ГРЦИЈА НИ ГО ПРИЗНАВА ЈАЗИКОТ
Македонски на Солунскиот аеродром
На официјалниот сајт на Солунскиот аеродром "Македонија" може да се сурфа на македонски јазик.
Во делот од вебот за резервации на авиокарти
Thessaloniki Airport | SKG Airport | Tickets | | | online, во изборот за приспособување на јазикот на веб страницата, меѓу 20-ина понудени јазици, стои и "македонски" (Macedonia).
Кога ќе се избере нашиот јазик, целиот интерфејс преминува на македонска верзија. Сите опции и категории за пополнување при резервација на картите се на македонски јазик со кирилско писмо.
Не се работи за Гугл превод со мноштво јазички грешки, каков што може да се сретне на многу Интернет сајтови туку за граматички точно средена страница - од изборот на дестинацијата, времето на летање, па сe до изборот на авиокомпанијата и бројот на патници. На македонски јазик со кирилско писмо се дури и деталните објаснувања кои сајтот им ги нуди на патниците што резервираат карти, како што се дали треба да се резервира карта за доенче, што е доенче, кое е непридружувано лице.
На сајтот на Солунскиот аеродром, кој е втор по големина и по промет во Грција, нема ниту фиромизирање.
Кога се внесува дестинацијата до која летате, сајтот дава предлози за да не морате целосно да го впишувате името на градот или на државата до која сакате да патувате. Штом ќе почнете да пишувате Скопје или Охрид, се појавува предлог дестинација SKP Skopje, Macedonia или OHD, Ohrid, Macedonia. Доколку, пак, во полето за дестинација почнете да пишувате Macedonia, не се појавува ФИРОМ или само Скопје туку Skopje, Macedonia. (Е.З.)
МаÂкеÂдонÂÑ�ки на СолунÑ�киот аеродром