Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Macedonian Army | Армија на Република Македонија | Streitkräfte Mazedoniens

Rotkäppchen Talat bei den Macedonian Rangers



[h=1]ФОТО: Како преживуваат македонските „ренџери“[/h]
Петок, 17 Мај 2013 16:05





[h=2]Оваа обука е неопходна бидејќи на припадниците на Полкот за специјални операции им овозможува да се справат со сите потреби во различни временски услови и на различни терени и да се снаоѓаат во природата“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, при денешната посета на Ренџерскиот баталјон кој се наоѓа на повеќедневна обука за преживување во природа на планината Бистра.[/h]
rendz-520.jpg

Воедно, министерот Џафери посочи дека Ренџерите совршено ги имаат совладано своите теоретски предзнаења и техники за снаоѓање и преживување во природа и дека истите целосно ги имаат пренесено и во пракса.
Присутните високи лица од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, меѓу кои и заменикот на началникот на Генеалштабот на АРМ, генерал-мајот Насер Сејдини и Командантот на Полкот за специјални операции, полковникот Павле Арсовски, имаа можност да се запознаат со условите за престојување во природа, но и да пробаат дел од исхраната припремена од Ренџерите.
nova-re.JPG

Оваа обука вклучува поголем број различни елементи, како техники за припрема и поставување на камп, техники за ловење на диви животни и собирање на диви растенија како начин на исхрана и нивно приготвување во природата.
sise.JPG

meso.JPG

grupna.JPG









 
Macedonian police work with Germany, Austria to bust 'Frankfurt Mafia'
13/05/2013
Co-ordinated international police action packs a punch to drug group.
By Marina Stojanovska for Southeast European Times in Skopje -- 13/05/13






Police co-operation showed better results in a fight against organised crime, experts say. [AFP]
The recent arrest of five people in a joint police action targeting a money laundering ring shows the power of a co-ordinated fight against organised crime, analysts said.


Vladimir Pivovarov, a professor in the Faculty of Detectives and Security at FON University, said these co-ordinated actions send a signal of unity and co-operation of the police in the region when it comes to combatting organised crime.


"By arresting [people] in many countries, it is a matter of operative co-operation that includes performers at few levels in this criminal organisation," Pivovarov said.


On May 8th, Macedonia police arrested five people under the ongoing "Dirigent (Conductor)" action, which began in 2010. In co-ordination with German and Austrian police, the action has targeted a group that has been selling narcotics and laundering the money through Macedonian bank accounts.


The ring, dubbed the Frankfurt Mafia, is especially active in the German banking sector and in Vienna.


The cities are at the end of the Balkan Route, along which heroin from Afghanistan is smuggled through Bulgaria, Macedonia, Serbia and other Balkan countries before ending up in Europe's major cities.


After May 8th, the number of people arrested in the latest sting rose to 13.


"The Macedonian police have a role in assisting the Austrian and the German police. The evidence for the detained persons in the case is mostly provided in Germany and in Austria," Frosina Remenski, a professor at ehe faculty of security studies in Skopje, told SETimes.


According to Remenski, international police co-operation enables co-ordinated action in breaking up international criminal networks.


"The fact that foreign citizens are included in transnational organized crime related to drugs is an indicator of the involvement of many people with different roles in the chain of the illegal trade (observers, transporter, receivers, dealers) from many countries," Remenski said.


According to police, the suspects belonged to a criminal group from Veles. Their role was to receive and raise the funds acquired from the sale of heroin, which were sent by the members of the criminal group from Austria, Slovakia and Germany to their personal name through fast money transfer.


In 2010, the co-ordinated action of the Macedonian, the Austrian and the German police resulted in the arrest of 69 members of the group.


According to authorities, the operation was highly sophisticated, comprised of individuals or decentralised cells. Many dealers were unaware of each others' identities and simply received their instructions by phone.


Will co-ordinated police efforts result in less international crime? Tell us what you think in the comments
 
Moderner Schießstand für unsere Bullerei.


[h=1]ФОТО: Полицијата доби модернизирано стрелиште[/h]
Среда, 29 Мај 2013 14:15





[h=2]Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс и советникот за надворешна политика во Европската команда на армијата на САД, Лоренс Батлер денеска го отворија целосно реконструираниот и модернизиран нов објект на наменското стрелиште за лесно оружје во полицискиот комплекс „Ѓорче Петров“ во Скопје.[/h]
strelanje2.jpg

Со овој проект, во вредност од 340 илјади американски долари, обезбедени од Европската команда на американската армија македонската полиција добива нов технички стандардизиран и опремен објект, во кој има три стрелишта. Стрелиште за кавлификации со должина од 25 метри и ширина од 34 метри, тактичко стрелиште со должина од 35 метри и ширина од 30 метри и стрелиште за пушка во должина од 120 метри и ширина од 50 метри.
Стрелиштата се опремени со соодветни наменски мети кои автоматски се управувани преку модередн систем за контрола од две контролни кули. Објектот е целосно опремен и со аудио-видео систем за заштита при користење, како и комплетен систем за осветлување, простории за магацин, за сервис на оружјето...
strelanje-lenta.jpg

Министерката Јанкулоска нагласи дека добиваме современ стрелачки комплекс кој ќе биде во функција на професионалната обука и тренинг на полициските службеници.
- Овој објект е практичен доказ за интензивната меѓусебна соработка на полето на националната безбедност не само како меѓусебна обврска, туку и како израз на искреното пријателство и долгорочно стратечко партнерство етаблирано во билатералните односи меѓу двете земји во изминатите години на македонската самостојност, рече Јанкулоска.
strelanje1.jpg

Ова е чин, потенцира Јанкулоска, сам по себе не говори за нашата решеност да продолжиме со натамошно инфраструктурно и техничко надградување на професионалните потенцијали и способности на припадниците на македонската полиција, туку, истакна, повеќе чин кој по кој знае кој пат, како и сите години наназад конкретно ја демонстрира националната поддршка што македонското МВР, институциите односно макеоднското општество ја има од нашите пријатели од САД.
- Со еден збор поддршка што силно го мотивира и забрзува нашето чекорење кон полноправно членство во евроатлантските асоцијации, изјави минситерката за внатрешни работи.
Амбасадорот Волерс потсети дека во јуни 2011 година Центарот за борба против трговија со дрога на Европската команда на војската на САД го одбра ова стрелиште за реконструкција.
strelanje.jpg

- Стрелиштето ќе им овозможи на сите агенции за спроведување на законот во Република Македонија да спроведуваат тактички вежби во модерни услови. Промовирањето на владеењето на правото е еден од нашите најважни заеднички приоритети и се надеваме дека реновираното стрелиште ќе биде корисно за унапредување на одлуките и ефикасноста во извршвуањето на должностите од областа на спроведување на законот, рече меѓу другото Волерс.
Министерката Јанкулоска и амбасадорот Волерс потпишаа и Меморандум за соработка меѓу МВР и Владата на САД за кристење на стрелиштето за лесно оружје, кое ќе може да се користи за заеднички вежбовни цели, но и конкретни заеднички програми за обука со цел да се зајакнат капацитетите на специјалните единици и другите припадници на МВР.
 
[h=3]Зошто НАТО и забрани на Македонија да ги употребува тенковите Т-72?[/h]

Сите ние кои сме ПРОТИВ влез на Македонија во ЕУ и НАТО, FB страница:


„Зошто НАТО ѝ нареди на Македонија да ги исфрли од употреба руските борбени авиони СУ-25 со изговор дека тие не ги задоволуваат стандардите на НАТО, кога истите тие авиони ги користат армиите на Словачка, Чешка и Бугарија кои се членки на НАТО?

Зошто во 2001 година НАТО ѝ забрани на Македонија да ги употребува тенковите Т-72, кога тие тенкови ги употребуваат армиите на Полска, Чешка и Унгарија кои се членки на НАТО?



Кого штитеше НАТО во 2001 година, и зошто и денес НАТО ѝ забранува на Македонија да ги користи своите авиони за да ја заштити својата територија и своето небо?

Дали НАТО им дава знаци на терористите дека можат слободно да прават што сакаат во Македонија, затоа што НАТО повторно ќе биде на нивна страна и ќе ги заштитува?“​


Игор Божиновски „Македонската армија нема вишок оружје“, Дневник:


„...Од досега презентираните ставови на НАТО може да се изведе јасен заклучок дека на нашата земја најмногу ѝ се забележува за опремувањето на оружените сили со орудија кои покрај за дефанзивни можат ефективно да се користат и за офанзивни воени дејствија. Тука пред се мислам на борбените авиони Су-25, борбените хеликоптери Ми-24, повеќецевните ракетно-лансирни системи БМ-21 и тенковите Т-72.

Оние со добро помнење ќе се сетат дека од сето споменато оружје НАТО најмногу се противеше токму на процесот на опремување на оклопно-механизираните единици на АРМ со тенкови од типот Т-72. Се уште се свежи сеќавањата на силниот политички притисокот кој Западот го вршеше врз Македонија и Украина со цел да ја спречи испораката на споменатите тенкови до македонската армија. Сето тоа се случуваше во време кога Македонија и Украина не беа (ниту пак денес се) под какво било ембарго за трговија со оружје и воена техника.

Дека ставот на НАТО против опремување на македонската армија со тенкови од типот Т-72 нема никаква врска со стандардите на Алијансата стана јасно кога Брисел ѝ "препорача" на АРМ своите нови тенкови да ги стационира што подалеку од невралгичните региони кои во тоа време се уште беа под контрола на т.н. ОНА. Следејќи ги препораките на Брисел, Армијата донесе одлука најсовремените тенкови кои ги поседуваат нашите вооружени сили да бидат стационирани во касарната во Струмица.

Тенкот Т-72 се наоѓа во вооружување на армиите на многу земји во светот, меѓу другите и во оружените сили на Бугарија, Романија, Словачка, па дури и Словенија која поседува најмалку 30 тенкови од типот М-84А, што всушност претставува лиценцно произведена југословенска модификација на тенкот Т-72М. Интересно е што споменатите земји се истите тие кои на претстојниот самит на НАТО во Прага ќе бидат поканети да станат полноправни членки на Алијансата. Што е уште поинтересно, тенкот Т-72 е дел и од вооружувањето на НАТО. Имено, него го поседуваат три земји-членки на НАТО: Полска, Чешка и Унгарија. Овие земји немаат намера да се откажат од тенкот Т-72 во скоро време, за што говори и намерата на Чешката Република да спроведе модернизација на 250 тенкови од типот Т-72, со цел да обезбеди употреба на тоа корисно орудие во наредните дваесетина години.

Сето тоа само по себе говори дека тенкот Т-72 воопшто не е пречка на патот на Република Македонија кон полноправно членство во НАТО. Дури и ако процените покажат дека Македонија поседува повеќе тенкови отколку што реално ѝ се потребни, вишокот тенкови кои би требало да се демилитаризираат треба да се бара помеѓу тенковите на македонската армија од постара генерација и со послаби карактеристики, какви што се немодернизираните тенкови од типот Т-55А.

Примерот со тенкот Т-72 го искористив да го доловам апсурдот кој ги следи "добронамерните" забелешки на НАТО. Тоа се однесува и на другото тешко оружје кое го поседува нашата армија. Имено борбените авиони Су-25 ги има во Бугарија, Словачка и Чешка додека борбените хеликоптери Ми-24 се наоѓаат во вооружувањето на Бугарија, Полска, Словачка, Чешка и Унгарија.“​

- See more at: I, Macedonian:
 
Zurück
Oben