Петровец. Груевски предупреди дека се додека не се затвори македонското прашање и не се прифати оти постои македонски народ, македонска нација и македонски јазик, на Балканот нема да има мир, на што уште пред еден век укажуваа странските дипломати. Но, на многумина им е тешко да ја прифатат оваа реалност, па изминатите стотина години Македонија и македонскиот народ беа жртви на многу војни и крвопролевања со аспирации да се освои оваа земја.


- Европа треба да му стави крај на тоа. Европа да сфати дека тука постои македонски народ со непоколеблива волја да го задржи тоа што е негово и да не биде сменет неговиот идентитет. Македонците се мирољубив народ, не сакаат ништо туѓо, туку мирно да живеат, рече премиерот.


Груевски реферираше и за досега сработеното на полето на евроинтеграциите и за планираните мерки во иднина. Потсети дека по само две години од нивното работење, ги исполниле сите услови за земјата да биде квалификувана за членство во НАТО, за три години ги исполниле сите услови за да ни бидат укинати визите и сите услови за ЕК да објави дека земјава е подготвена да ги почне финалните преговори за полноправно членство во ЕУ.


- За жал, поканата за членство во НАТО и почетокот на финалните преговори за членство во ЕУ се одложија и ден денес се одложени, од причина која вам ви е добро позната. Нашиот јужен сосед не уценува и бара да го смениме името на државата, името на нашиот јазик и името на нашата националност, односно нашиот идентитет. И не само тоа, бараат ново име кое тие ќе го одберат. Ние се спротивставивме на тоа. Ние ветивме во нашата Програма дека на ваков начин, на вакви барања ќе се спротивставиме. Кажавме дека сме подготвени да се најде некое решение, да се најде некој компромис, но не така како што замислуваат нашите соседи, каде сакаат комплетно да го сменат идентитетот на нашата нација и народ, на Македонците, изјави премиерот Груевски.


Груевски вели дека се соочувале и се соочуваат со жесток удар, притисоци, закани и обиди за подмитувања на многу структури, и од надвор, и внатре во земјата кои со задоволство за еден месец би ставиле крај на македонскиот идентитет кога би биле во позиција. Но, за него, единствен начин е да се изнајде решение, кое ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Република Македонија.
 
Die neue Generation(en) Makedonier - Problem für die Nachbarn - Tsunami für die Feinde!


Новиот бран Македонци е цунами за македонските непријатели

24. 06.2012 - 09:59:08

g_makedonsko-zname-int.jpg
marija%20kotovska.jpg
"Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив...ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и ќе го прославуваат македонското име!"


Глигор Прличев, Солун, 1885




Македонија е света земја, бидејќи идеите и луѓето што ќе се родат на ова свето тло имаат потенцијал да се рашират низ целата планета. Затоа Светиот Апостол Павле, со Божја волја, го рашири христијанството низ Европа токму од оваа македонска земја. Затоа се уште не се родил војсководец што го ќе го надмине кралот над кралевите, Македонецот Александар, ниту просветител како солунските браќа Кирил и Методиј – Македонците кои го описменија целиот словенски свет.


Македонија е света земја па затоа нејзините чеда, Македонците, се непокорни и неуништливи. Или како што напиша еден друг голем Македонец, Петре М. Андреевски - “Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“


Колективната енергија на Македонците овој период значително се подига. Македонија еднаш беше на врвот на светот, а откако го допревме дното, сега повторно одиме нагоре. Нема веќе Македончиња. Пораснаа и физички и духовно. Со исправени ’рбети, новите генерации Македонци се цунами за непријателите на татковината. А, непријатели има многу. И надвор, но и внатре. Или како што напиша Гоце Делчев во далечната 1897-ма – “Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот.”


Но, дојде време изродите да платат за предавствата. Пораснаа децата на стечајците. Децата на 200.000 стечајци кои останаа без леб и без здравје благодарение на оние кои се уште, како гладни ненаситни волци, се тепаат за да се вратат на власт во Македонија.


Еден од моите најдраги пријатели е и еден од стотиците илјадници припадници на генерациите кои на своја кожа ја почувствуваа гнилоста на политичката “елита” која во најмрачниот период во модерната македонска историја – криминалната транзиција, безмислосно ја ограбуваше нашата татковина.


“Додека нивните деца се возеа со автомобили, носеа ’бенетон’ блузони, јадеа по ресторани и се фалеа со нивните скапо платени одмори, ние едвај собиравме за автобус и за по една цигара” , раскажува мојов пријател, кој патем, денеска е успешен мултиталентиран млад човек и еден од најголемите интелектуалци кои ги познавам. Вели – “денешниве млади од по дваесетина години не знаат како беше во тоа време”. Навистина, годините им се такви, да бидат бунтовници ама без причина и по автоматизам да му се лутат на системот, а и самите да не знаат зошто. Токму ова гласачко тело е најлесно за манипулација. Но, затоа сме тука ние, медиумите, за да ги потсетиме. Зошто христијански е да простиш, но да заборавиш е - глупоќа.


Ретко кој може да прости, а уште помалку да ја заборави Битола обвиена во црно по самоубиствата поради грабежот на штедилницата ТАТ, кога еден министер во тренерки од тогашната Влада на СДСМ, среде ноќ дојде и си го наполни куферчето и со него, без око да му трепне, ја однесе и иднината на илјадници македонски семејства.


Нема да ви го заборавиме тоа што ни ја ограбивте и осиромашивте татковината, а нема да ви го заборавиме ни тоа што ни ја обезличивте и осакативте. Го продадовте знамето и вековниот кралски македонски симбол - нашето сонце со 16 краци. Се откажавте и од македонското малцинство, од нашите браќа и сестри во соседните земји. И најпосле, вие и само вие сте виновни за срамното ФИРОМ. Пораснаа сите што ги излажавте дека тоа ќе важи само два месеци, па сега, по две децении, кристално јасно ја гледаат вашата монструозна измама. Знаевте дека тоа може да ви пројде само со дрска лага, зошто Македонците своите свети работи не ги ставаат на продажба.

Е затоа сега можете само по дома да си лажете. Зошто за гревовите, Господ ќе ви суди, но се сомневам дека тоа ве засега, оти сите знаеме колку верувате во Господ. Но еден друг суд многу ве боли и тоа не поради совеста туку поради егото кое ви е поголемо од вас, а тоа е судот на народот, на избори.


http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=105097&kategorija=13
 
Zurück
Oben