Zoran
Μακεδоν τ
Ministerin Jankulovska und das mazedonische MVR haben einen Gesetzesvorschlag erarbeitet um das Mindestalter für den Führerschein auf 16 Jahre zu senken. Der Entwurf wird vermutlich vom Parlament angenommen.
TIME.mk - ???????? ?? ?????
Als Grund für diesen Schritt, gab Jankulovska an, dass die hohe Zahl der minderjährigen Verkehrsopfer sie zu diesem Entwurf bewogen hat.
In den letzten 10 Jahren gab es in Mazedonien 24.000 Unfälle mit über 1.500 Verunglückten, bei 46.500 involvierte Personen. 10% dieser Personen sind unter 13 Jahre, deshalb kündigte Jankulovska auch eine erhöhte Verkehrsbelehrung an.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=82634
:kosovac:
МАЛОЛЕТНИЦИ СО 16 ГОДИНИ ЌЕ ПОЛАГААТ ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА?!
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека предложени се измени во законот за безбедност во патниот сообраќај, кој веќе е на дневен ред на следната седмица на Владата и со кој се предвидува можноста за добивање на возачка дозвола односно за стекнување на право за управување со моторно возило со навршени 16 години возраст.
-Фактичката состојба во земјата е таква, каде што старосната границата на лицата кои управуваат со моторни возила се спушта се пониско. Ние можеме да го игнорираме фактот дека децата на се помлада возраст се охрабруваат да управуваат со моторно возило, меѓутоа не можеме да го игнорираме фактот дека од ден на ден бројот на жртвите во сообраќајот се зголемува...
Не можеме да го игнорираме фактот дека голем дел од сообраќајните несреќи со последица смрт, се сообраќајни несреќи каде што возилото е управувано од страна на лице без возачка дозвола...
Затоа се одлучивме да предложиме една измена, која не е непозната ниту во регионот ниту во европски рамки, каде што ќе им овозможиме на постарите малолетници на возраст од 16 до 18 години да полагаат за стекнување за да можат да управуваат со моторно возило односно да добијат возачка дозвола, што само по себе значи дека ќе мора да ги научат сообраќајните правила за да го положат тестот и да ја поминат обуката. Тие ќе мора да научат да управуваат со моторното возило, што ги прави побезбедни во сообраќајот, изјави Јанкулоска.
Министерката истакна дека за постарите малолетници се предлага и да биде задолжителна обука која ќе биде со 30 % повеќе практични часови, на што додаде дека покрај тоа се предлагаат и други ограничувања бидејќи се работи за ранлива категорија.
TIME.mk - ???????? ?? ?????
Als Grund für diesen Schritt, gab Jankulovska an, dass die hohe Zahl der minderjährigen Verkehrsopfer sie zu diesem Entwurf bewogen hat.
In den letzten 10 Jahren gab es in Mazedonien 24.000 Unfälle mit über 1.500 Verunglückten, bei 46.500 involvierte Personen. 10% dieser Personen sind unter 13 Jahre, deshalb kündigte Jankulovska auch eine erhöhte Verkehrsbelehrung an.
Алармантно: 24 000 сообраќајки и 1 500 жртви во последната декада во Македонија
“Во Република Македонија во периодот од 2001-та заклучно со 2010-тата година настрадале околу 46.500 лица од кои безмалку 1.500 го загубиле животот! Овој, без дилема, поразителен биланс не е производ на некакви природни катастрофи, туку резултат на приближно 24.000 сообраќајни несреќи што во посочениот период се случиле на патиштата во нашата држава“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Јанкулоска се обрати на меѓународниот стручен собир “Едукација, превенција и етика во сообраќајот на патиштата“ што во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓи Иванов, се одржа на Скопски саем.
Јанкулоска го кажа и податокот дека во десетгодишниот анализиран период повредени се 4230 деца на возраст до 13 години, а 79 од нив ги загубиле животите. Годинава, пак во изминатите девет месеци, четири деца се дел од трагичните жртви на сообраќајни несреќи.
Министерката ги претстави измените во Законот за безбедност во сообраќајот со кои ќе се направи напор да се зајакне безбедноста.
-
Само во минатата година, сообраќајната полиција регистрираше околу 12.500 прекршоци „управување возило без возачка дозвола“. Лицата кои на овој начин управувале возило учествувале во 448 сообраќајни незгоди со потешки последици во кои 18 лица загинале, а 657 биле повредени. Токму во овие показатели, но и во компаративните анализи со европските законодавства лежат и мотивите во нашите намери да предвидиме можност малолетниците со наполнети 16 години да се стекнат со знаење и дозвола под одредени услови да управуваат возило. Веруваме дека е подобро оваа категорија да ја едуцираме, отколку само да ја казнуваме – изјави
Јанкулоска и побара сеопфатен настап на сите фактори во безбедноста на сообраќајот како и потемелно сообраќајно воспитување од најмали нозе./
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=82634
:kosovac: