Zoran
Μακεδоν τ
15 neue Sportplätze bis Ende August. In Shuto Orizari, Gjorche Petrov,Lozovo, Kriva Palanka, Kochani, Kratovo, Pehchevo, Makedonska Kamenica, Karbinci, Probishtip, Berovo, Prilep, Nikiforovo-Mavrovo, Gevgelija und Dojran
Пујовски на увид: Петнаесет нови игралишта до крајот на август
Вторник, 30 Јули 2013 12:27
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски беше во обиколка на повеќенаменските игралишта во општините Ѓорче Петров и Шуто Оризара кои се од Проектот ” Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава”.
Целта на обиколката беше да се изврши увид во напредокот на изведбата на градежните активности на проектот “100 повеќенаменските игралишта “. Од увидот кој го направи директорот Пујовски се констатираше дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба и дека повеќенаменските игралишта во општините Ѓорче Петров и Шуто Оризари ќе бидат готови во предвидениот рок, односно кон крајот на месец август.
Покрај овие повеќенаменски игралишта во општините Ѓорче Петров и Шуто Оризари, кон крајот на август ќе бидат готови и повеќенаменските игралишта во Лозово, Кочани, Крива Паланка, Кратово, Пехчево, Македонска Каменица, Карбинци, Пробиштип, Берово, Прилеп, Никифорово-Маврово, Гевгелија и Дојран, со што ќе се заокружи бројката на петнаесет готови повеќенаменски игралишта кои ќе може граѓаните од овие општини да ги користат и да спортуваат.
Исто така,воведени во градба се и дваесет и две останати повеќенаменски игралишта во дваесет и две општини каде градежните активности веќе започнале да се одвиваат и до крајот на годината се очекува според динамиката на изведба да бидат готови и достапни за граѓаните.
Проектот “Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава” започна со цел да се овозможат услови за спортување на младите на целата територија на Република Македонија со што ќе се влијае во правилниот развој и правилното насочување на младите во животот.